Слободата што Бог ни ја подарил е Неговиот најголем дар. Но, заедно со слободата доаѓа и одговорноста. Слободата не означува разврат, непромисленост (јас правам што сакам, кога сакам и како што сакам), но најмногу означува одговорност. Како што вели светиот апостол Павле: „ Сè ми е дозволено, но не е сè полезно; сè ми е дозволено, но ништо не сакам да надвладее над мене “.
Бог нè создал и не оставил слободни, затоа што нашето спасение и заедништво со Него не треба да бидат резултат на насилие и притисок, туку резултат што произлегува од нашата слободна волја.
Трите ангели, на кои им укажа гостољубие Авраам, како икона на Света Троица, заминувајќи божем „ги заборавија“ нивните бастуми, покрај Мамврискиот даб.
Нив ги употребуваше Сара како дрва за во огнот, но гореа без да изгорат до крај, па затоа таа ги фрли велејќи „проклети дрва не горат“.
Крф е најсеверниот остров во Јонскиот Архипелаг, втор по големина, а во православниот свет е познат како островот каде што почиваат нетлените мошти на св. Спиридон Чудотворец и св. царица Теодора, поради што голем број на верници го сметаат овој остров за неизбежна дестинација. Не помалку посетен е и манастирот на Пресвета Богородица – Палеокастрица.
Создавањето на Ева од реброто на Адама, исто така, не укажува на подчинетата состојба на Ева (ова подолу ќе стане појасно), туку на еднаквоста на нивните природи. За Адам и Ева да бидат од една единствена плот – Господ не ја користи земјата за создавањето на Ева, како што било со сите животни и со Адама, туку дел од телото на Адама.
На покана на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, на 7 мај 2014 г. се одржи предавање на познатиот и европски признат психијатар и академик, проф. д-р Владета Јеротиќ. Предавањето се одржа на богословскиот факултет, во преполнетата сала „Архиепископ Доситеј“, и на истото присуствуваа Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, митрополитите г. Петар и г. Јосиф...
Ве информираме дека на првиот ден од саемот ќе биде одржана промоција на книгите „Старец Јосиф Исихаст“ и „Св. Серафим Саровски“, на која промотор ќе биде протоереј Миле Штрбевски, а ќе присуствува и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел,а на вториот...
Така, светите подвижници ни сведочат дека секој човеков пад во грев се одвива постепено. Првиот степен е предлогот, кога не сакајќи, против нашата волја, во душата влегуваат грешни претстави и поттикнуваат, преку надворешни или внатрешни чувства, или преку фантазиите. Ова е безгрешно и само е повод и можност за грев; и најголемите светители во најсветите времиња често биле подложни на демонските предлози и биле принудени да се борат со нив.