логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Тропар на свети Григориј Палама
 (втора недела од Великиот пост)
   глас 8
На Православието светилнику,
на Црквата тврдино и учителу,
на монасите украсу, на богословите непобедлив заштитнику,
Григорие чудотворче, солунска пофалбо,
на благодатта проповеднику,
моли се секогаш да се спасат нашите души.

 

Извор МПЦ - ОА

 

Тропар на светиот
Софрониј Ерусалимски
11 март / 24 март

Велик сад на благодатта,
мудроста во тебе допре длабочина,
Софроние оче наш преподобен,
дар на солзи, дар на исцеленија,
за душите гладни – мудрост која заситува
и нé води во светлината на идната татковина.
Моли се целомудрена пофалбо
за оние кои го бараат
Патот, Вистината, и Животот.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Пиониј Смирнски
11 март / 24 март

Трагајќи по мудроста која ја открива вистината,
ти Пионие свети Христа го пронајде,
Кој благодатен презвитер Свој те направи.
Привлечен од Светлината вечна
окован пред светот излезе,
заедно со Савил и Асклипиад,
за да покажете дека само во Господа
може да биде човек слободен.
Радувајте се и за нас молете се,
жители во вечната светлина.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар
на преподобниот отец
Георги Синаит
11 март / 24 март

Испосниче свети кој со благодатта Божја
страстите ги исуши, а со врлини се наполни,
саду на чудеса неразбирливи за човека,
но возможни за оној кој верува.
Жителу на небесата – нека твоите молитви
нѐ спомнат пред Господа и бидат скалила
за нашиот восход кон татковината.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на
Христовиот чудотворец
Георги Диписки
11 март / 24 март

Оставајќи го светот и сѐ во него
по Христа поита о Георгие свети,
на кого жената и децата
не беа сопка за да се добие вечното,
но светот тебе венец ти исплете
подавајќи ти тегоба врз тегоба,
кои ги раскина со твоите тешки вериги.
Моли се за нас свети Христов чудотворче,
во нашиот живот само еден Пат да имаме.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светата
преподобна Теодора
царица во Арта
11 март / 24 март

О мајко на сиротите, утешение на вдовиците,
која со смирена вера во Бога, во срцето го умножи благословот.
Радувај се и за нас моли се од градината на Царицата Небесна,
затоа што трпението твое, го возвелича благословениот брак,
и превознесе вис небеса преподобието монашко,
а на Бога слава воздаде во сите векови.


 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 24/03/2019

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

 

  Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски    

Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост сепак не остана задоволен и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на Св. Теодосиј се најде со монахот Јован Мосха кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Мисир. Нивната лозинка беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост “. Сѐ што знаеја запишаа и потоа го издадоа во две книги под името Лемонариум (или Цветник). Подоцна заминаа во Рим, каде што Мосха умре, а му остави на Софрониј аманет да го пренесе или на Синај или во Теодосиевата Лавра. Софрониј му ја исполни желбата и го однесе телото на својот учител во Лаврата на Теодосиј, а самиот се задржа во Ерусалим, којшто во тоа време беше ослободен од Персијанците. Присуствуваше на враќањето на Чесниот Крст од Персија, кога царот Ираклиј на своите плеќи го внесе Крстот во Светиот Град. Стариот патријарх Захарија исто така вратен од ропство не поживеа долго, па кога се пресели во оној свет, го замени Модест (+ 364г.), а после него патријарх беше блажениот Софрониј. Тој со особена мудрост и ревност управуваше со Црквата десет години. Стануваше во одбрана на Православието од монотелитската ерес, којашто тој на својот собор во Ерусалим ја осуди уште пред таа да биде осудена на Шестиот Вселенски Собор. Го напиша житието на Св. Марија Египетска, го состави чинот на Водосвет и воведе нови химни и песни во разни богослужби. Кога арапскиот калиф Омар го освои Ерусалим, Свети Софрониј го измоли да ги поштеди христијаните, а Омар ова наводно и го вети. Кога сепак калифот набрзо потоа почна да ги ограбува и малтретира христијаните во Ерусалим, Софрониј од дното на срцето Го молеше Бога да го земе од живите на земјата за да не го гледа осквернувањето на светоста. И Бог ја услиши неговата молитва, па го зеде кај Себе во 644 година.

Светиот маченик Пиониј
и другите со него  

Свештеник смирненски. Пострада во Смирна во времето на Декиевото гонење. Го осудија на распнување, заради што беше многу радосен. И штом војниците го склопија крстот и го положија на земјата, Пиониј самиот легна на крстот, ги испружи рацете и им заповеда на војниците да му ги приковаат рацете со клинци. Крстот го всадија во земјата наопаку, а под главата на маченикот наложија оган. Наоколу имаше многу народ. Светиот Пиониј си ги затвори очите и радосно возвикна: „Боже, прими го мојот дух!“ и издивна. Овој светител го напиша житието на Св. Поликарп Смирненски. Пострада и се прослави во 250 година.

 Преподобен Георгиј Синаит

Игумен на Синајската Гора. Голем подвижник и праведник. На Пасхалната ноќ ангел Божји го пренесе во Ерусалим на литургија и истиот ден повторно го врати на Синај. Се упокои мирно во 6 век.

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1543
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 979
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »