ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ
Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (трет ден)
Тропар на светиот Христов
архиепископ Александриски
К И Р И Л
9 јуни / 22 јуни
Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,
тој Господи љубовта Твоја ја повикува.
За Името Твое глава веднеејќи, и за нетлената одора на Онаа која те роди,
на Кирил свети полкови ангели му испрати.
О свети Божји угодниче,
молитвата твоја за црквата да не престане,
и многу ако бидат маките на верните,
сите нека се најдат спасени во Небесното пристаниште.
Слава и ниње...
Кондак
Кириле свети Божји угодниче,
кој Несториевата заблуда ја згазна,
преку солзи молитвени црквата ја смири,
моли се пастиру Христов во сите времиња кои наидуваат,
новотариите да согорат под пламенот на вистината,
лагите да се стопат како восокот на свеќата,
и во сечиј ум, срце и душа да пребива светлината Христова.
Тропар на преподобниот отец
Кирил Белоезерски
9 јуни / 22 јуни
Господ, блажен Кириле ти ги откри
тајните на многу срца и искусен лекар
те направи на човековите души.
Љубовта твоја поучена од Христа
брза молитва и денес твори
за спасение на многумина кои се борат
но и вични станаа на правилата на љубовта.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на светите
Христови монахињи
Текла, Маријамна, Марта,
Марија и Ената
9 јуни / 22 јуни
Ве избави Спасителот од устата на волкот,
и исполнувајќи го срцето ваше
со благодат а умот со вистината
која ослободува о девственички свети
Текла, Маријамна, Марта, Марија и Ената
и устрои Великиот да ги услиша моливите
ваши за секој кој вас ве чествува
и Љубовта ја прославува во вечни векови.
Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче
Од Верскиот календар на МПЦ (22.06.2024)
ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2024 лето Господово
Од Верскиот календар:
Свети Кирил, архиепископ Александриски
По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и сметаа дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во Црквата оној којшто еднаш отпаднал, колку и горко да се кае. Кирил нив ги победи и ги протера од Александрија, нив и нивниот епископ. Борбата со Евреите беше многу потешка и покрвава. Евреите се имаа засилено во Александрија уште од времето кога Александар Велики го основа тој град. Нивната омраза кон христијаните беше бесна и подмолна. Тие ги убиваа христијаните безмилосно и подло, ги труеја, ги распнуваа на крст. По долга и тешка борба Кирил издејствува кај Царот Теодосиј Помладиот да се протераат Евреите од Александрија. Неговата борба против Несториј, патријархот Цариградски, ја реши Третиот Вселенски Собор во Ефес. Со тој Собор претседаваше самиот Кирил, истовремено застапувајќи го и Римскиот папа Целестин, на негова молба, бидејќи тој од старост не можеше да дојде на Соборот. Несториј беше осуден, анатемисан и од царот прогонет на источната граница на царството, каде што и умре со ужасна смрт (зашто црви му го разјадуваа јазикот со којшто Ја хулеше Пресвета Богородица, нарекувајќи Ја Христородица). Откако заврши борбата, Кирил поживеа во мир и ревносно го пасеше стадото Христово. Се престави кај Господ во 444 година. Се вели дека тој ја составил „Богородице Дево, радувај се! “(МПЦ-ОА)