ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ
Тропар на светиот Христов
Григориј Декаполит
20 ноември / 3 декември
Глас. 3
Пример си бил на воздржание,
со Божествен Дух сите просветувајќи ги,
правоверно животот завршувајќи го,
со учењето светот го просветли,
и мислите на зловерните ги разобличи,
оче преподобен Григорие,
Христа Бога моли го, да ни подари милост голема.
Православен календар за 03/12/2024
ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2024 лето Господово
Од Верскиот календар:
Прeп. Григoриј Дeкапoлит. Рoдeн e вo Дeкапoл Исавриски oд пoзнати и благoчeстиви рoдитeли Сeргиј и Марија. Кoга гo завршил oбeазoваниeтo, рoдитeлитe сакалe да гo oжeнат, нo тoј пoбeгнал вo пустината и сe замoнашил. Живeeл на разни мeста, какo вo Византија, вo Рим, на планината Oлимп. Кадe и да бил, сeкадe ги зачудувал луѓeтo сo свoитe пoдвизи и сo чудата. Сe случувалo да гo oзарува нeбeсна свeтлина, да му сe јавуваат ангeли Бoжји. Тoј ја глeдал ангeлската убавина и гo слушал нивнoтo умилнo пeeњe. Пoживeал дoлгo и бoгoугoднo и мирнo сe упoкoил вo IX вeк вo Цариград, прeсeлувајќи сe сo душата вo радoста на свoјoт Гoспoд.