логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Европски стандарди за верските задници и религиозни групи
Две МПЦ или  ИВЗ никој не сака да создаде, ниту пак преку либерален закон за верски заедници некој создава  услови и основа да се  фомирааат други паралелни црковни организации. Со донесувањето на закон за верски заедници, Република Македонија нуди демократски решенија за споменатата област, кои се во корист на постојните цркви, верски заедници и религиозни групи. Истовремено државата ќе искачи уште еден врв, ќе донесе уште едно законско решение дел од нашите европски и евро-атлански обврски, кои треба да придонесат за поскоро зачленувње на Република Македонија во Европската унија и во НАТО.

markov.sv.Zlata1.jpg
     
Пишува:
Марјан ЃУРОВСКИ
  
Собранието на Република Македонија гo промени предлог законот за верските заедници и религиозни групи  по критиките од Европската Унија, НАТО и ОБСЕ дека е потребен закон за либерализација на регистрирањето на религиозните групи. Речиси три години се подготвуваше Законот за верски заедници. NATO, SAD i ОБСЕ  инстистираа нa donesuvawe na законот за верски заедници и достави свои препораки. Тие се базирани на основните принципи кои ОБСЕ и земјите членки ги потпишале и се однесуваат на верските слободи. По извештајот на Европската комисија во кој беа споменати верските заедници, Владата nastojuva да го промени ставот на верските поглавари. На 67 -та седница на Собранието на Република Македонија, пратениците расправаа и го усвоија предлог законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група. Во основа станува збор за акт со кој треба да се уреди, односно гарантира правото на граѓаните на слободна вероисповед, начинот на функционирањето на црквите и верските заедници, како и нивните права и обврски кон државата. Во оваа смисла, Република Македонија како европска држава, во која се имплементираат вредностите на либералната демократија нужно тргнува од два основни принципа во процесот на правното вообличување на оваа сфера од животот на нашите граѓани: прво, правото на слобода на вероисповедта и второ, доследно почитување на принципот на одвоеност на црквата од државата.
             Во земјата постојат две главни вероисповеди: православната вера и исламот. Номинално, 66% од населението се православни христијани, 30% се муслимани , 1% се католици и 3% им припаѓаат на други вероисповеди (претежно различни протестантски вероисповеди). Исто така, во Скопје постои и мала еврејска заедница. Учеството на јавноста во верскиот живот главно е сконцентрирано околу поголемите празници или во случај на венчавка или pogreb. Има повеќе странски мисии што се активни и претставуваат широк спектар на вероисповеди. Многу од овие мисии во земјата влегуваат по друга основа , често како добротворни или медицински мисии. Активни се неколку протестантски мисионерски групи и припадници на Јеховините сведоци.
           Човековите права и слободи се суштински дел од заедничките вредности на алијансата. Во една од „поеднаквите“ земји-членки, чиј главен град почнува на В и завршува со ашингтон (да ги употребиме зборовите на еден холандски дипломат), верските слободи имаат големо значење во самото создавање на државата. Гарантирано со Првиот амандман на американскиот Устав, ова универзално право е дел од дефиницијата на демократијата. Од другата страна на Атлантикот, Европскиот суд за човекови права во Стразбур во многу наврати истакнува дека вистинскиот верски плурализам е инхерентен на самиот поим на едно демократско општество. Дозволените ограничувања на слободата на вероисповедта Судот ги толкува исклучително рестриктивно.
              Политичкиот дијалог и односите меѓу власта и опозицијата, колку и да се значајни, не треба сосема да ни го одвлечат вниманието од конкретните чекори на патот кон членството во НАТО. Еден од тие реформски чекори треба да биде регулирањето на верските слободи во согласност со стандардите на ОБСЕ и одредбите на Европската конвенција за човекови права.
                “Верската слобода е гарантирана со Уставот , а Владата во практиката генерално го почитува ова право. Меѓутоа, законот донекаде го ограничува практикувањето на верата со тоа што го ограничува поставувањето верски објекти , собирањето доброволни прилози и локациите на кои може да се вршат верски обреди”стои во Меѓународниот извештај за верските слободи од Бирото за „човекови права“, демократија и труд за Република Македониа во 2005 година .                  Прашањата потикнати од коментарите на САД, ОБСЕ  и ЕУ, а изречени од црковни достоинственици - до кога Македонија ќе служи за експеримент? како да не потсетуваа на минати години. Пред донесување на либералниот закон отсуствуваа аргументи, не слушнавме ниту една причина со што и како ќе се наштети на верското живеење со еден по либерален член во Законот за односи со верските заедници и религиозните групи.  Две МПЦ или ИВЗ никој не сака да создаде, ниту пак преку либералниот закон некој создава услови и основа да се формираат паралелни црковни организации. Непобитен факт е дека името Македонска Православна Црква Охридска Архиепископија е заштитено согласно законската процедура и никој нема право да ги користи, ниту пак било која друга нова религиозна група која би сакал да се регистрира во земјата врз основа на полиберален закон како што налагаат  европските стандарди кон кои стреми земјата.
             Во скудните дебати кои ги видовме од страна преставникот на Католичката Црква слушнавме разумни изјави за барањата од ОБСЕ и ЕУ. Ако сакаме да бидеме во европското семејство на демократии, не треба да се превагне фактот дека ЕУ е т.н. католички клуб и сега преку Католичкиот црковен преставник ни се предочува дека компромисот е неопходен. Впрочем верските недоразбирања и нетолеранција ги почуствуваа на своја кожа преставниците на Католичката Црква во земјата. Со мудрост и со зрелост мора да се дојде до решение кое ќе ги задоволува сите, и опшеството и верските заедници, но и критериумите на демократско здружување.             Донесувањето полиберален закон за верски заедници заслужува отворена поддршка. Владата не попушти зошто во прашање е европската иднина на сите граѓани. Сигурно оваа одлука ќе биде поздравена од страна на амбасадорот на САД во НАТО Викторија Нуланд за време на престојната посета на Скопје. Зошто Соединетите Американски Држави вложуваат толку голем напор во промовирањето верска толеранција и во борбата против антисемитизмот, исламофобијата и други форми на дискриминација ја запрашавме американската амбасадорка во Република Македонија Џилијан Миловановиќ.  „Затоа што во својата релативно кратка историја и нашата земја доживеа неправди што оставија темни дамки врз нејзината историја. И натаму продолжува да н# притиска товарот на ропството и на расните и верски предрасуди. И покрај тоа што сме отидени многу напред, и натаму остануваат многубројни предизвици. Во американското општество с# уште постојат суптилни, а во некои случаи и очигледни форми на дискриминација на индивидуални припадници на малцинства и на малцински групи. Напредокот што е постигнат во последниве педесетина години во голема мера се должи на екстензивните уставни и правни рамки што гарантираат еднакви можности за сите и овозможуваат исправање на неправдите. Истото може да се каже и за напредокот што е постигнат овде во Европа, затоа што нашата евроатлантска заедница има заедничка определба за промовирање на толеранцијата и за заштита на човековото достоинство„ смета американската амбасадорка во нашата земја..
         Се поставуваше прашањето - Балкански манири или европски стандарди? Верската толеранција е стекнато право во ЕУ. Сега нема простор, ниту време за компромиси, бидејќи влогот е голем - македонското интегрирање во Европската Унија и НАТО.
               Потребата од заштита на името и наследството на МПЦ не е контрадикторна со потребата на државата да ги почитува меѓународните конвенции за човекови права што ги ратификувала, смета амбасадорот Никола Димитров советник за безбедност на премиерот, национален координатор за НАТО во земјата и специјален преставник на Република Македонија во Брисел. Според него „Новиот закон за верските заедници може истовремено да биде во согласност со меѓународните норми и да соодветствува со македонските специфики. Заштитата на името, идентитетот и традицијата може да се оствари преку оневозможување да се регистрираат религиозни групи со исти или премногу блиски имиња. Меѓутоа, МПЦ (и Исламската верска заедница) не треба да инсистираат на ексклузивност. Европскиот суд за човекови права во 2001 година донесе пресуда во која изречно укажа дека рестрикцијата една вероисповед - една верска заедница не е во согласност со членот 9 од Конвенцијата. Конечно, и покрај добронамерните консултации, регулирањето на оваа материја е во надлежност на државата, а не на верските заедници„.
              Нашата нација ја помина линијата на зрелост на идентитетот. Како демократска држава која се стреми кон евроатлантските интеграции, според Димитров имаме капацитет во целост да ги почитуваме вредностите на евроатлантската заедница. Не само затоа што тоа е услов за членство. Туку затоа што толеранцијата е вековна традиција во Македонија. Таа е наша изворна вредност и карактеристика. Решението на сите спорни прашања на Балканот, вклучувајќи ги и малцинските прашања (како наш интерес), е возможно само преку примена на европските вредности и стандарди. Тоа е единствениот пат што води кон „европеизација“ на Балканот. Затоа, почитувањето на европските стандарди е наш интерес и потреба.
              За државите на ОБСЕ е од исклучителна важност да останат посветени на верската слобода како основно човеково право и преку недискриминирачки закони, регулативи, политика и практики да се осигурат дека секоја група има можност, поединечно или заедно со други групи, слободно да ја практикува својата вероисповед. „Најголемиот дел од луѓето во целиот свет, луѓе од сите националности и вероисповеди, сакаат да живеат во свет во кој царува мир и дигнитет за целото човештво, свет во кој се почитува секој поединец, независно од бојата на кожата, од земјата од која тој доаѓа, или од вероисповедта. Ваквата визија за толерантност е во жесток контраст со оние насилни екстремисти што заради остварување на своите цели настојуваат да промовираат нетрпеливост и омраза„ смета амбасадорката Џилијан Миловановиќ. Земјите-учеснички во ОБСЕ можат да дадат уште еден значаен придонес кон мирот и стабилноста во светот на тој начин што успешно ќе ги решаваат проблемите на сопствените државјани или резиденти што се припадници на малцински популации.
                 Во контекст на споменатите принципи, оваа област детално е утврдена на две нивоа:  на домашно со Уставот на РМ и  на меѓународно со меѓународните конвенции и документи, кои се или треба да бидат дел од нашиот правен поредок. Во однос на Уставот, станува збор за членот 19 , членот 48, како и ставот 4 од членот 54.  Со членот 19 се воспоставуваат три правни состојби: Прво, се даваат уставни гаранции на слободата на вероисповеста, јавното, поединечното или во заедница со други, изразување на верата; Второ, се афирмира принципот на одвоеност на црквите, верските заедници и религиозните групи од државата и  трето, им се остава слободата на споменатите верски заедници да основаат верски училишта, социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон. Во Членот 48 од Уставот, пак, им се даваат гаранции на немнозинските заедници во државата во делот на слободното развивање и унапредување на својот идентитет, во кој значајно место има и верскиот. Конечно, во ставот 4 од членот 54 на Уставот, државата дава гаранции и дека правото на вероисповед  не може да биде ограничено. Меѓутоа, освен преку споменатите членови на Уставот, рамката на натамошното утврдување на правото на вероисповед и, во таа насока правата и обврските на црквите, верските заедници и религиозните групи е утврдено и со меѓународните конвенции и документи, кои голем дел се ратификувани од Собранието, што значи дека се дел од нашето домашно право.
Во оваа смисла, особено значајни се Универзалната декларација за човековите права, Меѓународната конвенција за граѓански и политички права, како и Европската конвенција за човекови права. Во однос на Универзалната декларација за човековите права, усвоена од Обединетите нации, особено значаен за нас е членот 18 со кој се гарантира правото на граѓаните на:

Слободна вероисповед
Правото да се смени верата и Правото самостојно или во заедница со други да се практикува одредена вера. Понатаму, исто така и во одредбите од Меѓународната конвенција за граѓански и политички права на Обединетите нации дополнително се прецизира оваа материја. Имено, во членот 18 од споменатиот документ се регулираани два нови аспекта: Случаите во кои може да се ограничи практикувањето на верата и гаранциите на државите за слободно практикување на верата. Во однос на ограничувањата, во декларацијата прецизно е наведено во кои  услови може на еден поединец да му биде ускратено правото на слобода на вероисповедта и тоа: кога е загрозена јавната безбедност; кога е загрозен поредокот на државата;кога е загрозен моралот или кога се загорзуваат правата и слободите на други луѓе. Во однос на обврските на државата во насока на потполна реализација на правото на граѓаните на слободна вероисповед, во овој документ се повикуваат истите да дадат правни гаранции на своите граѓани во насока на реализација на правото на верско и морално образование во согласност со нивните уверувања.
Конечно, кога сме кај меѓународните документи значајна е и Европската конвенција за човекови права на Советот на Европа, особено членот 9, кој во крајна линија ги содржи истите ставови кои се дел од односните членови на споменатите конвенции на Обединетите нации. Во оваа смисла, кога говориме за Советот на Европа, посебно важна е улогата на т.н. Венцијанска комисија, придружно, експертско тело на оваа европска владина организација, кое дава мислења за уставите и поважните акти на државите-членки.
              Врз основа на споменатите уставни одредби и меѓународни документи, Република Македонија го регулира прашањето за правната положба на верските заедници. Овој чекор е дотолку попотребен, затоа што минатиот закон за верски заедници од 1997 година беше неприменлив, бидејќи Уставниот суд во два наврата - во 1998 година, по иницијатива на повеќе религиозни групи и во 1999 година, по иницијатива на Хелсиншкиот комитет - укина 8 членови, односно ставови од членови (од вкупно 37, н.з.), така што истиот практично стана неприменлив во целина. Во таа смисла, на темелот на погоре изнесеното можеме да заклучиме дека подготвувачите на новиот закон се соочиле со предизвикот да остварат во основа две главни цели: Прво, да подготват закон кој ќе биде во согласност со односните членови од Уставот, како и со меѓународните конвенции и документи, кои ги споменавме, а притоа да добие позитивно мислење од Венецијанската комисија која ја оценува таквата усогласеност и да го одржи и надгради позитивниот тон во годишните извештаи за верските права во државите, меѓу кои и за Македонија, подготвен од страна на Соединетите американски држави и второ, Законот да биде прифатен од страна на Македонската православна црква, како и од Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи, бидејќи истиот во најголема можна мера ќе влијае врз степенот на остварување на нивната дејност. На темелот на ови премиси можеме да ја дадеме и својата оценка за Законот. Преку анализата на ставовите на споменатите актери во најголема можна мера може да го дадеме својот суд дали истиот е позитивен или не. Во таа смисла, одговорот на поставените дилеми можеме да го најдеме во ставовите на Венецијанската комисија и во позициите на верските заедници. Во нашиот случај, Венецијанската комисија во март 2007 година даде свое мислење за усогласеноста на Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група со Европската конвенција за човекови права. Во оваа смисла, особено значајна е препораката 98 во која се констатира: „предлог законот ги има пред вид генералните принципи во насока на гаранција на слободата на вероисповедта“. Исто така, значајни се и преостанатите препораки, кои, доколку се погледа Законот ќе се види дека најголем дел од нив се целосно прифатени, односно се составен дел од истиот. Во однос на актерите, пак, кои се директно засегнати од новата правна реалност во оваа сфера, целосната слика ќе ја добиеме преку ставовите на поглаварите на МПЦ, односно на ИВЗ како претставници на двете најголеми конфесии во државата, како и од претставниците на останатите верски заедници и религиозни групи, кои законот во основа го прифаќаат. Оттаму, можеме да заклучиме дека законот ја доби посакуваната меѓународна и домашна верификација. Законот, како таков претставува чекор напред, со кој натамошно ќе се демократизира оваа сфера согласно принципите на либералниот свет. Конечно, со усвојувањето на Законот, Република Македонија реализира уште една своја обврска, прескокна уште една пречка во насока на наше потполно интегрирање во европските и во евро-атланските структури, притоа надградувајќи ја оваа сфера во корист на големата група верници.


Авторот е вработен во одделот за односи со јавност на
Министерството за одбрана
 

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2031
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2552
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная