Полароиди на италијански фотограф Патрицио Чиполини(Patrizio Cipollini), под име "Душе"
Во сабота, (07.11.2026), со почеток во 19ч, во Галерија Рудиќ ќе се отвори изложба на полароиди на италијански фотограф Патрицио Чиполини(Patrizio Cipollini), под име "Душе"
Полароиди на Патриција Чиполини — единствена изложба за минливоста и магијата на моментот.
Чиполини ги користи несовршеностите на полароидната фотографија за да ја нагласи минливоста на моментот: меките, избледени бои и благиот контраст ја претвораат секоја слика во мал артефакт. Непредвидливите протекувања на светлина и неправилните рабови стануваат дел од неговата естетика, додека ограничениот динамички опсег им дава на делата носталгична патина. Како што забележува галеристот Carlo Gallerati, авторот не го планира кадарот, туку реагира на магијата на просторот, времето и светлината.
Полароид е фотографски медиум кој не е отпорен на времето. Со текот на времето боите се губат, сликата исчезнува. Тоа се случува и со полароидите на Cipollini. Минималистички пристап на авторот – во спој со спонтаност и шармот на полароидот и делувањето на времето, ја обликуваат изложбата во единствена симбиоза.
Таа е единствена во овој момент; утре, времето ќе остави своја трага и ќе создаде нешто сосема поинакво – и токму затоа треба да се види денес
Изложбата ќе трае до 30.11.2026
Боро Рудиќ






Но молитвата не е рецепт за постигнување резултати. Таа е жед за однос, копнеж за средба. Не бараме само нешто да се промени во нашиот живот, туку нашиот живот
Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање,
Едниот никогаш не ги слушнал зборовите „Те сакам“ од д ругиот. Изградиле куќи, ѕидови, купиле ниви, но цветот на бракот на крајот не расцутил.
За време на активностите на експедицијата, иконата на Мајката Божја – Казанска била постојано со нив. Експедицијата започнала со молитва пред Казанската
На 01 ноември 2026 лето Господово, Недела 22-ра по Педесетница, преп. Прохор Пчињски, прен.
„О, сиромаси, што ви недостига ако Го имате Бога? О, богати, што имате ако Бог недостасува во вашиот живот?“
Манастирот на реката Пчиња е подигнат во 11 век. Манастирот бил и зографски центар, а и препишувачка школа, односно ракописен центар
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – во сослужение со свештенослужители од Скопската православна епархија – чиноначалствуваше на Осветувањето на манастирскиот храм „Свети пророк Илија“ – Чардак во скопското село Мирковци.
Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр сe пoдвизувал сè дo старoста и дo смртта.
Оној што живее според Божјата волја за ништо не се грижи. Кога нешто му е потребно, и себеси и она што му е потребно Му ги предава на Бога.
На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го проповедаше Евангелието по Италија, Далмација, Македонија
Сè додека не дојде болката и не ги разниша нашите цврсти уверувања. Тогаш вперениот прст се спушта и се допира до нашите гради. Таму каде што се кријат нашите неискажани рани.
"Сo штo свeтитeлитe најмнoгу сe вoзвишилe и сe прoславилe вo oчитe на нeбoтo и на луѓeтo? Главнo сo смирeниeтo и сo службата."
Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.
Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија.
Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го продолжи синџирот на милоста околу себе, да ја надмине и умножи примената милост, раздавајќи милост околу себе.
























