логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 01.jpg

15/28 август 2016 лето Господово

Немее и бесплодствува човечкиот јазик да го опише и воспее сега великото таинство на одушевлениот кивот Божји, Пресветата Богородица и Приснодева Марија, чиешто сечесно Успение денес го празнуваме. Пред тоа величие на Богомајката и најблагоглаголивите усни молчат, не можејќи достојно да го восхвалат. Успението на Богородица е празник на радоста, празник на бесмртноста. Спасението што му беше подарено на светот, се изврши во содејство на Пречистата Дева Марија. „Сказанијата и загатките на Пророците“, за нас, Христијаните, не се повеќе енигма, туку дофатливи тајни на нашата вера, што ни ги откри вечнодевствената Девојка. Затоа целото создание, видливо и невидливо, словесно и бесловесно, денес се радува, зашто смртта стана живот, победена од Изворот на животот. Па, како што Пресвета Богородица стана одухотворена палата на Синот и Словото Божјо; како што стана лествица што нè возведува на небото, така и Нејзината смрт постана за нас „премин кон бесмртноста“.

О, какви ли богоблагодатни зраци ни испрати Таа, восхитот на Ангелите, од пределите на Нејзината бесмртна слава! О, со какво ли душевно умиление го исполни  бигорскиот собор на сеноќното бдение, Онаа Која е слава на Херувимите и Серафимите! Беше тоа сесрдечно богослужение и синовско благодарење кон Пренепорочната - со превосходните стихири, со трогателните погребни статии, со чудесните канони... Преку сето тоа, Царицата Небесна и нас благодатно нè удостои во градината Гетсиманија да се најдеме и преславното претставување да ѝ го видиме: нејзиното пречисто Тело мисловно го прегрнувавме, со свештена почит и страв го целивавме и на некој таинствен начин и ние на светите Апостоли во нејзиното сечесно погребение им содејствувавме.

Но, најнапред се нахранивме од преслатките таинствени созерцанија и поуки на нашиот сакан старец, архимандрит Партениј, кој мисловно вдлабочен во личноста на Пречистата Дева, го пофали нејзиното крајно смирение, кое ја направи и Мајка Божја:

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за празникот на сечесното Успение на Пресвета Богородица, изговорено пред почетокот на сеноќното бдениеДобровечер на сите!

Ви посакувам најтопло добредојде во оваа Света Обител и истовремено ви благодарам за радоста со која ги обдаривте нашите срца, притекнувајќи ни вечерва во толку голем број. Во оваа молитвена ноќ, најмили мои, го славиме најголемиот меѓу Богородичните празници – Нејзиното сечесно Успение и вознесение на небесата во неискажлива слава. Значи, денес го славиме и воспеваме не само Нејзиното Успение, туку и воскресение и вознесение. И навистина,  после Господа Исуса Христа, Кој со Своето обожено тело седна од десната страна на Бога Отецот во слава, втората Личност, Која беше удостоена со тело да застане до величието на Троичниот Бог, е Пресветата Богомајка. Со тоа Таа ни го предвести она што ќе се случи и со сите нас при Второто Христово пришествие. Бидејќи, денес иако душите на праведниците пребиваат во трисолнечната слава на Бога, восхитувајќи се на Неговата непоимлива убавина и живеат во небесната Божествена Литургија, сепак, нивните тела виделе распаѓање, освен ако според Божјото благоволение, не се удостоиле со нетрулежност на своите тела. Така, сите упокоени го чекаат Второто Христово доаѓање за нивните тела да бидат повикани од правта и одново да се состават. Па, откако нивните тела ќе се состават и преку благодатта и милоста Божја обожат, да се преобразат и да бидат во вечна заедница со Бога, во новото небо и новата земја, што Бог ја предвидел за нас, односно Царството Небесно. Ете, сето тоа ни го предвести денешното Успение на Мајката на вечниот Живот.

Нека се радуваат, затоа, денес сите жени и сите мајки во светот, гледајќи со какво достоинство ги украси Пресветата и Преблагословена Богородица. Да, какво само достоинство Бог им даде на жените преку Својата Пречиста Мајка! Таа е навистина образец на секоја мајка, највозвишен пример на секоја жена. И секоја жена којашто ќе се огледа на Онаа, Која е „повозвишена од ангелите“ и „посветла од сончевите зраци“, ќе се издигне во добродетелите, ќе се облагороди. А доколку, пак, жената во својот живот не ја има за образец кротката и смирена Дева од Назарет, тогаш таа ќе се уподоби на нашата стара прамајка Ева, којашто падна во страшна гордост и себеси се прелажа, посакувајќи нешта што не ѝ припаѓаат. За жал, денес тоа се случува со многу жени. Упорно стремат кон нешто што не им припаѓа, занемарувајќи го истовремено своето достоинство што им доаѓа преку Богородица, а за кое тие дури не се ни свесни дека го имаат. Зашто, жената е благословена, пред сè, да биде мајка. Таа треба да се труди да се смирува, да се облагородува, да се обожи. И тогаш ќе имаме на земјата родови благородни, народи благородни.

Во една прилика, прославениот меѓу Светиите, Старец Силуан Атонски, на вечерната богослужба, кога на паримиите, т.е. избрани извадоци од Стариот Завет, се читал делот од пророкот Исаија, во кој тој ги повикува луѓето со зборовите: „измијте се и очистете се“ (Иса. 1,16), нему му дошло да се запраша дали, можеби, и Мајката Божја некогаш згрешила, макар и со помисла. И веднаш во срцето слушнал одговор: „Мајката Божја никогаш не згрешила, дури ни со помисла“. Гледате колку била чиста Богородица! Колку возвишена! А тоа, секако, го постигнала најмногу преку смирението. Како што и Самата го кажува тоа при средбата со Елисавета. Се сеќавате од Евангелието, кога се сретнале двете мајки, мајката на Св. Јован и Богомајката, Елисавета, просветлена од Светиот Дух, рекла: откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ? (Лука 1,43) И Богородица тогаш ги искажала многупознатите зборови, што ги пееме на секоја утрена, а започнуваат вака: Мојата душа Го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој (Лука 1,46-47). Но она што следи после нив е особено важно. Имено, Таа вели: оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови (Лука 1,48). Она што ја направило Дева Марија Избраница на Господа е, превенствено, нејзиното крајно смирение. Смирувајќи се повеќе од сите луѓе, Пресвета Богородица се удостои од Бога да го добие највозвишеното послушание – да биде Мајка на Севишниот, и така да стане Посредница на Господа во спасението на светот. Еве, вечерва ќе слушнеме во стихирите дека токму преку Неа и ни доаѓа Божјата милост.Во продолжение, во зборовите на Пречистата, запишани од евангелистот Лука, има и еден стих во кој се вели: ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените (Лука 1,52). Со него Мајката Божја како да сакала да го навести новото време, времето на благодатта, што ќе настапи после воскресението на Спасителот. Тоа ќе биде време во кое ќе бидат возвеличени смирените, што ќе бидат издигнати на духовни престоли за да владеат преку љубовта Христова. И кога ќе погледнеме, целата историја на Новиот Завет е исполнување на овие зборови, бидејќи горите, пештерите и пустините се исполнувале со луѓе, кои во смирение Го барале Бога, и преку смирението успеале да се издигнат до небесните височини, запишувајќи ги засекогаш своите имиња во Книгата на живите. Сите тие пријатели Божји се непобитно сведоштво дека она што најмногу приближува до Господа е смирението. Затоа, да ја замолиме Онаа Којашто најмногу се восоврши во подвигот на смирението, да ни помогне на сите нас кои сакаме да бидеме со Бога, да ја придобиеме и ние таа спасоносна добродетел. Оти ние многупати велиме: „Јас Го љубам Бога. Сакам да бидам со Бога“. Но само зборовите не се доволни да нè приближат до Бога. Ако притоа не се учиме да се смируваме, ако не се вежбаме во смирение, ако преку подвигот на смирение не го очистиме срцето од сите страсти, од сите гревовни желби, тогаш Бог не ќе може да се всели во нашите срца. Не е лесно да станеш живеалиште на Бога. Потребен е подвиг, потребно е смирение. А кој друг би можел најдобро да ни помогне во тоа, ако не Богородица, Која како наша вистинска Мајка, најмногу нè разбира и ни снисходи. Да ѝ побараме во молитва силно да се застапи и за овие браќа монаси за да стекнат смирение, бидејќи, ете, тие го направиле својот прв чекор кон смирението, кога рекле: „оставаме сè во светот, потполно ја отсекуваме својата волја, и ќе се предадеме на послушание на игуменот, постарите браќа, ќе се трудиме верно и до крај да Му служиме на Бога и на луѓето“. И затоа сега тие се предводници во духовната борба. Секогаш молете се за нив, бидејќи, како што реков, тие се првата борбена линија во битката за освојување на Царството Небесно. Нека Пресвета Богородица, Која е сигурна потпора и заштитница на монасите, постојано ги штити, им дава смирение, и не само нив, туку и целиот род христијански да го поведе кон патот на смирението. Оти на сите им е потребно смирение. Ова особено важи за водачите на христијанските општества, кои доколку не се смират пред Бога и не побараат помош од Него, единствениот вистински Распоредител на власта, не ќе можат ни да бидат издигнати во вистинското достоинство, ниту ќе имаат способност на вистински начин да владеат со множествата. Така, ако тие не сфатат дека власта им е дадена од Бога, тогаш нивните престоли ќе бидат разрушени и ќе бидат симнати од власт, како што вели Богородица: ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените. Само смирените се тие кои би можеле на вистински начин да владеат најпрвин со себеси, а потоа и со другите, водејќи ги сите по вистинскиот пат.Да побараме оваа ноќ од Богородица да ни даде силна молитва и благодат да се молиме за целиот свет, за сите да ја познаат Вистината, која е Христос, родениот од Приснодева. И нека Богородица стане образец за сите мајки. Добро бдение!



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная