Скопје, 13.03.2020 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
На 13ти март 2020 година, во неделата на Православието, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на преп. Јован Касијан; преп. Варсануфиј , во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ереј Спасе Таковски во ссослужение на ѓаконот Благоја Ристевски отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. Бројниот верент народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата свештеникот Ангел Сердарски отслужи Мал петочен водосвет.
Божествената Литургија на претходноосветени дарови е една од најчудесни и трогателни богослужби во Црквата. Истовремено, таа е и итен повик за често причестување со Светите Христови дарови. Во неа го слушаме гласот на старите векови, гласот на живото, древно Црковно предание. Овој глас вели дека верникот не може да живее со животот Христов доколку постојано не ја обновува неговата врска со изворот на животот, преку причестувањето на Телото и Крвта на нашиот Господ Исус Христос. Оти Христос, според зборовите на апостолот, е „нашиот живот“. (Кол. 3,4).
Од архивата на Преминпортал:
Друго:
Друго:
Друго: