Вечерна богослужба на Василица (13.01.2025 21:35)
Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи празнична Вечерна служба во чест и спомен на свети Василиј Велики во соборната црква „Светите Методиј и Кирил“, во Струмица. Владиката на сите присутни им подели лепчиња со сребрена паричка со ликот на свети Василиј Велики.