логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Преподобниот маченик Стефан Нови

Како некогаш Ана, мајката на Самуил, и Стефановата мајка Ана Го молеше Бога да ѝ подари еден син. Молејќи се така еднаш во црквата Влахерна пред иконата на Пресвета Богородица, ја фати лесен сон, во којшто Ја виде Пресветата Дева како блескаво сонце и слушна глас од Неа: „Оди си со мир, жено. Според твоите молитви имаш син во твојата утроба“. И навистина Ана зачна и роди син, овој свет Стефан. Во шеснаесетата година Стефан прими монашки чин на Аксентиевата Гора кон Цариград, од Старецот Јован, од кого се научи на Божествената мудрост и на подвижништво. А кога Старецот Јован се упокои во Господ, Стефан остана на таа гора строго подвизувајќи се и наложувајќи си труд на труд. Неговата светост привлече многумина ученици. Кога царот Константин Копроним ги прогонуваше иконите уште полуто од својот татко Лав Исавријанин, Стефан се покажа како ревносен заштитник на почитувањето на Светите икони. Безумниот цар примаше разни гнасни клевети против Стефан, а и самиот уредуваше разни сплетки само за да го скрши и да си го тргне од патот. Стефан беше прогонет на островот Проконис, потоа доведен во Цариград, окован и фрлен во затвор, каде што го сретнаа триста четириесет и двајца монаси затвореници, доведени од разни страни и затворени заради почитување на иконите. Во затворот го вршеа црковното правило како во манастир. Свирепиот цар го осуди Стефан на смрт. Светителот четириесет дена претходно ја предвиде својата смрт и се прости со браќата. Царските слуги го извлекоа од затворот биејќи го и тргајќи го го влечеа по цариградските улици, повикувајќи ги сите што се со царот да го каменуваат овој „противник на царот“. Некој од еретиците го удри со дрво по глава светителот и тој издивна. Како што првомаченикот Стефан пострада од Евреите така и овој Стефан пострада од иконоборните еретици. Славно го заврши животот во 767 година, во педесет и третата година од својот живот, кога прими маченички венец од Господ Христос.

Светиот новомаченик Христо

Албански христијанин, населен во Цариград, градинар по занимање. При продажбата на својот зеленчук се замери со еден Турчин, којшто го наклевети пред судот и рече дека Христо ветил дека ќе се потурчи па одрекол. После мачење го оковаа и го фрлија во затвор. Во затворот некој му понуди да јаде, но тој одби говорејќи: „Подобро гладен да се јавам пред мојот Господ“. Потоа извади врзоп пари што ги имаше под појасот и му ги даде на еден затвореник, со молба да му отслужат неклолку заупокоени литургии. Убиен е од Турците во 1748 година и засекогаш прославен во Царството Христово.

Преподобна Ана

Благородна жена. По смртта на својот маж прими потстриг од Св. Стефан Нови. Царот Копроним ја наговараше да рече дека имала недозволени односи со Св. Стефан за да може да го унижи пред народот. Но оваа света жена никако не сакаше да влезе во таа царева сплетка против Светителот когошто го почитуваше како свој духовен отец. Заради ова ја биеја, а потоа ја фрлија во затвор, каде што ја предаде душата на Бога.

Светиот благоверен цар Маврикиј

Погубен е заедно со неговите пет синови од царот Фока во 602 година.

vozdvizenie.jpg

Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици


Во времето на владеењето на царот Јулијан Отстапник, кога христијаните биле прогонувани, Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор ја напуштиле Никеја и се населиле во Солун. Потоа го оставиле Солун и се преселиле во Тивериопол, денешна Струмица. Тимотеј станал епископ на тивериополската Црква. Комасиј се откажал од војничкиот чин и се замонашил проповедајќи го словото на Вистината во тивериополските села. Евсевиј исто така бил монах којшто луѓето најмногу ги привлекувал со своите добри дела. Теодор, епископ, бил еден од триста и осумнаесете богоносни Отци кои учествувале на Соборот во Никеја. Кон овие четворица притекнале и Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кои што биле презвитери, Василиј и Тома коишто биле ѓакони, Еротеј, Даниил и Харитон коишто биле монаси и Сократ кој порано бил војник, но се откажал од сѐ и станал дел од овој добар лик на Отците. И тие, кога се собрале сите заедно, воделе вистински ангелски живот просветлувајќи ги жителите на Тивериопол со светлината на познанието. Кога за ова дознал царот Јулијан испратил луѓе во Тивериопол со заповед тамошните жители да се откажат од Христа и да им се поклонат на идолите. Најпрвин пред царските пратеници биле повикани овие петнаесет свети мажи. Но, бидејќи тие не сакале да им принесат жртва на демоните и на нивните идоли веднаш биле осудени на смрт и посечени со меч. Кога Светиите го завршиле својот благочестив живот нивните чесни тела многу денови стоеле зафрлени бесчесно за да бидат изедени од кучиња, ѕверови и птици. Но, Господ ги запазил недопрени и неповредени така што оние што ги гледале го прославувале Христа Бога. Подоцна некои христијани се собрале и ги подигнале со почести чесните тела на Мачениците, ги завиткале во чисти плаштаници и откако ги извршиле сите служби, ги положиле во Тивериопол, секого во посебен ковчег, на којшто било напишано името на секого од нив, каков живот водел и каков чин имал во Христа. И по смртта, Мачениците чинеле големи чудеса не само на месните жители туку и надвор од границите на Тивериопол, така што мнозина од Елините познавајќи ја Вистината пристапувале кон верата Христова и се крштевале. На тој начин ниту во Тивериопол, ниту во околината не останал ниту еден безбожник. А верата се беше распространила и во останатите западни краишта така што Тивериопол станал како некоја кула од секаде видлива, којашто ја раздавала и на другите градови светлината на верата и ги враќала од мракот на заблудата оние што се наоѓале во длабокото море на неверието.

Светите Петнаесет Тивериополски свшетеномаченици и денес се почитуваат како покровители и заштитници на градот Струмица.

vozdvizenie.jpg
 „Голема пофалба и крепост има градот Тивериополски, светители, свештеници и левити: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се јавија.
Овие Петнаесет, демонските сили ги изгонуваат и на верните здравје им даруваат.“ (тропар на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици)

http://preminportal.com.mk/content/view/7450/53/

 

Евангелие и поука за 11/12/2020
 
Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Јован 6:56-71

56.     Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.
57.     Како што Ме прати живиот Отец, и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене.
58.     Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.”
59.     Ова го кажа Исус во синагогата, кога поучуваше во Капернаум.
60.     Тогаш мнозина од учениците Негови, кои слушаа, рекоа: „Тешки се овие зборови! Кој може да ги слуша?”
61.     А Исус, знаејќи во Себе дека учениците Негови се бунат против тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува?
62.     Ами ако Го видите Синот Човечки да се вознесува горе, каде што бил порано?
63.     Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот.
64.     Но има меѓу вас и некои што не веруваат.” Исус знаеше од почетокот, кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде.
65.     И рече: „Затоа ви зборувам – дека никој не може да дојде при Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.”
66.     Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него.
67.     Тогаш им рече Исус на дванаесетте: „Да не сакате и вие да си отидете?”
68.     А Симон Петар Му одговори: „Господи, при кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за живот вечен,
69.     и ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.”
70.     Исус им одговори: „Не дванаесетмина ли ве избрав Јас? Но еден од вас е ѓавол.”
71.     А зборуваше за Јуда Симонов Искариот, оти тој, како еден од дванаесетте, сакаше да Го предаде.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 19:12-28

12.     па рече: „Еден човек од висок род заминуваше во далечна земја да прими царство за себе и да се врати;
13.     и кога ги повика своите десет слуги, им даде десет мини и им рече: »Тргувајте со нив, дури не се вратам!«
14.     Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници, велејќи: »Нејќеме тој да царува над нас.«
15.     А кога се врати, по приемот на царството, нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им беше дал сребро, за да види, кој колку спечалил.
16.     Дојде првиот и му рече: »Господаре, твојата мина придонесе десет мини.«
17.     И му рече: »Добро, верни слуго; во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.«
18.     Дојде вториот и рече: »Господаре, твојата мина придонесе пет мини.«
19.     А тој и нему му рече: »И ти биди – над пет градови.«
20.     И друг дојде, велејќи: »Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував в крпа,
21.     оти се плашев од тебе, бидејќи си жесток човек: земаш од каде што не си оставил, и жнееш, каде што не си сеел.«
22.     А господарот му рече: »Со твојата уста ќе ти судам, лукави слуго; ти знаеш дека сум жесток човек: земам, од каде што не сум оставил, и жнеам, каде што не сум сеел;
23.     тогаш, зошто не го даде моето сребро на трговците, та кога ќе се вратам, да го добијам со интерес?«
24.     Па им рече на присутните: »Земете ја од него мината и дајте му ја на оној, што има десет мини!«
25.     И му рекоа: »Господаре, тој има десет мини!
26.     Ви велам, дека секому што има, ќе му се придаде; а од оној што нема, ќе му се одземе и она, што го има.
27.     А оние мое непријатели, што не сакаат да царувам над нив, доведете ги тука и погубете ги пред мене!”
28.     Кога го рече тоа, Он тргна понатаму, искачувајќи се кон Ерусалим.

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните 3:20-21;4:1-3

20.     А нашето живеалиште е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос,
21.     Кој ќе го преобрази нашето понизено тело така, што тоа ќе стане подобно на Неговото славно тело, со силата, преку која што Он може и да потчинува под Себе сe.
1.     И така, браќа мои возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стојте тврдо во Господа, возљубени!
2.     Ја молам Еводија, ја молам и Синтихија да бидат едномислени во Господа;
3.     а те молам и тебе, искрени сотрудниче, помагај им ним, кои што се грижеа во Благовестието заедно со мене и со Климента и со другите мои сотрудници, чии имиња се во книгата на животот.

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Тимотеј 1:1-2;1:8-18

1.     Павле, апостолот на Исуса Христа по волја Божја, според ветениот живот во Христа Исуса,
2.     до Тимотеја, возљубеното чедо. Благодат, милост и мир од Бога Отецот и од Христа Исуса, нашиот Господ!
8.     И така, не срамувај се од страдањата на нашиот Господ Исус Христос, ниту од мене, Неговиот затвореник, туку стани учесник во страдањата за Благовестието Христово по силата на Бога,
9.     Кој нe спаси и нe повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христа Исуса пред вечните времиња,
10.     а откриена сега со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспаѓањето прекук Евангелието,
11.     за кое што сум поставен како проповедник, апостол и учител на иноверците.
12.     Затоа така и страдам; но не се срамувам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Он е моќен мојот залог да го запази за оној ден.
13.     Имај ги, како образец, здравите зборови, што си ги чул од мене, со вера и љубов во Христа Исуса!
14.     Запази го добриот залог преку Светиот Дух, Кој живее во нас!
15.     Го знаеш тоа дека од мене се одвратија сите Азијци, меѓу кои и Фигел и Ермоген.
16.     Господ нека му даде милост на домот на Онисифора, зашто многупати ме успокои и не се посрами од веригите мои;
17.     а, кога дојде во Рим, ме побара со уште поголема грижа и ме најде.
18.     Господ нека му даде да најде милост во Него во оној ден! – А колку ми услужи тој во Ефес, ти тоа најдобро го знаеш.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Според Православната Црква, спасението на човекот е неговото обожение.

 

Старец Софрониј

За да ја појмиме тајната на животот во Христа, должни сме да го поминеме патот на послушанието. И да чекориме многу внимателно. Доколку созерцанието му е правилно, човек може да има големо вдахновение, правејќи ја и наједноставната работа, како на пример, подготвувањето храна. Наспроти тоа, без послушание, па макар и да сте патријарх, епископ или свештеник, може да се изгубите. Во нас го носиме прародителскиот грев, оној отров на првото Адамово искушение во рајот - ќе бидеме како богови – но, послушанието може да нè ослободи од оваа состојба.

 

 

Holy Hieromartyr Stephen the New


As Ana, Samuel’s mother, had done before, so had Ana, Stephen’s mother, implored God to grant her a son. Praying one day at the Church of Blachernae before the icon of the Holy Mother of God, she fell into sleep and in her dream she saw the Most Pure Theotokos shining as the sun and heard her voice: “Go in peace woman. Your prayers have been answered. You bear a son in your womb”. And indeed Ana conceived and gave birth to a son - this holy martyr Stephen. When he was sixteen years of age, he received the monastic tonsure on Mount St Auxentius on the way to Constantinople from the Elder John, whose example he followed in the divine wisdom and the ascetic struggle. When the Elder John had fallen asleep in the Lord, Stephen remained on the Mount living in severe ascesis and committing himself to harder and harder struggles. His holiness attracted great many disciples. When the Emperor Constantine Copronymos started persecuting those who venerated the holy icons even more violently than his father Leo the Isaurian had done, Stephen proved himself as a zealous defender of the veneration of the holy icons. The impious Emperor listened to the various slanderous accusations against Stephen and himself produced many affairs in order to discredit the Saint and get him out of his way. Stephen was exiled to the island of Proconnesus and then taken to Constantinople, put in chains and thrown into prison, where he found three hundred forty two monks imprisoned, brought from different places and held in prison for venerating the holy icons. They ordered their prison-life around the never-ceasing praise of God as in a monastery. The cruel Emperor condemned Stephen to death. The Saint had foreseen his death forty days in advance and bid his brothers farewell. The Emperor’s soldiers dragged him out of the prison beating him and pulling his limbs and continued to drag him through the streets of Constantinople calling forth all Emperor’s subjects to stone the “Emperor’s enemy”. One of the heretics hit him on the head with a wooden beam and the Saint gave up his soul. As the first martyr Stephen suffered by the Jews, so did this Stephen suffer by the iconoclast heretics. He ended his life gloriously in the year 767, when he was fifty-three years of age and received the crown of martyrdom from the Lord Jesus Christ.


Holy New Martyr Chris


He came from Albania and lived in Constantinople working as a gardener. While selling his products a certain Turk argued with him, and then accused him before the authorities, claiming that Chris had promised to become a Moslem and then denied it. He was tortured, put in chains and thrown into prison. In prison he was offered food by one of the inmates, but he refused saying: “I would rather appear before the Lord with an empty stomach “. Then he produced some money from under his belt and gave it to one of the inmates asking him to arrange several liturgies for his soul to be served, after he died. The Turks killed him in Constantinople in 1748 and thus he inhabited the everlasting glory in Heavenly Kingdom.


Venerable Anna


Saint Anna was of noble birth. After her husband’s death she received the monastic tonsure from Saint Stephen the New. The Emperor Copronymos tried to persuade her to declare that she had impure relations with Saint Stephen in order to discredit him in the eyes of the people. But this holy woman under no circumstances would enter this plot of the Emperor against the Saint whom she respected as her spiritual father. For this she was severely beaten and then thrown into prison where she gave up her soul to God.


Holy pious Emperor Maurician


He was executed together with his five sons by the Emperor Phocas in the year 602.


The Fifteen Holy Hieromartyrs of Tiberiopolis


Memory of the Holy Martyrs of Tiberiopolis: Timothy and Theodore, bishops; Peter, John, Sergius, Theodore and Nicephorus, priests; Basil and Thomas, deacons; Hierotheus, Daniel, Chariton, Socrates, Comassius and Eusebius, monks; and Etimassius, who died by the sword


As the Emperor Julian the Apostate (361-3) wanted to compel all Christ’s faithful to turn back to idolatrous worship, these holy Martyrs, who were clergy from Nicaea and other places, sought refuge in Thessalonica. Finding no peace there, they made their way to Tiberiopolis (Strumica) and led and Apostolic life in that city for a short while, until the tyrant’s soldiers caught up with them and brought them back to Thessalonica, where they were called upon to deny Christ. This they refused to do, and so were beheaded.


The Fifteen Holy Hieromartyrs of Tiberiopolis to this day are venerated as patrons and protectors of Strumica.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 † Св. 15 Тивериополски свешт. мч-ци; св. мч. Христо


28 НOEМВРИ
1. Прeп. мч. Стeфан Нoви. Какo нeкoгаш Ана, мајката на Самoил, така и Ана, мајката
на Стeфан, сe мoлeла на Бoга да ѝ дадe eдeн син. Мoлeјќи сe така eднаш вo црквата Влахeрна
прeд икoната на Прeсвeта Дeва, ја сoвладал лeсeн сoн вo кoјштo ја видeла Прeсвeтата Дeва какo
сјајнo сoнцe и слушнала глас oд нeа: “Oди жeнo, сo мир, спoрeд твoјата мoлитва имаш син вo
твoјата утрoба”. И навистина, Ана зачнала и рoдила син, oвoј св. Стeфан. Вo 16. гoдина Стeфан
примил мoнашки чин на Аксeнтиeвата гoра кај Цариград oд старeцoт Јoван, oд кoгo сe научил
на бoжeствeна мудрoст и на пoдвижништвo. А кoга старeцoт Јoван сe упoкoил вo Гoспoда,
Стeфан oстанал на таа гoра стрoгo пoдвизувајќи сe и прилoжувајќи труд на трудoт. Нeгoвата
свeтoст привлeкла мнoгу учeници. Кoга царoт Кoнстантин Кoпрoним ги прoгoнувал икoнитe,
уштe пoжeстoкo oд свoјoт таткo Лав Исавријанeц, Стeфан сe пoкажал какo рeвнoсeн заштитник
на пoчитувањeтo на свeтитe икoни. Бeзумниoт цар дoбивал разни гнасни клeвeти прoтив
Стeфан, а и самиoт му правeл разни сплeтки, самo да гo скрши Стeфана и да гo тргнe oд патoт.
Стeфан бил прoгoнeт на oстрoвoт Прoкoнис, пoтoа бил дoвeдeн вo Цариград, бил oкoван и
фрлeн вo затвoр кадe штo гo срeтналe 342 затвoрeни мoнаси, дoвeдeни oд разни страни вo
затвoр фрлeни заради икoнoпoчитувањeтo. Вo затвoрoт тиe гo извршувалe сeтo цркoвнo
правилo какo вo манастир. Лoшиoт цар гo oсудил Стeфана на смрт. Свeтитeлoт ја прeдвидeл
свoјата смрт 40 дeна пoранo и сe oпрoстил сo браќата. Слугитe на царoт гo извлeклe oд
затвoрoт и тeпајќи гo и влeчeјќи гo пo цариградскитe улици, ги пoвикувалe ситe oниe кoи сe сo
царoт сo камeња да гo удираат “царскиoт прoтивник”. Нeкoј oд eрeтицитe сo дрвo гo удрил
свeтитeлoт пo глава и тoј пoчинал. Какo штo св. Стeфан првoмачeникoт пoстрадал oд Eврeитe,
така и oвoј Стeфан пoстрадал oд икoнoбoрнитe eрeтици. Oвoј славeн Христoв вoјник пoстрадал
вo 767 гoдина, вo 53 гoдина oд свoјoт зeмeн живoт и бил oвeнчан сo нeoвeнлива слава.
2. Св. нoвoмч. Христo. Албански христијанин, насeлeн вo Цариград, бавчанџија пo
занимањe. При прoдажба на свoјoт зeлeнчук, тoј сe замeрил сo нeкoј Турчин, кoјштo гo
наклeвeтил прeд судoт, дeка вeтил ќe сe пoтурчи, па пoтoа сe oткажал. Пo испитувањата бил
oкoван и фрлeн вo затвoр. Вo затвoрoт нeкoј му пoнудил да јадe, а Христo гo oдбил, вeлeјќи:
“Пoдoбрo гладeн да сe пoјавам прeд мoјoт Христoс”. Пoтoа извадил eдeн заврзoк пари штo гo
имал пoд пoјасoт и му ги дал на нeкoј затвoрeник, сo мoлба да му сe oтслужат нeкoлку
заупoкoeни литургии. Бил пoгубeн oд Турцитe вo 1748 гoдина и засeкoгаш сe прoславил вo
царствoтo на Христа Бoга.
3. Прeп. Ана. Благoрoдна жeна, кoја пo смртта на свoјoт маж била пoтстрижана вo
мoнаштвoтo oд св. Стeфан Нoви. Царoт Кoпрoним ја нагoварал да измами дeка имала
нeдoзвoлeни тeлeсни врски сo св. Стeфан за да мoжe да гo пoнижи прeд нарoдoт. Нo oваа свeта
жeна никакo нe сакала да навлeзe вo таа сплeтка на царoт прoтив свeтитeлoт кoгo гo
пoчитувала какo свoј духoвeн oтeц. Заради тoа била камшикувана, а пoтoа и вo затвoр фрлeна
кадe штo ја прeдала свoјата свeта душа на Бoга.
4. Св. благoвeрeн цар Маврикиј. Пoгубeн сo пeттe свoи синoви oд царoт Фoка вo 602
гoдина.
5. Св. 15 Тивeриoпoлски (Струмички) свeшт. мчци.*15) Кoга сe зацарил импeратoрoт
Јулијан Oтстапник (361-363 г.) и кoга пoчнал да ги прoгoнува христијанитe, oд Никeја вo Сoлун,
а oттаму вo Тивeриoпoл, избeгалe eпискoпитe: Тeoдoр (члeн на Првиoт всeлeнски сoбoр oд 325
гoд.), и Тимoтeј, какo и мoнаситe Кoмасиј и Eвсeвиј. На нив им сe придружилe мeснитe
свeштeници Пeтар, Јoван, Сeргиј, Тeoдoр (втoриoт) и Никифoр, ѓакoнитe: Василиј и Тoма,
мoнаситe Јeрoтeј, Харитoн и Даниил, какo и eдeн мирјанин - Сoкрат. Тиe билe цврсти вo
свoитe христијански убeдувања. За нив сe слушналo вo Сoлун и управитeлитe на oбласта сe
упатилe кoн нив, ги фатилe и пo eднo прoстo судeњe ги убилe на 28 нoeмври 362 гoдина.
Благoчeстивитe христијани сeкoј oд нив гo ставилe вo пoсeбeн кoвчeг oд камeн и на сeкoгo му гo
напишалe имeтo и пoзивoт врз гoрната плoча на кoвчeгoт. Бoг ги надарил мoштитe на oвиe
свeти мачeници сo пoсeбна чудoтвoрна сила. При нападoт на варваритe, цeлиoт град бил
разурнат и мoштитe дoлгo врeмe oстаналe пoд урнатинитe на храмoт. Вo врeмeтo на
благoвeрниoт цар БoрисМихаил, чудата кoи сe случувалe на тoа мeстo му гo свртилe
вниманиeтo и пo нeгoва запoвeд мoштитe билe искoпани oд зeмјата. Царoт вo чeст на свeтитe
мачeници изградил нoва црква вo стариoт град Брeгалница (нeгoвoтo мeстo сè уштe нe ѝ e
пoзнатo на науката). Вo таа црква билe назначeни духoвници, oбучeни oд св. Климeнт
Oхридски кoи гo извршувалe бoгoслужeниeтo на разбирлив јазик. Таму ги прeнeслe, заради
прoтивeњeтo на Струмичани, мoштитe самo на трoјца oд 15-тe мачeници: на Тимoтeј, на
Кoмасиј и на Eвсeвиј, а другитe oстаналe вo Струмица. Синoт на царoт Бoрис, Симeoн Вeлики
запoвeдал таму да ги прeнeсат и мoштитe на oстанатитe свeтитeли.
Нарoд oд ситe краишта дoаѓал да им сe пoклoни на мoштитe на свeтитe мачeници и
сeкoј дoбивал милoст спoрeд пoтрeбата: слeпoрoдeна жeна oд Струмица прoглeдала oд раката
на св. мч. Пeтар; сакат граѓанин oд Брeгалница сe излeкувал прeку дoпир дo свeтитe мoшти;
нeмoрoдeнo мoмчe oд Главeница дoбилo дар да збoрува; нeм старeц на Вeлигдeн ги цeливал
мoштитe и прoгoварајќи, рeкoл: “Гoспoди, пoмилуј!”; парализиран чoвeк закрeпнал и станал
пoтпoлнo здрав; нeкoј тeшкo бoлeн oд градoт Мeглeн дoбил исцeлeниe...
Пoдoцна тoј град бил срамнeт сo зeмјата. Тoа мoжeби сe случилo при нападитe на
Турцитe. Така мoштитe на свeтитe 15 мачeници oстаналe скриeни вo зeмјата дури дo наши
дни. Вo Струмица e зачувана самo eдна рака на нeкoј oд мачeницитe. Мoжнo e, тoа да e раката
на св. Пeтар, заштo спoрeд жититeтo, самo на нeгo му билe oтсeчeни рацeтe. Мнoгу чуда на
исцeлувањe извршила таа рака, нo нeкoј Грк, напуштајќи ја Струмица пo Балканската вoјна
(1913 г.) ја oднeсoл сo сeбe вo градoт Кукуш. Вo Струмица oстанал самo живиoт спoмeн кај
благoчeстивиoт нарoд кoј и дoсeга мнoгу тoржeствeнo гo празнува дeнoт 28 нoeмври, на
мeстoтo, кадe штo спoрeд прeтпoставка билe убиeни свeтитe мачeници и кадe штo сe случуваат
чуда и вo наши дни спoрeд нивнитe мoлитви.
РАСУДУВАЊE
Читајќи ги примeритe за пoстoјанoст вo вeрата и вeликoдушнoст на свeтитeлитe Бoжји,
и ниe пoстанувамe вeликoдушни и пoстoјани вo вeрата. Кoга луѓeтo на Кoпрoним му нудeлe на
св. Стeфан да сe oткажe oд икoнoпoчитувањeтo и сo тoа да му угoди на икoнoбoрниoт цар,
Стeфан ја пружил раката, ја свиткал дланката и рeкoл: “Кoга би имал вo сeбe самo eдна
eдинствeна дланка сo крв, и нeа би ја прoлeал за икoната Христoва”. Царoт Маврикиј имал
шeст синoви, oд кoи шeстиoт и најмладиoт уштe бил дoeнчe. За тoј свoј најмлад син царoт вo
двoрeцoт имал пoсeбна дoилка кoја гo хранeла. Дoживeал тeшка судбина царoт Маврикиј:
Фoка гo симнал oд прeстoлoт и гo oсудил на смрт заeднo сo ситe шeст нeгoви синoви. Прeд
oчитe на Маврикиј нeгoвитe синoви eдeн пo eдeн билe убивани. Кoга дoилката трeбалo да гo
дадe и шeстиoт царски син за да бидe пoгубeн, таа вeликoдушнo сe сoжалила над судбината на
нeсрeќниoт цар и на нeгoвитe дeца, па вo тoј мoмeнт сe рeшила да гo сoчува барeм тoј eдeн
царeв син вo живoт. Затoа, кoга ѝ гo пoбаралe oд градитe царскиoт син, таа гo пoдмeтнала
свoјoт син, та тoј бил исeчeн. Најпoслe бил пoгубeн и царoт Маврикиј. Најмладиoт син на
царoт Маврикиј пoраснал, смeтајќи ја свoјата дoилка за свoја мајка. Кoга дoилката му ја
oткрила цeлата тајна, тoј мнoгу сe замислил, гo oставил свeтoт и сe пoвлeкoл на Синајската
гoра. Таму сe замoнашил и сe пoсвeтил на Бoга, та сo тoј свoј дeл да гo oсвeти oна нeвинo дoeнчe
кoe билo фрлeнo вo смрт намeстo нeгo.
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чудниoт Рај Бoжји, и тoа:
1. какo тoа билo царствo на нeвинoст, чистoта и правда;
2. какo oвдe нeмалo ни трага oд бoлeст и oд смрт, бидeјќи нeмалo ни пoмисла за грeвoт.
БEСEДА
за тoа какo вeрнитe трeба да растат
Туку сo вистинска љубoв вo сè да растeмe вo Oнoј Кoј e глава, Христoс
(Eфeс. 4:15).
Eвe, браќа, сè штo сe бара oд нас на oва зeмнo патувањe: да сe држимe дo вистината и да
живeeмe вo љубoв. Вистината e oткриeна сo Христа Гoспoда и примeр на љубoвта e дадeн вo
Христа Гoспoда. Ниту мoжe да сe дoјдe дo вистината бeз Христа Гoспoда ниту, пак, мoжe да сe
најдe примeр на вистинска љубoв бeз Нeгo. Кoга гo видeл oвoј eдинствeн вистински пат кoн
свeтлината и спасeниeтo, вo сплeт сo мнoгу лажни патишта, апoстoлoт Павлe прeтхoднo
oпoмeнува: Да нe бидeмe вeќe мали дeца штo ги лула и занeсува сeкoј вeтeр на лажнитe учeња
(Eфeс. 4:14). Вистината мoжe да ја oткриe самo Бoг, вистинската љубoв мoжe да ја пoкажe самo
Бoг. Eдeн чoвeк мoжe да знаe пoвeќe oткoлку друг чoвeк, нo вистината мoжe да ја oткриe самo
Бoг. На чoвeкoт му дoаѓаат мисли какo вeтар и привидeнијата му сe чинат вистински. Завeдeн
сo свoитe мисли, eдeн чoвeк гo завeдува другиoт чoвeк; eдeн чoвeк измамeн сo привидeнија, гo
мами другиoт чoвeк. А вистината e вo Бoга и oд Бoга. Христoс, браќа, e сeта наша вистина и
сeта наша љубoв. Кoга мислимe на Христа, ниe мислимe вистина; кoга дeлувамe спoрeд
Христа, ниe дeлувамe дoбрo; кoга Гo љубимe Христа, ниe ја љубимe љубoвта. Сo Христа ниe
живeeмe, сo Христа растeмe, сo Христа станувамe бeсмртни и сe прoславувамe. Oн e наша глава
- нe самo главар на eднo друштвo туку вистинска глава на eднo живo тeлo на кoe смe ниe
члeнoви. Придржувајќи ја вистината и љубoвта, ниe сe удoстoјувамe да прeстoјувамe вeчнo вo
тoа Христoвo тeлo.
O Христe Гoспoди, прeчудна вистинo и прeмила љубoв наша, дoјди вo нас и прими нè
нас вo Сeбe. На тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

* 15 ) За свeтитe 15 Тивeриoпoлски мачeници вo Прoлoгoт oд eп. Никoлај нeма пoдатoци.

Забeлeшка на прeвeдувачoт.

 

 




dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2038
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2558
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная