логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

osvetkonsvstef 1

„Радувајте се, луѓе, и веселете се! Ангелот што седеше на гробниот камен, тој ни благовести и ни рече: Христос воскресна од мртвите, Спасителот на светот, и со благ мирис ја исполни вселената! Радувајте се, луѓе, и веселете се“ (воскресна хвалитна стихира глас 2). 

osvetkonsvstef 2

На 04.09.2016 година, во 11 Недела по Педесетница и на празникот на св. мч-ци Агатоник, Зотик, Зинон и други и на св. мч-чка Антуса, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

osvetkonsvstef 3

osvetkonsvstef 4

 osvetkonsvstef 5

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.  По завршувањето на Литургијата, во присуство на многуброен верен народ, беше осветен и новиот конак во манастирот „Св. Стефан“ во Охрид. Новиот конак е изграден врз место на стари конаци, кои од забот на времето веќе беа руинирани. Со тоа, манастирот не само што ги збогати своите сместувачки капацитети, туку доби и еден сосема нов лик, пристоен и достоен за едно вакво древно светилиште. Митрополитот Тимотеј се заблагодари на сите кои се потрудија и дадоа свој дел во изградбата на конакот, а особена благодарност искажа кон старешината на манастирот, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, кој целосно и неуморно се вложи во изградбата на истиот. 

Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј. 

 osvetkonsvstef 6

Митрополит Тимотеј 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.Драги браќа и сестри, Денешното евангелско четиво, нè поучува дека нашиот Господ е милостив и ни ги проштева многуте наши престапи и гревови. Но, исто така, Он, од нас бара и ние да им ги проштеваме престапите и гревовите на нашите блиски, познати, па дури и на нашите непријатели. Он, особено бара да не се исполнуваме со омраза и со освета. Тоа е законот и прописот на нашиот Спасител Господ Исус Христос, односно, законот на Новиот завет.

Од историјата знаеме дека омразата и осветата никогаш и никаде не донеле мир и благосостојба. Напротив, поттикнувале војни, непријателства, убиства и многу маки и страдања. Уште во Стариот завет, и тоа во самиот почеток на Библијата се вели дека Каин го убива својот брат Авел, затоа што Бог ја примил жртвата Авелова. Каин, немал храброст да му прости на својот брат ниту една молитва. Неговиот, пак, внук Ламех го искажува своето начело: „Ќе убијам човек, кој ќе ме рани, и младич, ако ме удри" (1. Мојс. 4, 23). Овој принцип ќе биде проширен кај многуте народи, па дури и кај старите Римјани и античките Грци. Нам, исто така, познат ни е принципот „око за око" и „заб за заб". Тоа се сметало за достоинство, и доколку не се постапело така, се доживувало како навреда и слабост кон својот противник. Примајќи го, пак, христијанството, повеќето народи почнуваат овие старозаветни принципи да ги заменуваат со опростување, со помирување, односно, ги заменуваат со љубов. На тоа, уште од самиот почеток на христијанството, нè упатуваат многуте свети луѓе.
Да го земеме примерот на св. архиѓакон Стефан. Овој млад човек, кој со ништо не се огрешил кон тогашната Еврејска заедница во Ерусалим, ќе биде каменуван, а тој, пак, паѓајќи на колена, ќе ги види небесата отворени и ќе Го моли Господа Бога: „Господи, не примај им го ова за грев!" (Дела 7, 60). Св. ап. Павле, исто така, ги советува првите христијани: „Благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги, но не и да ги колнете" (Рим. 12, 14).
Овие христијански принципи се совршени. Но, се поставува прашањето, дали ние, како христијани, постапуваме така? Дали сме се издигнале на таа височина кон која сме повикани да бидеме? Дали сме се ослободиле од страстите и слабостите, од гревот и од омразата? Да бидеме објективни и искрени. Малкумина тоа го постигнуваат. Повеќе ни е прифатливо старозаветното начело. Начелото на одмазда и на освета, отколку Христовиот закон, законот на љубовта.
Ние, често пати, немаме храброст, смелост и доблест да им простиме на сопствените деца, на сопствените родители, браќа и сестри, а да не зборуваме за нашите непријатели. Не е спорно дека, за да се постигне ова, треба голема вера и добродетелен живот. А ние, бидејќи тоа го немаме во доволна мера, се однесуваме така како што се однесуваме. Некој можеби ќе каже, па нели нашиот Бог е љубов, а не простување и каење. Точно е дека Бог е љубов, но каде што е љубовта, таму има покајание и простување. Љубовта е причина, а простувањето е последица. Самиот Господ Исус Христос во Господовата молитва нè учи: „Прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници" (Мт. 6, 12). Како што кажавме на самиот почеток, денешното евангелско четиво нè поучува да им проштеваме на нашите должници. Ако се потрудиме да отфрлиме од нашата душа и од нашата мисла секаква омраза, злоба и пакост, тогаш, ќе создадеме погодна почва Бог да ја излие својата Божествена благодат и да постанеме сосуди на Светиот Дух. И тогаш ќе разбереме и ќе научиме дека Бог им проштева на тие што проштеваат. Бог ги милува тие што се милостиви.
Да се обратиме со искрена молитва кон св. Георгиј, во чијшто храм денес служиме и Бог нека ги услиши нашите молитви, така нека биде. Амин! 

osvetkonsvstef 8

osvetkonsvstef 9

osvetkonsvstef 11

osvetkonsvstef 12

 osvetkonsvstef 13

osvetkonsvstef 14

osvetkonsvstef 15

 osvetkonsvstef 16

 osvetkonsvstef 17

 osvetkonsvstef 18

11. недела по Педесетница
04.09.2016 год.
Храм „Св. вмч. Георгиј" Охрид



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная