На 28.08.2016 година, по повод манастирската слава „Успение на Пресвета Богородица “ во Лешочкиот манастир, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво отслужи Света Божествена Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата пееше женскиот хор „Менада“ од Тетово, под раководство на маестро Ивица Зориќ. По светата Литургија беа благословени кумските лебови.
За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија