логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
Pravedniot.Jov.jpg

Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак.

 Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици аријанци ја оставија својата злобна ерес и се вратија во Православието. За овој знак патријархот Кирил му пиша на царот Констанс, којшто и самиот клонеше кон аријанството. Тоа се случи на 7 мај 357 година.

И во таа прилика се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања според телесниот човечки разум, туку во силата Божја, објавена преку чуда и знаци многубројни.

 


Светиот маченик Акакиј

Овој светител беше римски офицер при царот Максимијан. Одговарајќи на суд за својата вера во Христа, тој рече дека таа благочестива вера ја наследил од родителите и дека во неа се утврдил гледајќи ги многубројните чудесни исцеленија од моштите на христијанските светители. После големи маки претрпени храбро во тракискиот град Пиринт, Акакиј беше спроведен во Византија, каде издржа нови маки, додека најпосле не го убија со меч. Чесно пострада и се пресели во царството на вечната радост во 303 година.

Преподобните отци грузиски

Во 4 век, а двесте години откако Света Нина го проповедаше Евангелието во Грузија, му се јави Пресветата Мајка Божја на Јован, подвижник антиохиски, и му нареди да избере дванаесетмина од своите ученици и да отиде во Грузија за да ја утврди православната вера. Јован така и направи. Кога дојдоа во Грузија, овие дванаесет мисионери беа свечено дочекани од кнезот на таа земја и од католикосот Евлалиј и веднаш со ревност ја започнаа својата работа. Народот притекнуваше околу нив во толпи и тие го утврдуваа во верата со голема мудрост и многубројни чуда. Началник на сите овие христољубиви мисионери им беше Свети Јован Зедазниски. А нивните имиња се: Авид, Антониј, Давид, Зинон, Тадеј, Иса, Издериос, Јосиф, Михаил, Пир, Стефан и Шијо. Со апостолска ревност сите тие ја утврдуваа Христовата вера во Грузија, основаа многу манастири и оставија зад себе многубројни ученици. Така се удостоија со слава на небесата и со сила на земјата.

  

Свето Евангелие од светиот апостол Јован 18

Во она време, кога ги подигна Исус очите и виде, дека кон Него иде многу народ, му рече на Филипа: „Од каде да купиме леб, за да јадат овие?” А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи. Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно за двесте динарии леб, па да добие секој од нив по малку.” Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симона Петра, Му рече: „Овде се наоѓа едно момче, кое има пет јачменови лебови и две риби; но што е тоа за толку души?” Исус рече: „Кажете им на луѓето да поседнат!” А на тоа место имаше многу трева. Тогаш поседнаа луѓето, на број околу пет илјади. Исус кога ги зеде лебовите, заблагодари и им ги подаде на учениците, а учениците на оние што поседнаа; исто така и од рибите, по колку кој сакаше. А кога се наситија, им рече на учениците Свои: „Соберете ги останатите парчиња, за да не се загуби ништо!” И од петте јачменови лебови собраа и наполнија дванаесет кошеви парчиња, што им преостанаа на оние што јадеа.


Радоста што ја чувствува човекот кога ќе добие материјален дар е човечка радост, а радоста што ја чувствува кога дава е божествена. Божествената радост доаѓа со давањето!

 
Commemoration of the Appearance of the Honorable Cross Over Jerusalem


During the reign of Emperor Constantius, the son of St. Constantine, and Cyril the Patriarch of Jerusalem, the Honorable Cross appeared about 9:00 a.m. stretching out from Golgotha to above the Mount of Olives. This cross was brighter than the sun and more beautiful than the most beautiful rainbow. All the people, both believing and unbelieving, left their work and, in fear and amazement, observed this heavenly sign. Many unbelievers converted to the Faith of Christ, and so also did many Arian heretics abandon their evil heresy and returned to Orthodoxy. About this sign Patriarch Cyril wrote a letter to Emperor Constantius (337-361 A.D.) who leaned toward Arianism. This occurred on May 7, 357 A.D. Thus, even on this occasion it was demonstrated that the Christian Faith is not worldly theorizing, according to sensual understanding of man, but rather in God's power, demonstrated through numerous miracles and signs.


Holy Martyr Acacius


St. Acacius was a Roman officer during the reign of Emperor Maximian. Answering for his faith in Christ at the trial he said that he inherited this devout Faith from his parents and was strengthened in it by witnessing the many miraculous healings from the relics of Christian saints. After courageously enduring great tortures in the Thracian city of Pyrrinthus, Acacius was taken to Byzantium where he endured new tortures until he was finally beheaded. He suffered honorably and took up habitation in the eternal kingdom of joy in the year 303 A.D.


Venerable Fathers of Georgia


In the sixth century and two hundred years after St. Nina preached the Good News in Georgia, the All-Holy Mother of God appeared to John, an Antiochian ascetic, and commanded that he select twelve of his disciples and go to Georgia to strengthen the Faith of Orthodoxy. And so he did. Arriving in Georgia, these twelve missionaries were solemnly received by the prince of that country and the Catholicos Eulalius and immediately began their work with zeal. The people gathered around them in masses and they strengthened them in the Faith with great wisdom and many miracles. The head of these Christ-loving missionaries was St. John Zedazneli and the names of the others were: Abidus, Anthony, David, Zeno, Thaddeus, Jesse, Isderius, Joseph, Michael, Pyrrus, Stephen and Shio. With apostolic zeal they all confirmed the Faith of Christ in Georgia, established many monasteries and left many disciples after them. Thus, they were made worthy of glory in the heavens and power on

 

Elder Paisius

Now then, my brother, we must take care never to sever from Christ, and regularly keep in touch with Him through prayer. As for prayer, it should be preceded by attention, lest it happens as the prophet David says: “…let his prayer be counted as sin” (Ps. 109:7). During prayer, and especially before it, at your monastic task, guard yourself from unnecessary talks, so that you can pray afterwards undistracted and unharmed, since many words cause many misunderstandings. If you want to talk, Christ rejoices when His children turn to Him through prayer. Do not comfort yourself with spiritual conversations either when there is no holiness, because it starts with spiritual things and ends in gossip. If others talk or condemn and alike, that should not concern you, but your own sins and also seeking God’s mercy through the unceasing conversation Lord Jesus Christ have mercy on me, a sinner.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2035
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2557
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная