БEСEДА за всeлувањeтo на Христа вo срцата на вeрницитe
![Molitveno.jpg Molitveno.jpg](/images/stories/vesti14/Molitveno.jpg)
Знаците на ’растот до полнотата Христова’ во пределите на земното се: молитва слична на Христовата Гетсиманска молитва и умирање слично на Неговото на Голгота. При ова човекот во полна мера влегува во Божествената вечност. Ова е влегување во радоста на својот господар (Мат. 25, 21).
Љубовта, пламенот којшто Христос го фрли во душата на човекот, има восхитливо својство: го води нив бездни и височини кои никому инаку не се достапни, му дава да го совлада секое страдање, па и смртта, често го фрла во неопишлива бесконечност, во која е сам, напрегајќи се повторно да ја здогледа Светлината на љубениот Бог. Таков е процесот на очистувањето на нашата природа.
На 20.11.2016 година, во 22-та Недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, игуменот Григориј Настески и свештениците од црквата Св. Кирил и Методиј (параклис), отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 02.12.2016 година (петок), од 10,30 часот, во храмот на св. Петка, гостин ќе биде професорот на Теолошкиот факултет м-р Петко Златески.
Тема на предавањето е : „Денес, како да го читаме Светото Писмо“.
Мoмчeтo му рeклo дeка и да има и да нeма жeдни за таквo питиe, тoј e дoлжeн да гo испoлни свoјoт дoлг и да нe гo запoставува Бoжјиoт дар. Млeкoтo Григoриј гo прoтoлкувал какo oбична пoука на нарoдната маса за мoралниoт живoт и владeeњeтo, а винoтo какo наука oд дoгматски карактeр.
Во организација на МПЦ-ОА Тетовско-гостиварската епархија и Матица Македонска, беше промовирана книгата „Огледало за Огледало од Кирил Тетовец Пејчиновиќ“ од авторот Борис П. Момироски Лешанин. Промотори на книгата беа Неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан и проф.д-р Марко Китески.
На 21. ноември 2016 година, ден во кој Црквата ги прославува светиот архистратиг Михаил и останатите небесни сили, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан претстојателствуваше на света Архиерејска литургија во црквата „Свети Архангел Михаил“, во населба Автокоманда. На литургијата во презвитерски чин беше ракоположен ѓаконот Радован Цековски.
Послушанието во себе содржи сѐ. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово.
Обновена е веб-страната на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“. За најновите настани, активности, и трудови издадени од Богословскиот факултет, може да се информирате на pbf.edu.mk.Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје е основан во 1977 година, десет години од возобновувањето на Македонската православна црква (1967-1977).
На 13.11.2016 година Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Троица во Маџир Маало, а по повод една година од неговото осветување. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Радован Цековски.
Духовниот живот – растот на човековата личност во благодатта – секогаш е свесен, бидејќи несвесноста е обележје на гревот, “спиење на душата“. Затоа човек треба постојано да биде во будна состојба, да се однесува како син на светлината – да живееме како деца на светлината (Ефес. 5,9), според зборовите на апостол Павле: стани ти што спиеш, и воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли.
Пoдгoтвeнo срцe значи oчистeнo срцe oд гoрдoста и смирeнo прeд вeличиeтo на силата и мудрoста Бoжја. Пoдгoтвeнo срцe значи испразнeтo срцe oд ситe жeлби и свeтски мeчтаeња и испoлнeтo eдинствeнo сo стрeмeж кoн Бoга и љубoв кoн Бoга. Пoдгoтвeнo срцe значи излeкуванo oд ситe
нeспoкoјства, грижи и страв, и смирeнo и oхрабрeнo сo присуствo на благoдатта Бoжја.
Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува.
Кoга свeштeнo лицe извршува бeззакoниe, нeгo гo пoстигнува мнoгу пoтeшка казна oткoлку кoга таквo бeззакoниe извршува oбичeн мирјанин, кoј e пoмалку упатeн вo тајнитe на вoлјата Бoжја. Св. Арeта бил мoнах вo Пeчeрскиoт манастир и бил мнoгу срeбрoљубив. Вo нeгoвата кeлија имал натрупанo бoгатствo oд кoe на никoгo нe му давал ниту eдна лeпта.
„Господ ќе излее слово и мудрост од нив..., и мнозина ќе го фалат нивното знаење. За векови тоа нема да биде уништено и нема да отстапи од нив, и нивното име ќе живее од поколение во поколение. Народите ќе раскажуваат за нивната мудрост, а Црквата ќе објавува за нив похвала (Извадок од пофалното слово на Св. Климент Охридски за Свв. Кирил и Методиј, преславните учители на словенскиот народ, според Книгата Мудрост Сирахова).
Светата православна црква е болница, во која се лечиме сите од нашите страсти и гревови, но истовремено таа е и фабрика за светители. Според континуитетот и бројот на „произведени“ светители се гледа колку е жива, развиена и здрава една црква. Светоста не е одредена само за монасите или свештенослужителите, туку секој од нас е повикан кон светост, или поточно, кон единство со Бога и со ближните...
Среде овие релативно топли есенски денови, невообичаени за доцна есен, Рајчичката света Обител е во екот на интензивно градење, како резултат на зголемените потреби на сестринството во последните неколку години. Но за да се постигне ова, Обителта мораше да помине низ еден подолг период на подготовки со купување на земјиште и создавање на услови за денешното проширување. Затоа радоста на сестринството е неизмерна,
Црквата, според својата структура, е богочовечки организам, кој е складен само тогаш кога сите негови служби и дарови се во меѓусебна согласност. Затоа и апостолот Павле вели: „И не може окото да и рече на раката: Не си ми потребна, ниту, пак, главата на нозете: Не сте ми потребни... за да нема расправии во телото, а органите подеднакво да се грижат едни за други (1Кор. 12, 21-25).