Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2024
Раѓањето твое, Богородице Дево,
радост ѝ јави на целата вселена,
зашто од тебе засветли Сонцето на правдата
Раѓањето твое, Богородице Дево,
радост ѝ јави на целата вселена,
зашто од тебе засветли Сонцето на правдата
Поучувајќи се во Законот Господов ден и ноќ,
гледајќи дека овците бесловесни го бараат пастирот свој,
ти Созонте мачениче пред нозе Христови припадна.
Сину на послушноста,
вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува,
о сило побрза од молњата,
Со свештенчката одежда заштитен,
премудри Захарие Божји,
жртва благопријатна, свештено си принесувал,
бивајќи светилник и тајновидец,
Твоите деца духовни о свети Вавило,
Урван, Прилудијан и Еполоние,
станаа новонасадени маслини во Господовите градини,
Радувај се роде човечки, радувај се Никомидио,
ете од тебе Бог порасна фиданка, која стократен плод ќе принесе,
преку неа врати ќе се отворат,
Блажен си ти Маманте кој тргна по патот Господов,
ѕверовите природни ги скроти, а се засолна од луѓе ѕверолики,
природата се поврати во служба на човека,
Симеоне свети подвижниче,
подвиг пред Господа голем принесе,
надминувајќи ја човечката природа на столб се подигна.
Пастирот Христос преку тебе светилник на столбот постави,
да свети по сите краишта земни,
да се распространува светлината Христова,
Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето,
ризата и појасот на твоето пречисто тело
си ги дарила на твојот град како моќна ограда,