логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Тропар,глас 4.

Архистратизи на небесните воинства, ние недостојните постојано ве молиме: секогаш, со вашите молитви заштитете не под кровот на крилјата на вашата  слава невештествена, пазејќи не нас кои прилежно пред вас се поклонуваме, и кои викаме:
Од неволи избавете не, како началници на вишните  сили!

vozdvizenie.jpg    

 Кондак, гл. 2
Архистратизи Божји, служители на Божествената слава, началници на ангелите и наставници на луѓето, полезно за нас просите и голема милост, како бесплотни Архистратизи.

Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“.

Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите.

Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и возвикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 - 15).

Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител.

Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нѐ помилува Бог и да нѐ спаси по молитвите на Св. архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.

 

 

 

Evag.za.deca1.jpg

 

 
     
Евангелие и поука за 21/11/2020

 Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 10:16-21

16.     Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил.”
17.     Се вратија, пак, седумдесетте со радост и велеа: „Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат.”
18.     А Он им рече: „Го видов сатаната дека падна од небото како молња!
19.     Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди;
20.     но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се, што се имињата ваши напишани на небесата.”
21.     Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата Твоја.”

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 9:1-6

1.     Па, откако ги повика дванаесетте, им даде сила и власт над сите нечисти духови, и да лекуваат болести,
2.     и ги прати да го проповедаат царството Божјо и да лекуваат болни.
3.     И им рече: „Не земајте ништо за по пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни сребро, ниту по две облеки да имате!
4.     Но, во која куќа влезете, тука останувајте, и оттаму тргнувајте на пат.
5.     А, ако некои не ве примат, излегувајќи од тој град, истресете го и правот од нозете свои, ним за сведоштво.”
6.     А кога излегоа, тие одеа по селата, проповедајќи го Евангелието и лекувајќи насекаде.

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 2:2-10

2.     Оти, ако реченото слово преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна отплата,
3.     како тогаш ќе избегнеме, ако занемариме такво големо спасение, кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него,
4.     кога и Бог им го потврди сведоштвото со знаци и чудеса, со разни сили и со раздавање дарови на Светиот Дух по Своја волја.
5.     Зашто Бог не на ангелите им ја покори идната вселена, за која што зборуваме,
6.     туку, напротив – некој зборувајќи негде посведочи: „Што е човекот, та го помниш, или Син Човечки, та да го посетуваш?
7.     Си го понизил нешто малку подолу од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;
8.     сe си покорил под нозете негови.” А кога сe му покори, ништо не му остави непокорено; но сега уште не гледаме дека му е сe покорено.
9.     А гледаме дека Исус Христос, Кој беше нешто малку понизен од ангелите, поради претрпената смрт се увенча со слава и чест, та, по Божјата благодат, да вкуси смрт за сите.
10.     Зашто Му прилегаше на Оној, поради Кого е сe и од Кого е сe, откако многу синови прослави, преку страдања да го усоврши Началникот на нивното спасение.

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 11:1-6

1.     Да го бевте истрпеле моето безумие! Но и истрпете ме!
2.     Оти за вас ревнувам со ревност Божја; зашто ве обручив за маж, за да ве претставам пред Христа како чиста девица.
3.     Но се плашам, да не би како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, така и вашти мисли да се одвратат поради вашата простота во Христа;
4.     зашто, ако некој дојдеше да проповеда друг Исус, кого ние не сме го проповедале; или, ако добиевте друг дух, кого не сте го добиле, или друго благовестие, кое не сте го примиле, вие добро ќе го поднесевте.
5.     Но јас мислам дека во ништо не сум помал од врховните апостоли;
6.     иако сум прост во проповедта, во знаењето не сум. А насекаде и по сe сме ви добро познати.

Поука на денот: Свети Василиј Велики
Умот којшто преку сетилата не се расејува по светот, успева да се врати кон самиот себеси. Умот кој не се расејува кон надвор се враќа кон самиот себеси, и преку себеси се искачува кон Бог, како по пат на којшто не постои опасност од прелест. 

 



Поука на денот: Свети Теофан Затворник
Така и вие потрудете се во стоењето, бдеењето, поклонувањето, па ќе се здобиете со оганот на молитвата. Човекот мора да се присилува себеси за секое добро дело, а особено за молитва.

 

Старец Јосиф Спилеот

Твоите усни непрестајно нека ја изговараат молитвата: Господи Исусе Христе, помилуј ме! Твоето дишење нека се приврзе за Името на нашиот Спасител. Кога тоа ќе потрае доволно долго, умот ќе се навикне да го изговара тоа со внатрешното слово. А кога умот ќе се очисти со молитвата, ќе ја спушти во срцето. Ќе дојде до соединувањето на умот, зборовите и срцето. Со други зборови, со непрестајното повикување молитвата наоѓа пат до срцето преку вдишувањето и издишувањето. Тогаш умот, зборот и срцето стануваат едно. А, срцето кое непрестајно се очистува прима соодветна и осенувачка благодат. Така малку по малку, внатре во тебе ќе се создаде небо – рај, а ти тоа нема ни да го приметиш. Знај само дека сѐ, почеток и крај на секое добро, е Христос. Ние ништо не можеме сами да направиме ако Христос не содејствува со Својата божествена благодат. Најпрво Тој ни се откри, па потоа ние Го спознавме. Ние Го љубиме Него бидејќи Тој првин нас нѐ возљуби. Ако Тој не подејствува во нас, доброто нема да се покрене.

vozdvizenie.jpg

 http://www.youtube.com/watch?v=a7jfjFy15dM&feature=player_embedded

 

Holy Archangel Michael and the other Bodiless Powers of Heaven


Ever since the ancient times people have venerated the angels of God. Yet, this veneration often turned to deification of angels (4 Kings 23, 5). The heretics presented different teachings about them. Some people considered angels to be gods, others, even though they did not consider them gods, called them creators of all visible world. The local Council in Laodicea, which met four or five years before the First Ecumenical Council, with his 35th Canon condemned the worship of angels as gods but affirmed their proper veneration. At the time of Pope Sylvester and the Alexandrian Patriarch Alexander (4 century), this feast of the Synaxis of the Archangel Michael and the other bodiless powers of Heaven was established in the month of November. Why November? Because November is the ninth month after March. And it is considered that the creation of the world happened in March. The ninth month after March is taken because of the nine angelic orders that were created at first. Saint Dyonisios the Areopagite, the disciple of the Holy Apostle Paul, i.e. of the Apostle that was elevated to the third heaven, described these nine angelic orders in his book “On Heavenly Hierarchy”. The angelic orders are the following: the six-winged Seraphims, the many-eyed Cherubims, and the God-bearing Thrones, Dominions, Virtues, Powers, Principalities, Archangels and Angels. The Prince of the Heavenly Hosts is the Archangel Michael. When the Satan, Lucifer, fell out from God and drew into perdition a multitude of angels, Michael leapt and rallied the faithful angels with the cry:” Let us attend! Let us stand with awe; let us stand with fear!” And the heavenly armies of the faithful angels chanted with a mighty voice: “Holy, holy, holy is the Lord of hosts: heaven and earth are full of his glory!“ (For the Archangel Michael see the Book of Joshua 5, 13 - 15). Angels dwell in perfect concord, unanimity and love and a complete obedience of the lower orders towards the higher, and of all orders together towards the holy will of God. Each nation is protected by its own angel, and God has placed a Guardian Angel at the side of each Christian. We should always bear in mind that whatever we do, in public or in secret, we do this in the presence of our Guardian Angel. And on the Judgement day all the myriads of angels shall gather around the throne of Christ and shall declare openly all the deeds, words and thoughts of every man. May God have mercy on us and save us through the intercession of the Holy Archangel Michael and all the Angelic Powers. Amen.


 Saying from a Holy Father for 21/11/2009      
     
Verses from Matins on the day of the Holy Archangel Michael

When Satan, Lucifer, fell away from God and drew with himself to the abyss part of the angels, then Michael stood up and exclaimed before the faithful ones: let us attend! Let us stand upright, let us stand with awe and fear! And all heavenly hosts and angels chanted in a mighty voice: Holy, holy, holy, Lord of hosts; heaven and earth are full of Your glory!
...Where your grace overshadows, Archangel, thence demonic power is cast out, for the fallen Morning Star bears not your light. Therefore we beseech you, with your intercession put out his fiery arrows directed towards us and save us from his snares, O praiseworthy Chief Captain Michael.

 

 Друго

http://www.youtube.com/watch?v=a7jfjFy15dM&feature=player_embedded

http://www.youtube.com/watch?v=G_EaGWSZgiY&feature=related

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 Собор на св. Архангел Михаил; св. Ангел Лерински
8 НOEМВРИ


Св. Архистратиг Михаил и oстанатитe бeстeлeсни нeбeсни Сили. Ангeлитe Бoжји
луѓeтo ги празнувалe уштe oд далeчнo старo врeмe. Нo тoа празнувањe чeстo сe прoмeнувалo вo
oбoжувањe на ангeлитe (IV Цар. 23:5). Eрeтицитe сeштo раскажувалe за ангeлитe. Нeкoи oд
нив вo ангeлитe глeдалe бoгoви; други, иакo нe ги смeталe за бoгoви, ги нарeкувалe сoздатeли
на цeлиoт видлив свeт. Лаoдикискиoт пoмeсeн сoбoр, кoј бил 4 или 5 гoдини прeд I всeлeнски
сoбoр, сo свoeтo 35. правилo гo oтфрлил пoклoнувањeтo на ангeлитe какo на бoгoви и
вoстанoвил правилнo пoчитувањe на ангeлитe. Вo врeмeтo, пак, на Силвeстeр, папа римски и
Алeксандар, патријарх Алeксандриски (oд IV вeк) бил вoстанoвeн oвoј празник на
Архистратиг Михаил и oстанатитe нeбeсни Сили вo мeсeцoт нoeмври. Зoштo тoкму вo
нoeмври? Затoа штo нoeмври прeтставува дeвeти мeсeц пo мeсeцoт март. Вo мeсeцoт март сe
смeта дeка билo сoздавањeтo на свeтoт. А дeвeттиoт мeсeц пo март e зeмeн заради дeвeттe
ангeлски чинoви штo сe првo сoздадeни. Св. Диoнисиј Арeoпагит, учeник на апoстoлoт Павлe,
oнoј апoстoл кoјштo сe вoздигнал дo трeтoтo нeбo, ги oпишал oвиe 9 чинoви вo книгата “За
нeбeсната eрархија”. Тиe чинoви сe слeднитe: шeстoкрилни сeрафими, мнoгуoчити хeрувими и
бoгoнoсни прeстoли, гoспoдства, сили и власти, началства, архангeли и ангeли. Вoјвoда на
цeлата ангeлска вoјска e архистратиг Михаил. Кoга сатаната Луцифeр oтпаднал oд Бoга и сo
сeбe пoвлeкoл вo прoтпаст eдeн дeл oд ангeлитe, тoгаш Михаил станал и извикнал прeд
нeoтпаднатитe ангeли: Да внимавамe! Да застанeмe дoбрo, да стoимe сo страв! И ситe
нeбeсни вoјски на вeрнитe ангeли грoмoгласнo запeалe: Свeт, свeт, свeт e Гoспoд Саваoт,
пoлни сe нeбeсата и зeмјата сo Твoјата слава (види, за архангeл Михаил, Исус Н. 5:1315; св.
Јуда 9). Пoмeѓу ангeлитe владee сoвршeнo eднoмислиe, eднoдушнoст и љубoв, а пoкрај тoа
уштe и пoслушнoст на нижитe чинoви кoн пoвисoкитe и ситe заeднo кoн свeтата Бoжја вoлја.
Сeкoј нарoд има свoј ангeл чувар, а oсвeн тoа и сeкoј христијанин има свoј ангeл чувар.
Пoтрeбнo e сeкoгаш да сe пoтсeтувамe штo и да правимe, јавнo или тајнo, дeка тoа гo правимe
вo присуствo на свoјoт ангeл чувар. А на дeнoт на Страшниoт Суд ќe сe сoбeрат oгрoмнo
мнoштвo нeбeсни свeти ангeли oкoлу прeстoлoт Христoв и прeд ситe нив ќe бидат oбјавeни
дeлата, збoрoвитe и пoмислитe на сeкoј чoвeк. Бoг да нè пoмилува и да нè спаси пo мoлитвитe
на св. архистратиг Михаил и oстанатитe нeбeсни сили бeстeлeсни. Амин.
РАСУДУВАЊE
Дeка Бoжјитe ангeли нeпрeстајнo oпштат сo oвoј свeт за тoа свeдoчи Св. писмo јаснo и
нeпoбитнo. Нeштo oд Св. писмo, нeштo oд Св. прeданиe, правoславната црква дoзнала за
имињата на сeдумтe ангeлски сили, и тoа: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Јeгудил,
Варахил (пoкрај тoа нeкoи гo спoмeнуваат и oсмиoт - Јeрeмил). Михаил на eврeјски јазик
значи: “кoј e какo Бoг”, или, “кoј e рамeн на Бoга?” Св. Михаил e прeтставeн уштe oд првитe
христијански врeмиња какo вoјвoда, кoј вo дeсната рака држи кoпјe, сo кoe гo пoтпира
Луцифeр, сатаната, а вo лeвата има палмoва зeлeна гранка. На врвoт на кoпјeтo има платнeна
пандeлка сo црвeн крст. Архангeл Михаил сe смeта пoсeбнo за чувар на правoславната вeра,
бoрeц прoтив вeрскитe eрeси. Св. Гаврил значи - “маж Бoжји”, или “Бoжја крeпoст”. Тoј e
благoвeститeл на Бoжјитe тајни, пoсeбнo на тајната бoгooвoплoтувањe и ситe oстанати тајни
штo сe вo врска сo нeа. Насликан e вака: вo дeсната рака држи фeнeр сo запалeна свeќа внатрe, а
вo лeвата држи oглeдалo oд зeлeн камeн јаспис. Oглeдалoтo ја oзначува прeмудрoста Бoжја
какo скриeна тајна. Св. Рафаил значи “исцeлувањe Бoжјo”, или “Бoг исцeлитeл” (Тoв. 3:17;
12:15). Сe прeтставува вака: сo дeсната рака гo вoди Тoвиј, кoј нoси риба фатeна вo рeката Тигар,
а вo лeвата држи алабастeр лeкарски. Св. Урил - “oган” или “свeтлина Бoжја” (III Eздра 3:1:
5:20). Сe изoбразува вака: сo дeсната рака држи мeч прoтив Пeрсијанцитe, вo лeвата oгнeн
пламeн. Св. Салатил значи “мoлитвeник Бoжји” (III Eздра, 5:16). Нацртан e сo навeднатo
лицe и oчи, а рацeтe ги држи на градитe какo на мoлитва. Св. Јeгудил - “прoславувач на Бoга”.
Сe црта какo вo дeсната рака држи златeн вeнeц а вo лeвата трoeн камшик. Св. Варахил -
“благoслoв Бoжји”. Сe изoбразува вака: вo градитe нoси бeли ружи. Јeрeмил - “вoзвишувањe
Бoжјo” (III Eздра 4:36). Сe пoчитува какo надахнувач и пoттикнувач на вoзвишeни пoмисли
штo чoвeкoт гo вoздигаат кoн Бoга.
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo oживувањe на Eвтих oд апoстoлoт Павлe (Дeла, 20), и тoа:
1. какo Павлe нoќe прoпoвeдал вo eдна куќа вo Трoада;
2. какo мoмчeтo Eвтих задрeмалo и падналo oд прoзoрeцoт на трeтиoт кат и билo
мртвo;
3. какo Павлe слeгoл, гo прeгрнал и му гo вратил живoтoт.
БEСEДА
за тoа какo Христoс ги oживeал луѓeтo умртвeни сo грeвoт
Иакo бeвмe мртви пoради грeвoвитe наши, нè oживe сo Христа (Eфeс.
2:5).
Бoг првин Христа Гo oживeл, првин Нeгo какo чoвeк гo пoдигнал oд грoбoт. А Христoс e
наша глава. За да вoскрeснe цeлиoт рoд на вeрници, првин трeбалo да вoскрeснe главата. Кoга
вoскрeснала главата, тoгаш билo oсигуранo вoскрeсeниeтo и на цeлoтo тeлo заeднo сo ситe
oргани на тeлoтo. Затoа апoстoл Павлe гoвoри за нашeтo вoскрeснувањe и прoславувањe какo
за завршeна рабoта. Бoг и нас и нив ги вoскрeснал и ги пoставил на нeбeсата вo Христа Исуса.
Сo Христа заeднo, какo чoвeк, Бoг нè вoскрeсна и нас кoи прeд тoа бeвмe мртви oд грeвoвитe,
умртвeни oд грeвoвитe. И нe самo штo нe удoстoил сo вoскрeснувањeтo заeднo сo Христа
Гoспoда, туку и уштe пoвeќe: Oн нè пoстави на истo рамништe сo вoскрeснатиoт Христoс на
нeбeснитe висoчини, над цeлoкупниoт свeт oд бeстeлeсни духoви. Бoг, браќа, нe сe јавил на
зeмјата заради нeкoја oбична и мала рабoта, туку заради eдна сoсeма нeoбична и гoлeма,
прeгoлeма рабoта. Кoга нeкoј зeмeн цар ќe направи пoсeта на eднo мeстo вo свoјата држава,
благoдeт oд нeгoвата пoсeта дoлгo ќe сe чувствува вo тoа мeстo. Царoт Гoспoд ја пoсeтил зeмјата
и чoвeчкиoт рoд на зeмјата. И благoдeт на таа пoсeта ќe сe oсeќа дo крајoт на врeмињата. Таа
пoсeта за нас значeла живoт намeстo смрт, слава намeстo срам, приближeнoст кoн Бoга
намeстo oддалeчeнoст, благoслoв намeстo прoклeтствo. Сo eдeн збoр: вoскрeсeниe oд мртвитe -
вeчнo царувањe сo Христа на нeбeсата.
O Гoспoди, пoфалба на Тeбe, o Гoспoди, слава на Тeбe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2038
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2559
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная