Скопје,02.11.2018 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
На 2-ри ноември 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Св. вмч. Артемиј; преп. Герасим Кефалониски
Во дваесетивтората недела по Педесетница, на празникот на Св. вмч. Артемиј; преп. Герасим Кефалониски, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Љупчо Вељановски во сослужение на ѓаконот Методиј Митановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.И во овој петок се направи мал петочен водосвет, а отец Спасе Таковски се помоли за здравје на верниот народ.
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).-Старец Ефрем Катунакиотски
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица (06.05.2018)
- Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица,Скопје (19.10.2018)