логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 SPE_9594_-_Copy

На 12.05.2016, во свечената сала при соборната црква „Св. Климент Охридски“, се одржа промоција на книгата Византија во дијалог (Магор, 2016 г.) од презвитер д-р Милан Ѓорѓевиќ (1981, Скопје), доцент и продекан за меѓународна соработка на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Тоа е втора објавена книга на отец Милан Ѓорѓевиќ, а прва на македонски јазик. Имено, во 2015 година издавачката куќа Peeters од Белгија, на германски јазик ја објави студијата Nikolas Kabasilas, ein Weg zu einer Synthese der Traditionen (Никола Кавасила, пат за една синтеза на традициите).


SPE_9503_-_Copy

Промоцијата започна со пристапна беседа на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан, чие слово го објавуваме во целост:

СТЕФАН
Архиепископ охридски и македонски
ВРЕМЕ НА СИЛА И УБАВИНА

Кога ќе се спомне Византија – секогаш тоа име асоцира на силна држава, на империја, на царштина. Кога ќе се спомне Византија – секогаш се мисли и на период на врвна богословска мисла, на длабока духовност, се мисли на времиња со богата книжевност, со стил во уметноста – во архитектурата, иконографијата, музиката...

Византија, всушност, е источниот дел од Римската империја, која постоела од 324 до 1453 година. Имено, Великиот Константин изградил престолнина на местото од некогашниот Византион, подигнал град кого отците на Првиот вселенски собор го нарекле Константинопол, Словените – Цариград, а Османлиите – Инстанбул.

Историјата на Византија е поделена на три периоди:  I –рановизантиски (324-610);II – средновизантиски (610-1025) иIII –доцновизантиски(1025-1453).

Првиот период се карактеризира како време во кое Византија доживеала длабока и трајна преобразба, време на кое особен белег му дале богомудрите цареви и царици, тоа е време на христијанизација на империјата, време на вселенски и помесни собори, време и на ереси но и на златна епоха во Црквата, време на силни богослови и црковни мислители, време на кападокиската и антиохиската богословска школа, време на свети Василиј Велики (+379), свети Григориј Богослов (+390), свети Јован Златоуст (+407), на свети Роман Слаткопевец (+510) и сцети Андреј Критски (+712), време во кое ќе се изгради неповторливата Света Софија, време на создавање на трајни духовни и материјални вредности.

Вториот период од 610-1025 е време на реформи, време на замена на латинскиот со грчкиот јазик, време во кое Црквата ќе добие поголема улога во византиското општество, време во кое ќе зачестат воените судири со источните народи и посебно со следбениците на исламот. Тоа е време на Јован Лествичник (+563), Максим Исповедник (+666),Јован Дамаскин (+776) и патријархот Фотиј (+891)... Тоа е време на иконоборството и време во кое конечно ќе победат православието и почитувачите на светите икони..., време во кое на светите Браќа од Солун покрај другите ќе им се довери и мисијата меѓу Словенските народи во Моравија и Панонија, време во кое на македонските простори ќе продолжи кирилометодиевото дело благодарение на враќањето на светите Климент и Наум, врз чија дејност ќе се создаде славната Охридска Архиепископија...,време во кое монаштвото ќе ја освојува Света Гора, време во кое се покрсти Рускиот народ...

Третиот период е време во кое ќе се случи трагичната поделба (1054) и време на неуспешните разговори меѓу стариот и новиот Рим за повторно единство на Црквата.Тоа е време на обиди да ѝ се вратат славните времиња на Византија, особено во владеењето на династијата на Комнените, но тоа е и време во кое Цариград ќе го освојат крстоносците(1204) и ќе го создадат Латинското царство од кое на Византија ќе ѝ останат трајни последици. Владеењето на императорот Михаил VIII Палеолог е последен обид да ѝ се врати достоинството, славата и улогата на Византија. Тогаш ќе се појават и црковните мислители ГригоријПалама (+1360) и Никола Кавасила (+1397)... За жал, внатрешните несогласувања и надворешните напади ќе „помогнат“ Цариград конечно да падне во рацете на Османлиите, а со тоа да заврши повеќе од единаесетвековното постоење на империјата, која помогна со Христовата светлина да се просветат многу варварски народи, која разви своја култура, наука, право, државност, која бдееше врз верата во Христа и беше чувар на учењето на Вселенската Црква.

SPE_9549_-_Copy

Ниедна друга држава или империја не владеела толку и не така, и ниедна друга не создала ни толку ни такви дела како Византија. И по повеќе од петипол столетија од нејзиното распаѓање, еве, живеат и ќе продолжат да живеат спомените за неа. Особено се неизбришливи присуството и влијанијата во богословската мисла, во иконографијата, во духовноста и во науката воопшто, и денес, а верувам и во иднина. Траењето на Византија го потврди и изложбата на икони и сакрални предмети, организирана по повод 2000 години на Христијанството, поставена во Метрополитен музеј во ЊуЈорк, од 23. Март до 4. Јули во 2004 година, која беше насловена: Византија – сила и убавина.

Имав можност, по покана на организаторот, да ја посетам таа изложба на која беа преставени икони и од Синајската и од Руската збирка и икони од Македонија и од земјите што биле во составот на некогашната Византија и од земјите во кои имало и има влијание од византиската уметност и култура, и да се уверам во тоа колку некогаш хармонично опстојувале и делувале и духовната убавина на силата и духовната сила на убавината, со што на најуверлив начин се покажа дека траењето на Византија продолжува и без неа, чиниш – како со неа!

Професорот на Православниот богословски факултет, отец д-р Милан Ѓорѓевиќ, со своето дело насловено како Византија во дијалог, во нашиве дни ни нуди разговор инспириран од личности и дела кои твореле и создавале на просторот и во времето на Византија, а имале и имаат отсјај и влијание и денес на нашиве простори и на наши личности. Неговото ангажирање во темите од неисцрпната тема – Византија, е потребно и во ова наше време, зашто за Византија има и што да се слушне, и што од неа да се види, и што од неа да се научи и, секако – да се ползува.

Со ова кратко изложување се обидов да направам пресек и мало навраќање по просторот и времето на Византија. Сега ве препуштам на другите предвидени да продолжат секој со својот дијалог со Византија.

SPE_9563_-_Copy

Потоа, слово одржа деканот на Православниот Богословски факултет, проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски кој, сосредоточувајќи се на вториот дел од книгата ја истакна суштествената важност од дијалогот кој како конверзација на заединичка тема на различни личности, кои иако имаат различни гледишта, сепак за заедничка цел имаат секој од оние кои дијалогизираат да научи нешто од другиот, и притоа сите да се променат да осозреат и да тргнат на прав пат, суштествено се разликува од дебата, расправа во кои по секоја цена е потребно да победи сопствениот аргумент, аргументот кој се брани. Дијалогот, толку потребен во Византија, е насушен и денес, затоа што мноштво на монолози не секогаш прават дијалог, истакна професорот. Подвлечувајќи ја потребата од дијалогизирање тој потцети на зборовите на Митрополитот пергамски д-р Јован Зизиулас, кој вели дека „дијалогот не значи рамнодушност кон вистината или нејзино релативизирање, напротив, тој означува силно убедување, верност комбинирана со отвореност. дијалогот е чекор напред пред толеранцијата, тој подразира признание дека другиот, различниот не постои само за да постои, туку тој е секогаш оној кој има и мене нешто да ми каже, тој е оној од кој јас имам нешто да слушнам“. Своето слово д-р Ѓорѓевски, пак, го заврши со мудра мисла од Патријархот цариградски  Вартоломеј кој вели: „Дијалогот е единствениот пат кој Му е угоден на Господа. Тоа е затоа што Бог секогаш и на разни начини дијалогизира со нас, барајќи притоа слободен принос на нашето срце, а не усилено претставување пред Него. Тој бара пред Него да ги принесеме нашите срца а не срцата на другите“.

 

Следна со пригодно слово настапи г-ѓа Павлина Аџи Митревска - Лазаревска, главен уредник на издавачката куќа Магор. Таа истакна дека само преку дијалогот е можно „читањето“ и разбирањето на сопствената традиција. Преку дијалогот не само што можеме да го согледаме другиот, туку и од нов агол и со нови сознанија да се гледаме и себеси.

SPE_9583_-_Copy

Книгата на о. Милан Ѓорѓевиќ, рече г-ѓа Аџи Митревска – Лазаревска, го истражува духовното наследство на византиската култура и нејзиното значење во современото општество. „Со тоа авторот докажува дека тоа наследство е живо наследство, нешто што иако претставува дел од едно минато, преку својата вграденост во сегашноста, несомнено е и неодминлив дел од нашата иднина, од културата на нашата иднина. Заземајќи го периодот меѓу епохата на антиката и епохата на западната ренесанса, Византија ја игра улогата на клучен посредник помеѓу антиката и совремието. Според авторот, дијалогот лежи во основата на византиска духовна и интелектуална култура. Токму затоа трудовите собрани во оваа книга ја обработуваат различните димензии прку кои дијалогичноста се пројавува како централен мотив во современата филозофска и телошка византологија“, рече таа.

Viz-Dijal_Sodrzina_-_Copy

SPE_9614_-_Copy

Следен кој зеде слово беше промоторот на книгата, академик Витомир Митевски. Осврнувајќи се на првиот текст од книгата, посветен на одредени аспекти од мислата на свети Никола Кавасила, тој истакна дека во него отец Милан ни покажува дека сакраменталниот еротизам, разбран не во неговата профана, туку таинствен смисла, Кавасила го изградува врз византиската теантропоцентрична богомислена традиција поставена врз основите на свети Максим Исповедник и на еротичното учење на псевдо Диоисиј. Во втората студија, посветена на евхаристиската еклисиологија, определувајќи ја Црквата како собор на верните и како тело Христово, авторот, следејќи го Кавасила, главниот акцент  става врз евхаристијата, преку која се извршува соединувањето со Христос. Обединувањето на овие два аспекта на црковноста, зависи исклучиво од евхаристијата, Во тој поглед, отец Милан, рече Академикот, „прави решителна дистинкција. Имено, Црквата не е проповеник на некаков стерилен етички систем, ниту начин на живеење со одредена нормативна рамка. Христијанството не може да се поистоветува со прописи за христијанско живеење. Еклисиологијата на свети Никола Кавасила е бесконечно христоцентрична - животот на Црквата е живот во Христа, т.е. совршена заедница со Самиот – Личносен Бог

Потем промоторот се сосредоточи на понатамошниот тек од книгата, кој е разбиен на низа помали текстови, во кои авторот внесува теми кои со право ги нарекол теолошко-философски, оти тие видно излегуваат од рамките на стриктно богословски етуди, и во нив отец Ѓорѓевиќ се впушта во смели филозофски расправи. На примерите на византиската мистика се покажува дека наспроти официјалното богословие кое постапно се претвора во схоластички коментар на светоотечките текстови, има место за творештво во еден посебен облик. Носители на таквото творештво меѓу другите се свети Симеон Нов Богослов, св. Григориј Палама и свети Јован Дамаскин.

Кон крајот на своето излагање академикот Митевски го истакна темелниот и научен приод кон проблемите од страна на авторот на книгата.. „Тој не им приоѓа на проблемите како на добар предмет за добар, пригоден текст, туку со страст и внатрешна потресеност, затоа при читањето на книгата не можеме а да не бидеме потресени“

SPE_9584_-_Copy

Потоа, збор зеде и отец Ѓорѓевиќ. Иако, рече тој „само еден од текстовите екслплицитно се занимава со темата за дијалогот, сепак, ретроактивно, сите тие се проникнати од него. Тој е „исонот“ што ги држи“. Затоа, „Земајќи го византиското духовно и мисловно предание за цивилизациски столб на нашата вековна култура се исправуваме пред предизвикот современите искуства и предизвици да ги измериме токму со умот (фроонима) на светите отци, не со цел да се потчиниме на некаков идеализиран и конзервиран византиски цивилизациски идеал, туку со цел да си го запазиме тлото под нозете, со други зборови да го запазиме дијалектичкиот континуитет на културата што ја идентификуваме како сопствена. Преку непрекинатиот континуитет на аскетско литургискиот живот на Православната Црква, Византинизмот ги трансцендира сопствените георграфско- историски рамки, на тој начин стапувајќи во однос како со дискурсите на античкото минато и на западното средновековие, така и со современата философија, литература, уметност и наука. Византија небаре го премолчува сопствениот пад, ослободувајќи се на тој начин од географско - историскиот детерминизам и сведочејќи ја вечноста на царството кое не е од овој век. Дијалогичноста на молчението за свој темел го има воскресението Христово. За да се стапи во жив и автентичен дијалог потребно е другиот да стане ближен, тогаш пак, зборовите секнуваат. Тие се недоволни да го изразат таинството на неговата личносна уникатност и убавина. Но недостатокот на адекватни зборови не се надминува со многусловие, туку со безмолвие, тогаш секој збор произлезен од безмолвната душа станува логосен алтан, збор со тежина, збор со значење, збор со сила и со смисла, впрочем исто како што и недостатокот на живот, наречен смрт, не се компензира со интезивно потрошувачко живеење, туку со умртвување на таквиот недостаточен и острастен живот. Затоа секој еден од напишаните зборови на оваа книга останува празен и безвреден ако прво не замолкне, ако до смрт не се смири пред неизглаголивото таинство на Оној за кого се обидува да пропелтечи. Терирем. Нашите зборови нека биднат првопричасници на смртта Христова, еда би станале живи мартири на воскресението за живот вечен. Амин“.

На крајот од Промоцијата настапи црковниот хор Хармосини, под диригенство на проф. д-р Ристо Солунчев.

Му посакуваме на отец д-р Милан Ѓорѓевиќ, да се исполнат зборовите на деканот Ѓорѓевски, па повторно да не помине ниту една цела година, а тој пак да нѐ израдува со нова книга.

SPE_9578_-_Copy
SPE_9555_-_Copy
SPE_9530_-_Copy

 Извор: Скопска епархија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная