логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 Тропар на светите
Христови свештеномаченици
епископи Херсонски – Ефрем, Василиј, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон
7 март / 20 март

Пофалба и поклони пред вас денес Црквата вознесува
о свети отци наши Херсонски, вие кои
ширејќи го словото Божјо маченички пострадавте,
патот кон спасение за нас го отворивте,
Ефреме и Василие, Евгение и Елпидие, Агатодоре, Етерие и Капитоне, молете го Mилостивиот Господ
да ги помилува нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на
светиот Павле припрости
7 март / 20 март

Кога постави стража на устата своја,
Господ Невеста ти подари заради несудење на ближниот,
о Павле мудар оче наш,
деца се изродија од бракот со смиреноста,
и срцето стана широчина кое Духот Свет го удомува,
а оттаму победата Христова над противникот се возгласува.
Во твојата простота, смирение и молитва
измоли пред Господа милост за душата наша свети оче наш.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов исповедник
Прокопиј Декаполит
27 февруари / 12 март

Благодариме за лицето со бори прекриено,
и за браздите од солзи ископани, свети исповедниче Прокопие,
но се радуваме на ликот твој очистен и прославен
од Небесните висини, кој нам благодат ни дарува од Христа Бога,
поради мачеништвото, награда за исповедништвото,
но и за молитвите принесени тогаш, а и сега за родот човечки.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на
светиот преподобен
Лаврентиј Саламински
7 март / 20 март

Господ на тебе погледна о човече,
низ чии вени стравот Божји течеше,
па Пресветата нејзин градинар те направи,
Лаврентие брзопослушниче.
Радоста твоја со благодатта Христова,
храм подигна во чест на Нејзиното јавување,
со кој и храмот на душата твоја
за себе Христос го припреми,
пред Кого ти сега за нас застапи се.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на
светиот Затворник
7 март / 20 март

Трњата на гревовите се безбројни
о свети затворниче Христа ради,
а времето човеково е мерливо, затоа над тоа се оградите:
сиромаштвото, девственоста и послушанието –
кои силите на душата ги поттикнуваат Бога да го бараат.
Блажен си ти оче свети,
кој и за нас сега на Бога се молиш,
затоа што тоа тело и крв не ти го открија,
туку благодатта на љубовта Христова.

 

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (20.03.2020)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

Blagovestenie4.jpg

Светите Седум Херсонски свештеномаченици:
Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон

Сите овие беа епископи во Херсон во разни времиња и сите пострадаа (само Етериј умре мирно) од неверниците, било од Евреите било од Грците или од Скитите. Овие епископи одеа во тие диви краишта како мисионери за да ја пренесат евангелската светлина. Сите беа намачени и пострадаа за својот Господ. Василиј го воскресна синот на еден кнез во Херсон, што ги огорчи Евреите, па го обвинија. Го врзаа за нозете и го влечеа по херсонските улици дури не ја испушти душата. Ефрем го убија со меч. Евгениј, Елпидиј и Агатодор ги биеја со стапови и со камења сѐ дури не Му ги предадоа своите души на Бога. Етериј поживеа во времето на Константин Велики, па во мир и слобода управуваше со Црквата, изгради голем храм во Херсон и се упокои мирно. Кога последниот од нив, Капитон, го испратија за епископ во Херсон, дивите Скити од него побараа знак за да поверуваат. И му предложија да влезе во огнена печка, па ако не изгори тие сите ќе поверуваат во Христа. Со топла молитва и со надеж во Бога Капитон го положи архиерејскиот омофор на себе, се прекрсти и влезе во вжарената печка држејќи го умот во срцето воздигнат кон Бога. И во пламенот постоја околу еден час без никаква повреда на телото и на облеката, па излезе оттаму здрав. Тогаш сите повикаа: „ Еден е Бог, Бог на христијаните, велик и силен, Кој го сочува слугата Свој во огнената печка!“ И се крсти сиот град и околината. За ова чудо многу се зборуваше на Никејскиот Собор. И сите Го прославија Бога и ја пофалија цврстата вера на Св. Капитон. А на Капитон му се случи по патот да го фатат на реката Дњепар незнабожечки Скити и во реката го удавија. Овие епископи пострадаа во почетокот на 4 век.

Преподобен Павле Препрост.

Блажениот Павле имал дар на проѕорливост. Во една прилика, влегувајќи во еден манастир, застанал покрај црквата и набљудувал со какви мисли влегувале луѓето во неа. Имало вечерна служба и сите влегувале во црквата со ведри лица и светли души, и со секого од нив радосно влегувал и ангелот чувар. Но, еден брат одел во црквата со мрачно лице, потемнета душа, окружен од демони, при што секој го влечел при себе, а неговиот ангел чувар одел по него оддалеку, тажен и расплакан. Откако го видел тоа, светиот се ожалостил и многу тагувал за загубениот брат, од голема тага не влегол ни во црквата, туку седел надвор и плачел. Кога завршила црковната служба, сите браќа излегувале такви како што и влегле, озарени со Божествена светлина. Преподобниот Павле го здогледал и братот што при влегувањето во црквата бил мрачен и потемнет, но сега неговото лице било светло како на ангел, благодатта на Светиот Дух го осенувала, ангелот чувар радосно го држел за рака, а демонот оддалеку ридал и не можел ни најмалку да му се приближи. Забележувајќи ја оваа брза промена кај братот, блажениот се зарадувал, го запрел и пред сите раскажал што видел, па го прашал тој брат за причината на оваа ненадејна промена кај него. А тој, гледајќи дека е разоткриен преку Божјо откровение, пред сите раскажал сè за себе: „Јас сум многу грешен: многу години сè до денешниов ден поминав во нечистотија. Но, кога влегов во црквата, слушнав како го читаат пророкот Исаиј, или подобро – Бог, Кој преку него говори: ’Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; научете се да правите добро… Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели‘ (Ис. 1, 16–18). Откако го слушнав тоа, мојата душа се потресе, ми се отворија духовните очи и јас, согледувајќи ја својата беда и погибел, воздивнав во своето срце и Му реков на Бог: ’Ти, Господи, си дошол во светот да ги спасиш грешниците, како што сега ми кажа преку Својот пророк; направи го тоа навистина со мене грешниот. Зашто, еве, ветувам дека отсега, со Твоја помош, не само што нема да правам никакво зло, туку ќе го отфрлам и секое беззаконие и ќе Ти послужам Тебе, Господи, со чиста совест; само Ти мене, што се каам, прими ме и не отфрлај ме мене, што паѓам пред Тебе‘. Со вакви ветувања, продолжил тој, излегов од црквата, решен во своето срце повеќе да не грешам пред Бог“.
Откако го слушнале тоа, сите со силен глас Го прославиле Бог, Кој го прима секого што Му приоѓа со покајание. 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 658
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

« »