Скопје, 26ти јули 2020 г.- храм на св.Јован Крстител, н.Капиштец
На 26.07.2020 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Светиот Архангел Гавриил
- Свети Јулијан, епископ Кеномански во Галија
На 26ти јули 2020 година, во шесттата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на Светиот Архангел Гавриил,Свети Јулијан, епископ Кеномански во Галија,, свештеникот Михаил Таневски во сослужение на ѓаконот Игор Трпкоски oтслужи Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе неколку пастирски поуки.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Во доброто помага Бог, а во лошото демоните. Но, тоа зависи од нашата волја. Треба себеси да се принудуваме на доброто, но знаејќи ја својата мерка. Треба да ја проучиме својата душа и она што е полезно за неа. На некого му е полезно да се моли повеќе, на некого да чита или да пишува. И да се чита е полезно, но подобро е да се молиш нерасеано, а уште подобар е плачот. Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа. Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот.
Преминпортал (к.т.)
Друго: