Откако ги совладавте душевните страсти со силата на Словото, станавте управници на земјата на халдејските народи, бидејќи добродетелта знае да им додели почести на оние што ја имаат, мудри потомци на племето Давидово!“ (песна од канонот на Утрена во Недела на светите Праотци).
На 24.12.2017 година, во Неделата на светите Праотци, а по повод 750 години од сликањето на струшката икона на светиот великомаченик Ѓорѓи, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Илија Танаскоски и Димче Ѓорѓиески, протоереите Васко Голабоски и Темелко Донески, свештениците Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Васил Ристовски и Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.
Извор: Дебарско- кичевска епархија