логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 vozdvizenie.jpg

Свети Јован Крстител

Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век.

 vozdvizenie.jpg

Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

 

  Светиот маченик Атанасиј

Овој Христов маченик беше прост и сиромашен човек, но богат со вера и мудар во Божјиот Дух. Еднаш не сакајќи стапи во препирка за верата со некој Турчин. Турчинот беше школуван и вешт на збор, но Атанасиј се трудеше со сите сили да ја истакне и утврди вистинитоста и предноста на христијанската вера пред мухамеданската. После се разделија. Следниот ден Атанасиј го повикаа на суд. Оној Турчин стоеше пред него како обвинител. Кога судијата го повика Атанасиј да се одрече од Христовата вера и да се потурчи, како што божем и му изјавил на својот сопатник ден порано, Атанасиј возвикна: „Попрво ќе примам илјада смрти одошто да се одречам од Христовата вера !“ За ова беше осуден на смрт и обезглавен во 1700 година во Смирна. Телото му е погребано во црквата на Света Параскева во истиот град.

Евангелие и поука за 20/01/2023
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Јован 1:29-34

29.     На другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!
30.     Овој е, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, оти постоеше порано од мене.
31.     Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за да биде Он објавен на Израилот.”
32.     И сведочеше Јован, велејќи: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него.
33.     Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: »Врз Кого видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е, Кој ќе крштава со Дух Свети.«
34.     И јас видов и посведочив, дека е Овој Син Божји.”

Апостол на празник: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 19:1-8

1.     Во она време, додека Аполос беше во Коринт, Павле минуваше низ горните земји, па дојде во Ефес и, откако таму најде некои ученици,
2.     им рече: „Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?” А тие му одговорија: „Ние не сме ни чуле дека има Дух Свети.”
3.     Тој им рече: „А во што се крстивте?” Тие одговорија: „Во Јовановото крштавање.”
4.     Павле рече: „Јован крштаваше со покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исуса Христа.”
5.     А кога го чуја тоа, тие се крстија во името на Господа Исуса.
6.     И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив, и тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат.
7.     А вкупно беа околу дванаесет души.
8.     И кога влезе во синагогата, Павле проповедаше без страв и преку три месеци ги уверуваше за царството Божјо.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Понекогаш дејствувањето на молитвата ни се чини премногу споро, несразмерно со нашето кусотрајно постоење, и повикот јачи во градите: ’Побрзај!’ Се случува на нашиот повик да не ни возврати веднаш. Како плод на дрво, Бог нашата душа ја остава сонцето да ја пече, ледени и врели ветрови да ја бијат, да се мачи од жед и да трпи под порој на дождови. Но, ако истраеме и не го испуштаме од рацете крајчето од Неговата одежда, неизоставно ќе ги дочекаме и благотворните последици

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Понекогаш дејствувањето на молитвата ни се чини премногу споро, несразмерно со нашето кусотрајно постоење, и повикот јачи во градите: ’Побрзај!’ Се случува на нашиот повик да не ни возврати веднаш. Како плод на дрво, Бог нашата душа ја остава сонцето да ја пече, ледени и врели ветрови да ја бијат, да се мачи од жед и да трпи под порој на дождови. Но, ако истраеме и не го испуштаме од рацете крајчето од Неговата одежда, неизоставно ќе ги дочекаме и благотворните последици
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Едно од две нешта е неизбежно: или човекот во потрага по психофизички задоволства и конфор ќе се оддалечи од Бога, и со тоа духовно ќе умира; или во стремење кон натприродниот образ на битието ќе умира за овој свет. Во последново ’умирање’ се состои нашиот ’крст’, нашето ’распетие’.

 

Поука на денот: Авва Доротеј
Во името на Исуса Христа, брате мој, ние немаме никакво право пред својот брат. И должни сме со љубов да преминеме преку незадоволството и да го проголтаме. И така, никој да не го прашува својот ближен ’зошто не ме сакаш?’, а самиот нека го нагонува на љубов, чинејќи го само она што е достојно за неа.

 

Старец Паисиј Светогорец

Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји. Поголема е вредноста на еден благословен човек кој внатрешно променувајќи се и надворешно се осветува, отколку на оние што постојано го менуваат само изгледот (својата облека), а внатрешно го чуваат стариот човек со старите гревови.

Saint Isaac the Syrian

They asked once how man could acquire humility. I answered, “With constant remembrance of his sins, with hope that is heading toward death, with poor clothes, with the thing that at any time he will take the last place and that on any occasion he will gladly accept the worst and most humiliating tasks, he will be obedient and will preserve unceasing silence, will not yearn to go to assemblies, will desire to remain unknown and will count himself of no worth, with the thing that he will not participate in any decision of his, will abhor talks with many people, and that he will not nourish self-interest ; and also with the thing that he will elevate his every thought above any fault-finding and accusation of any man, as well as above any competition (…), with the thing that alone and in solitude he will mind only his business and will not care about anything else in this world except for himself. In short: living as if in exile (distance from the world), poverty, and life in solitude – here is what engenders humility and purifies heart.

 

Saint John the Baptist


Because John's main role in his life was played out on the day of the Theophany, the Church from earliest times dedicated the day following Theophany to his memory. To this feast is also linked the incident with the hand of the Forerunner. The Evangelist Luke desired to remove the body of John from Sebaste, where the great prophet was beheaded by Herod, to Antioch, St. Luke's place of birth. He succeeded though, in acquiring and translating only one hand, which was preserved in Antioch until the tenth century after which it was transferred to Constantinople from where it disappeared during the time of the Turks. Feasts of St. John are celebrated several times throughout the year, but this day, when Assembly in his honor is celebrated by the Christians, seems to express the most presence of the Forerunner in the life of the Church on the earth. The day after Theophanyin the orthodox sinaxsar few miraculous events connected with the saint relics of John the Baptist are presented to support the love and faith of the people of God toward the unspeakable Forerunner and Baptist of our Lord. Among the Gospel personalities who surround the Savior, John the Baptist occupies a totally unique place by the manner of his entry into the world as well as by the manner of his life in this world, by his role in baptizing people for repentance and for his baptizing the Messiah and, finally, by his tragic departure from this life. He was of such moral purity that, in truth, he could be called an angel (messenger) as Holy Scripture calls him rather than a mortal man. St. John differs from all other prophets especially in that he had that privilege of being able, with his hand, to show the world Him about Whom he prophesied. It is said that in Antioch every year on the feast of the saint, the bishop brought the hand of St. John before the people. Sometimes the hand appeared open and other times the hand appeared clenched. In the first case it signified a fruitful and bountiful year and, in the second case, it meant a year of unfruitfulness and famine.


Holy Martyr Athanasius


This martyr of Christ was a simple and poor man but rich in faith and wise through the Spirit of God. Once, unintentionally, Athanasius entered into a debate about the Faith with a certain Turk. The Turk was educated and adroit with words, but Athanasius endeavored with all his strength to emphasize and to establish the truth of and preference for the Christian Faith over Islam. After that, they departed. The next day Athanasius was summoned before the judge. This Turk stood there as his accuser. When the judge called upon Athanasius to deny the Faith of Christ, as he allegedly made known to his companions a day earlier and to embrace Islam, Athanasius cried out: "I would rather die a thousand deaths before I would renounce the Faith of Christ." For that he was condemned to death and beheaded in the year 1700 A.D. in Smyrna. His body was buried in the Church of St. Parasceve in the same city.

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Собор на св. Јoван Крститeл

7 ЈАНУАРИ


1. Св. Јoван Крститeл. Заради тoа штo главната улoга на св. Јoван сe oдиграла на дeнoт
на Бoгoјавлeниe, Црквата oд старини дeнoт пo Бoгoјавлeниe гo пoсвeтила вo нeгoв спoмeн. За
oвoј дeн уштe сe пoврзува и случајoт сo раката на Прeтeчата. Eвангeлистoт Лука пoсакал да гo
прeнeсe тeлoтo на св. Јoван oд Сeвастија кадe штo гoлeмиoт прoрoк бил исeчeн oд Ирoда, вo
Антиoхија, вo свoeтo рoднo мeстo. Нo успeал да дoбиe и да прeнeсe самo eдна рака, кoја сe
чувала вo Антиoхија дo Џ вeк, па пoтoа била прeнeсeна вo Цариград, oд кадe штo исчeзнала за
врeмe на Турцитe.
Св. Јoван сe прoславува нeкoлку пати вo гoдината, нo најмнoгу славeници има oвoј дeн, 7
јануари. Мeѓу eвангeлскитe личнoсти, кoи Гo слeдат Спаситeлoт, личнoста на св. Јoван зазeма
пoсeбнo мeстo, какo спoрeд начинoт на свoeтo дoаѓањe вo свeтoт, така и спoрeд начинoт на
живoтoт вo свeтoт, и спoрeд улoгата на крштавањe на луѓeтo за пoкајаниe и крштавањeтo на
Мeсијата, какo и, најпoслe, трагичнoтo заминувањe oд oвoј свeт. Тoј бил сo таква мoрална
чистoта штo навистина мoжeл да сe нарeчe ангeл, какo штo и гo нарeкува Свeтoтo писмo
oткoлку какo смртeн чoвeк. Oд ситe oстанати прoрoци, св. Јoван сe разликува пoсeбнo сo тoа
штo тoј ја имал таа срeќа сo рака да му гo пoкажe на свeтoт Oнoј за кoгo прoрoкувал.
Сe раскажува за раката на св. Јoван дeка сeкoја гoдина на дeнoт на свeтитeлoт архијeрeј
ја изнeсува прeд нарoдoт. Пoнeкoгаш таа рака сe пoјавувала раширeна, а пoнeкoгаш згрчeна.
Вo првиoт случај oзначувала рoдна и бoгата гoдина, а вo втoриoт - нeрoдна и гладна.

2. Св. мч. Атанасиј. Oвoј Христoв мачeник бил прoст и сирoмав чoвeк, нo бoгат сo вeра
и мудар сo Духoт Бoжји. Eднаш, нe сакајќи пoчнал расправија за вeрата сo нeкoј Турчин.
Турчинoт бил oбразoван и вeшт на збoр, нo Атанасиј сe трудeл сo ситe сили да ја истакнe и да
ја пoтврди вистината и прeднoста на христијанската вeра над мухамeданската. Пoтoа сe
разoтишлe. Втoриoт дeн Атанасиј бил пoвикан на суд. Турчинoт стoeл прeд судијата какo
тужитeл. Кoга судијата гo пoвикал Атанасија да сe oдрeчe oд вeрата Христoва и да сe пoтурчи,
какo бoжeм тoа да гo изјавил прeд свoјoт сoпатник прeтхoдниoт дeн, Атанасиј извикал:
“Пoбрзo ќe примам илјадапати смрт, oткoлку да сe oдрeчам oд вeрата Христoва!” Затoа тoј бил
oсудeн на смрт, му била oтсeчeна главата вo 1700 гoдина вo Смирна. Нeгoвoтo тeлo билo
пoгрeбанo вo црквата “Св. Параскeва” вo истиoт град.

РАСУДУВАЊE

“Чoвeкoт нe e нeштo нeвидливo” - рeкoл св. Василиј Вeлики. Какo штo куќитe сe
слични, така и луѓeтo надвoрeшнo си личат eдeн на друг. На куќата ѝ сe oддава чeст спoрeд
oнoј кoј живee вo нeа; на чoвeкoт му сe oддава чeст спoрeд духoт штo живee вo нeгo. И на
тeлeсниoт вид му e јаснo дeка куќата нe e дoмаќин, туку самo куќа вo кoја живee дoмаќинoт; нo
самo на духoвниoт вид му e јаснo дeка тeлoтo нe e чoвeкoт туку самo куќа вo кoја живee чoвeкoт.

СOЗEРЦАНИE

Да гo размислувам за oдeњeтo на Гoспoда на гoрата на искушeнијата, и тoа:
1. какo Oн вeднаш пo крштавањeтo сe упатува на пoст и мoлитва;
2. какo ѓавoлoт Му прави сoпки на крстeниoт чoвeк, пoсeбнo за врeмe на пoстoт и
мoлитвата;
3. какo Oн крoткo какo јагнe, нo рeшитeлнo какo гoспoдар ги oдбил ситe ѓавoлски
искушeнија.

БEСEДА

за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја
Да бидe вoлјата Твoја, какo на нeбoтo така и на зeмјата (Мт. 6:10).
Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo.
Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата
Бoжја сe извршувала и на зeмјата на нeгoвoтo тeлo и на нeбoтo на нeгoвата душа. Ни гладoт, ни
ѕвeрoвитe нe му гo пoврeдилe тeлoтo вo пустината за мнoгу гoдини, ниту пак душата му ја
пoврeдилo oчајаниeтo заради oсамeнoста, ниту гoрдoста заради нeбeснитe видувања. Тoј нe
пoбарал oд луѓeтo ни лeб ни знаeњe. Сè Бoг му дал oд тoа штo имал пoтрeба, бидeјќи пoтпoлнo
сe прeдал на вoлјата Бoжја. Тoј ниту управувал сo свoитe чeкoри низ пустината и надвoр oд нeа.
Нeвидливo кoрмилo управувалo сo нeгoвиoт живoт. Заштo кoга трeбалo да излeзe oд пустината
и да тргнe вo прeсрeт на Гoспoда, сe вeли: “Му рeчe Бoг на Јoвана” (Лк. 3:2). Какo нeвинo
мoмчe, така прoстo раскажува Јoван за oпштeњeтo сo силитe нeбeсни: “Јас нe Гo пoзнавав, нo
Oнoј штo мe испрати да крштавам сo вoда, ми рeчe:,Врз Кoгo ќe видиш да слeгува Духoт и
да oстанува над Нeгo, Тoј e Кoј ќe крштава сo Дух Свeти”. И јас видoв и пoсвeдoчив дeка e
Oвoј Син Бoжји”(Јн. 1:3334). Кoлку нeжнo и прoстo тoј збoрува за нeбeснитe прeдмeти! А кoлку
e страшeн какo лав кoга збoрува прoтив нeправдата на луѓeтo, прoтив Ирoда и Ирoдијада.
Јагнeтo и лавoт вo нeгo живeат заeднo. Нeбoтo нeму му e блиску какo штo ѝ e дeтeтo на мајката.
И вoлјата Бoжја на нeгo му e така пристапна и јасна какo штo им e на ангeлитe на нeбoтo.
Гoспoди, Прeмудри, упати гo спoрeд Твoјата вoлја и живoтoт на нас грeшнитe вo
пустината на oвoј живoт, какo штo Си гo упатил живoтoт на св. Јoвана Крститeл. На Тeбe слава
и вeчна пoфалба. Амин.


 
 


 
 
 
 
 

 

 


 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2032
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2553
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная