50-годишното автокефално живеење на МПЦ-ОА прославено во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка
На 15.10.2017 година, во Деветнаесеттата недела по Педесетница, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Високопреосветените митрополити г. Јосиф, г. Петар, г. Агатангел, г. Пимен, г. Иларион, г. Јосиф и г. Климент, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, каде што Кумановско-осоговската епархија свечено го прослави полувековниот јубилеј Македонската Православна Црква.


СКОПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА
Во сите времиња човечката душа била бојно поле меѓу доброто и злото, и нашето доба не е исклучок. Згора на тоа, денес злото, за што сведочи разурнувачка дехристианизација на Западна Европа и зајакнување на меѓународниот тероризам, дејствува особено активно, користи се полукави методи, знае да стави привлечна обвивка и да ги менува вистинските вредности со лажни.
Во среда, на 18.10.2017 година, со почеток во 19:00 ч. во салата на соборната црква „Свети Климент Охридски“ во Скопје ќе се одржи отварање на изложбата на витражни икони „Светоносен иконостас“, од упокоениот полски православен иконописец Адам Сталони Добжански (1904-1985). Изложбата, која ќе трае до 2.12.2018 г.,е организирана под покровителство на Неговата екселенција амбасадорот на Република Полска во Скопје,
Делегација на Факултетот за безбедност-Скопје предводена од продеканот за наука и развој доц. д-р Марјан Ѓуровски, а во чиј состав беа Раководителот на Катедрата за општество-политички и правни науки проф. д-р Цане Мојаноски и доц. д-р Александар Иванов оствари посета на Богословскиот факултет „Св.Климент Охридски„-Скопје придружна членка на Универзитетот „Св.Крил и Методиј„-Скопје и беше применa од Деканот проф. д-р Ѓоко Ѓорѓиевски и продеканот за настава доц. м-р Петко Златевски.





во соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје, секој вторник по Вечерната богослужба, која започнува во 17:00 ч., ќе се чита Акатистот кон преподобниот Јоаникиј Ракотински. Притоа, како и секоја недела и на секој празник, кивотот со моштите на светиот Јоаникиј ќе биде отворен за поклонување од страна на верните.



























