На 28. 05. 2019 година, на денот на канонизацијата на Св. Гаврил Епископ Велички Светогорец, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики, Неговото Блаженство, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот, Игуменот Агатон и свештеници од МПЦ - ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија.
Содражајна и поучна беседа одража Неговото Блаженство г. г. Стефан, по што го освети новиот фрескоживопис во припратата на манастирот и го благослови празничниот леб.