Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (24.03.2019)
Но, секое добро што го прави човекот на својот ближен треба да произлегува од љубовта спрема Бога и ближниот. Човек треба да го сака Бога со сета душа и со сето свое битие, какои својот ближен, бидејќи преку тоа фактички се помага себе си. Се бoгати со богатството кое никој не може да му го одземе, а со тоа и си ја создава вечната радост и блаженство.