Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден.
Тропар на светиот апостол Христов Онисим 15 февруари / 28 февруари 2024
Ти, кој од робување на човекот
кон робување на Бога беше приведен
Ти, кој светии послужуваше и незнабожци
во вера спасоносна приведуваше,
Онисиме свети, денес прими од устиве наши
песна благодарна, песна која преку тебе