Скопје, 26.05.2019 - храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец
Недела на жената Самарјанка
(Недела 5 по Воскресение)
светиот апостол Јован 4:5-42
На 26ти мај .2019 година, во пета недела по Воскресението (недела на Самарјанката), кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Св. мч-ца Гликeрија, Светиот маченик Александар,во храмот посветен на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец, свештеникот Славчо Костадиновски во сослужение на ѓаконот Игор Трпкоски, отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Божествената Благодат бега од горделивиот и преминува кај смирениот. Оној што има високо мислење за самиот себеси, всушност е надвор од себе (безумен), бидејќи наместо да Му благодари на Бог за сите добра што му ги даде, тој Го онеправдува бидејќи за свои ги смета даровите Божји.
Preminportal.com
(к.т.)
Друго:
- Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, Скопје (29.07.2018)
- Славчо Костадиновски: ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА (16.07.2017) ...
- Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец (16.05.2017)