Архиерејска Литургија во денот посветен во помен на Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител

На 11.09.2016 година, ден во кој Црквата го одбележува Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи светозлатоустова архиерејска Литургија во црквата посветена на светиот Јован Крстител во скопската населба Капиштец.


На 11.09.2016 година, Отсекување на главата на Св. Јован, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.



03. септември (сабота),
Нека се радуваат, затоа, денес сите жени и сите мајки во светот, гледајќи со какво достоинство ги украси Пресветата и Преблагословена Богородица. Да, какво само достоинство Бог им даде на жените преку Својата Пречиста Мајка! Таа е навистина образец на секоја мајка, највозвишен пример на секоја жена.































