КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос е единствена Глава на Црквата, е извршен. За сите оние што ќе го послушаат, станува благослов; а, за сите оние што нема, полека, но сигурно, станува проклетство.
Значи, ако речам, на пример, дека нешто не треба да се прави, тоа и така ќе стане – нема да се прави! Така што, или тие што го прават – ќе престанат да го прават, и мојот збор ќе се изврши; или истите ќе продолжат да го прават и со време ќе ги снема и пак мојот збор ќе се изврши – затоа што нема да има кој да го прави тоа што не треба да се прави.

Но, исто така, зборот мој е страшен и за мене, ако нешто барам од луѓето, а самиот не го имам исполнето; во таков случај, мојот збор станува проклетство за самиот мене; но, ако исполнувам и зборувам, станува благослов.
Секако, говорам за збор кој е во согласност со Божјата волја.
Митрополит Струмички г. Наум
12.01.2026




























