логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Скопје, 28ми март 2021 год.-храм на Свети Три Јерарси (во о.Центар)

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

На 28ми март  2021 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:
    Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии
  • Евангелие според Марко зачало 7мо
                                       Марко 2,1-12

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Aleksandar.N.sv.Haralampij

На 28ти март 2021 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прoслави споменот на Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии, отец Николај Киранџиќ отслужи Божествена  Литургија во храмот на Светите Три Јерарси. На  Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа.

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

Не случајно, драги браќа и сестри, светата православна Црква одредила ова Евангелие да се чита на денешната втора великопосна недела. Во него ни се истакнуваат многу добродетели. Пред се тоа ни покажува како треба да им помагаме на нашите ближни, како што и во евангелскиот пример четворицата луѓе му помогнале на фатениот да дојде при Христа. Потоа ни покажува каква треба да е нашата вера во Бога, онаква каква што имал фатениот човек цврста и непоколеблива. Ни покажува дека постојано треба да се надеваме во милоста Божја, т.е. секогаш да се трудиме и да твориме со надеж во Божјата милост. И на крајот, не потсетува дека гревот е причинителот на секоја наша немоќ и болест, па затоа да го засилиме нашето покајание. Да не дозволуваме времето да ни поминува залудно, туку благоугодно да го исползуваме за покајание и за духовно искачување кон совршенството – кон Бога. Зашто ризницата на Божјото милосрдие секогаш е отворена за секого од нас и нејзе не можат да ја победат гревовите, а ние можеме да бидеме соучесници во неа само, ако искрено се покаеме.“- (Повеќе)

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

  • Aleksandar.N.sv.Haralampij

недела, 14 март 2021
Освет на храмот
Свети Три Јерарси во Центар

  •  Aleksandar.N.sv.Haralampij
  •  Aleksandar.N.sv.Haralampij
  • Aleksandar.N.sv.Haralampij

    На 14.03.2021 година, на празникот Прочка – Велики поклади, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, го освети храмот „Свети Три Јерарси„ во Центар.

    По Осветот беше отслужена Златоустова литургија.
    Верниот народ се причести со светите Христови тајни.
  • Aleksandar.N.sv.Haralampij
  • Aleksandar.N.sv.Haralampij

 

  •  пп
  •  Март 2021 лето Господово

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

 Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и...

« »