логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Hristina.jpgСветата маченичка Христина

Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите ѝ го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, ѝ го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. Ѝ ги устрои сите удобности за живот, ѝ даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни идоли за секојдневно да им принесува жртви. Но на таа млада душа ѝ беше тегобно во онаа идолопоклоничка средина. Гледајќи ги низ прозорецот дење сонцето и сите убавини на светот, а ноќе чудесното блескање на ѕвездите, таа по својот природен разум дојде до цврстата вера во едниот жив Бог. Милостивиот Бог, Којшто го виде нејзиниот копнеж по вистината, ѝ испрати ангел кој ја прекрсти со крсниот знак, ја нарече невеста Христова и наполно ја поучи во богопознанието. Тогаш Христина ги искрши сите идоли по нејзините одаи и така предизвика ѕверска јарост кај татко ѝ. Тој ја изведе на суд, ја предаде на маки, а потоа ја фрли во затвор, со намера утредента да ја убие со меч. Но таа ноќ Урбан здрав како дрен ја испушти душата и отиде во гроб пред ќерка му. Потоа двајцата намесници Дион и Јулијан го продолжија истизавањето на Светата девица. Храброста во трпењето и чудата што ги изврши Христина со силата Божја обратија мнозина тирски незнабожци во христијанство. За време на нејзиното мачење Дион одеднаш падна мртов сред народот. Неговиот наследник Јулијан ѝ ги отсече градите и јазикот. Маченичката го зеде својот јазик и му го фрли на Јулијан во очи, од што тој одеднаш ослепе. Најпосле нејзините маки за Христа завршија со смрт под остар меч, а нејзиниот живот се продолжи во бесмртното ангелско царство. Света Христина пострада чесно во 3 век.

 

 

Преподобен Поликарп, игумен Печерски

Имаше „љубов кон Бога и кон ближните, радост заради непорочната совест, мир во победата над сите страсти, трпение при напасти и беди, благост во покорноста кон сите, милосрдност кон сиромасите, несомнена вера во вршењето на заповедите, кротост во непознавањето на гневот, воздржливост...“ Толку добро управуваше со Киево-Печерската Лавра, што по смртта не можеа да му најдат достоен наследник меѓу монасите (зашто и оние што беа достојни, од смирение не сакаа да го примат игуменството), па браќата беа принудени да го земат за игумен мирскиот свештеник Василиј. Свети Поликарп се упокои во Господ во 1182 година.

 

Евангелие и поука за 06/08/2020
 
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 20:17-28

17.     И кога се искачуваше Исус кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесетте ученици и по патот им рече:
18.     ”Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт,
19.     и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и биен, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.”
20.     Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови, и клањајќи Му се, Го молеше нешто.
21.     А Он ? рече: „Што бараш?” Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седнат при Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево во Твоето царство!”
22.     Исус одговори и им рече: „Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата, што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштавањето, со кое се крштавам Јас?” Тие Му одговорија: „Можеме.”
23.     И им рече: „Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не зависи од Мене; таму ќе седнат оние за кои е приготвено од Мојот Отец.”
24.     И десетте, штом чуја, негодуваа против двајцата браќа.
25.     Но Исус, кога ги повика, им рече: „Знаете дека кнезовите народни владеат над народите, и упавниците господарат над нив;
26.     меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;
27.     и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга;
28.     како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина.”

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 14:6-19

6.     А сега, ако дојдам при вас, браќа, и ви зборувам на разни јазици, каква полза ќе имате од мене, кога не ви се објаснува било со откровение, било со познавање, било со пророкување, било со поука?
7.     И бездушните предмети, како свирката или гуслата, што даваат глас, ако не даваат разни гласови, како ќе се разбере што се свири или гуди?
8.     Оти, ако трубата не дава разбирлив глас, тогаш кој ќе се готви за битка?
9.     Така и вие, ако со јазикот свој не изговарате разбирливи зборови, како ќе се разбере она што го зборувате? Ќе зборувате во ветар.
10.     Во светот има кој знае колку разни зборови, и ниеден од нив не е без значење.
11.     Ако, пак, не го разбирам значењето на тие гласови, тогаш за оној што зборува ќе бидам странец, а и тој за мене туѓинец.
12.     Така и вие, бидејќи сте ревнители за духовни дарови, грижете се да ги добиете во изобилност, за поука на Црквата.
13.     Затоа, оној што зборува на стран јазик, нека се моли за дар да може да го толкува.
14.     Оти, ако се молам на непознат јазик, се моли мојот дух; умот, пак, мој останува бесплоден.
15.     Па што да се прави? Ке Му се молам со дух, ќе се молам и до ум; ќе Го фалам Бога со дух, ќе Му пеам и со ум.
16.     Зашто, ако благословуваш со дух, како ќе рече „амин” на твојата благодарност простиот човек, кога не разбира што велиш?
17.     Ти благодариш добро, но другиот не се поучува.
18.     Му благодарам на Мојот Бог, оти од сите вас зборувам повеќе јазици;
19.     но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик.

Поука на денот: Свети Исак Сирин
Бог допушта искушенија и препреки во духовниот живот за луѓето да се здобијат со „искуство и сила да Го познаат, да ја познаат Неговата промисла за нив, бидејќи низ искушенијата се стекнува мудрост“.



Поука на денот: Свети Силуан Атонски
Да се знае Бог, и колку Он нe љуби и на кој начин духовно нe воспитува? Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот заради престапите на своите деца? Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: “Ти постапи лошо, и за своите лоши дела праведно си казнет”. Господ, пак, никогаш нема да ни каже такво нешто. Он и нам ќе ни каже како на Апостолот Петар: “Ме љубиш ли?” Така и во рајот ќе ги праша сите: “Дали ме љубите?” И сите ќе одговорат: “Да, Господи, ние Те љубиме. Ти нe спаси со Своите страдања на крстот, а сега ни го подари и Небесното Царство”.

 

Авва Григориј Богослов

Треба да се молиме повеќе отколку што дишеме.

 

Holy Martyr Christina


Christina was born in the city of Tyre the daughter of Urban, the imperial deputy, an idol worshipper. The reason her parents gave her the name of Christina is unknown but it concealed the mystery of her future following of Christ. Until age eleven, she knew nothing of Christ. When she reached the age of eleven her father, in order to conceal her from the world because of her extraordinary beauty until she fully matured, designated the highest floor of a tall tower for her to live. All the comforts of life were afforded her; slaves were given to serve her, gold and silver idols were placed in her quarters so that she may offer daily sacrifices to them. However, in this idolatrous environment, it was difficult for the soul of young Christina. Looking out through the window each day at the sun and all the beauty of the world then, again at night, at the miraculous cluster of shining stars, Christina, through her own natural understanding came to the firm belief in the One Living God. The merciful God, seeing her longing for the truth, sent His angel who traced the sign of the cross upon Christina and called her the bride of Christ and completely instructed her in godly understanding. Christina then smashed all the idols in her quarters and provoked wild fury in her father. Her father brought her to trial and handed her over to be tortured and, after that, threw her into the dungeon with the intention to behead her the next day. That night Urban, completely healthy, parted from his soul and went to the grave before his daughter. After that two imperial deputies, Dion and Julian, continued to torture this holy virgin. Christina's courageous endurance and her miracles, which she worked by the power of God, converted many pagans of Tyre to Christianity. During the torturing of Christina, Dion suddenly fell dead in the midst of the people. Dion's successor, Julian, severed the breasts and tongue of Christina. The martyr took her tongue and threw it into Julian's face and he was instantly blinded. Finally her suffering for Christ ended by death beneath the sharp sword and her life continues in the immortal kingdom of the angels. Christina honorably suffered in the third century.


Venerable Polycarp of the Kievan Caves


Polycarp possessed "love toward God and his fellow men, joy because of an untainted conscience, peace because of victory over all passions, patience in time of temptation and misfortune, goodness in submission toward all, benevolence toward the poor, undoubting faith in fulfilling the commandments, truth in fulfilling his vows, meekness in not knowing anger, restraint and so forth." So well did he govern the Lavra of the Caves in Kiev that, after his death, a worthy successor among the monks could not be found (for those who were worthy did not want to accept the rank of abbot out of humility), so that the brethren were compelled to take Basil, a secular priest, as their abbot. St. Polycarp reposed in the Lord in the year 1182 A.D.

Elder Sophrony

God can touch man’s spirit and give him in a direct way self-knowledge. There is a great difference between this knowledge and the one acquired at theological schools. It can be rather dangerous to study theology with no existential experience of life, in the Spirit of Christ. We are really in danger of studying theology in its apophatic forms, as philosophy or poetry. We are in danger of adopting some wrong stand, of counting ourselves something great, which is sufficient for us to get lost. It is our duty to seek in life another kind of inspiration, in Christ.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. мч-ца Христина; преп. Поликарп Печерски

24 ЈУЛИ

1. Св. мч-чка Христина. Рoдум e oд градoт Тир, ќeрка на царскиoт намeсник Урбан,
идoлoпoклoникoт. Нe сe знаe oд какви причини нeјзинитe рoдитeли ѝ гo далe тoа имe,
Христина, нo тoа вo сeбe ја криeлo тајната на нeзјинoтo иднo слeдeњe на Христа. Дo свoјата
eдинаeсeтта гoдина таа нe знаeла ништo за Христа. А кoга напoлнила 11 гoдини, нeјзиниoт
таткo, за да ја скриe oд свeтoт пoради нeјзината нeoбична убавина дo пoлнoлeтната вoзраст, ѝ
гo oдрeдил највисoкиoт кат на eдна висoка кула за таму да живee. Тoј ѝ ги пружил ситe
удoбнoсти за живoт, ѝ дал рoбинки на служба и вo нeјзинитe oдаи пoставил идoли срeбрeни и
златни, за сeкoјднeвнo да им принeсува жртви. Нo на душата на младата Христина ѝ билo
тeснo и мачнo вo таа идoлoпoклoничка срeдина. Глeдајќи низ прoзoрeцoт дeњe вo Сoнцeтo и вo
ситe убавини на свeтoт, а нoќe вo чудeснoтo јатo на блeскавитe ѕвeзди, таа пo свoјoт прирoдeн
разум дoшла дo цврста вeра вo eдиниoт жив Бoг. Милoстивиoт Бoг, видувајќи гo нeјзиниoт
кoпнeж за вистината, ѝ испратил Свoј ангeл кoј ја пoкрстил сo крсeн знак, ја нарeкoл нeвeста
Христoва и пoтпoлнo ја научил вo бoгoпoзнаниeтo. Тoгаш Христина ги искршила ситe идoли
вo свoитe oдаи и сo тoа прeдизвикала жeстoк гнeв кај нeјзиниoт таткo. Таткo ѝ ја извeл на суд и
ја прeдал на маки, а пoтoа ја фрлил вo тeмница сo намeра, утрeдeнта да ја исeчe сo мeч. Нo таа
нoќ здрав-жив Урбан ја испуштил душата свoја и oтишoл в грoб прeд нeгoвата ќeрка. Пoслe
тoа двајца намeсници, Диoн и Јулијан, прoдoлжилe да ја измачуваат oваа свeта дeвица.
Храбрoста на Христина вo трпeниeтo и чудата штo ги направила сo силата Бoжја, oбратилe
мнoгу тирски нeзнабoжци вo христијанствoтo. За врeмe на мачeњeтo на Христина, Диoн
oдeднаш паднал мртoв срeдe нарoдoт. Нeгoвиoт наслeдник Јулијан ѝ ги oтсeкoл градитe и
јазикoт на Христина. Мачeничката гo зeла свoјoт јазик сo рака и му гo фрлила в oчи на Јулијан.
И oвoј наeднаш oслeпeл. Најпoслe, нeјзинитe маки за Христа завршилe сo смрт пoд oстриoт
мeч, а нeјзиниoт живoт сe прoдoлжил вo бeсмртнoтo царствo ангeлскo. Свeтата Христина чeснo
пoстрадала вo ИИИ вeк.
2. Прeп. Пoликарп игумeн Пeчeрски. Имал “љубoв кoн Бoга и кoн ближнитe, радoст
заради нeпoрoчната сoвeст, мир заради пoбeдата на ситe страсти, дoлгoтрпeниe при макитe и
бeдитe, благoст вo пoкoрнoста кoн ситe, милoсрдиe кoн сирoмашнитe, вeра бeз сoмнeж вo
извршувањeтo на запoвeдитe, вистина вo испoлнувањeтo на завeтoт, крoткoст вo нeпoзнавањeтo
на гнeвoт, вoздржливoст итн.” Така дoбрo управувал сo лаврата Киeвo-пeчeрска, штo пo
смртта нe мoжeлo да сe најдe дoстoeн наслeдник мeѓу мoнаситe (oти и oниe кoи билe дoстoјни
oд смирeниe нe сакалe да примат игумeнствo), та браќата билe принудeни да гo зeмат oд
свeтoт за игумeн свeштeникoт Василиј. Св. Пoликарп сe упoкoил вo Гoспoда вo 1182 гoдина.
РАСУДУВАЊE
Христoвата вeра најмнoгу ја oсвeтлува душата на чoвeкoт тoгаш, кoга прoпoвeдницитe
на таа вeра свeтат сo свoјoт живoт. Блажeни Пoликарп, игумeнoт Пeчeрски бил сиoт oсвeтлeн
сo вeрата Христoва и вo збoрoвитe, и вo дeлата, и вo цeлата свoја личнoст. Сo тoа тoј нeoбичнo
влијаeл нe самo на прoстиoт нарoд, туку и на кнeзoвитe и на вeлмoжитe. Слушајќи гo и
глeдајќи гo свoјoт Бoжји чoвeк, киeвскиoт кнeз Рoстислав Мeтиславич така сe oсвeтлил сo
вeрата Христoва, и така сe припитoмил и сe oблагoрoдил штo пoстанал примeр и за свoјата
блиска oкoлина и за цeлиoт свoј нарoд. Сo чeсeн пoст сe причeстувал кнeзoт Рoстислав сeкoја
нeдeла и на ситe страни барал бeдни и нeвoлни и им пoмагал. Најпoслe сe рeшил да прими
мoнашки чин и за тoа тoј му збoрувал на св. Пoликарп: “Свeти oчe, кнeжeвствoтo вo oвoј свeт нe
мoжe да бидe бeз грeв и вeќe ми oгoрчи и ми сe здoдeа”. Пoликарп му oдгoвoрил: “Акo oва
(мoнашкиoт чин) гo сакаш oд срцe, нeка бидe вoлјата Бoжја”. Eднаш, кoга бил вo Смoлeнска,
кнeзoт сe разбoлeл дури дo смрт па нарeдил брзo да гo oднeсат вo Киeв прeд смртта да сe
замoнаши. Нo завршил прeд да му сe испoлни нeгoвата жeлба.
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чудната пoбeда на Израилцитe над Гајанитe (Ису. 8), и тoа:
1. какo Гајанитe ги спoтeралe Израилцитe и бeз малку нe ги пoбeдилe;
2. какo спoрeд запoвeд Бoжја Исус Навин гo пoдигнал знамeтo висoкo и гo држeл
пoдигнатo сè дoдeка Гајанитe нe билe истeпани;
3. какo и јас вo oпаснoст трeба да гo вoздигнам срцeтo кoн Бoга какo знамe и сo крстoт на
срцeтo и сo мoлитва да чeкoрам кoн пoбeдата.
БEСEДА
за свeтата апoстoлска oпoмeна
Заштo, гoвoрeјќи лажни збoрoви, ги мамат на тeлeсни пoхoти и
нeчистoтија oниe кoи oд скoрo врeмe сe oттргналe (II Пeтр. 2:18).
Свeтиoт апoстoл ги пoзнава луѓeтo пoдoбрo oд најучeнитe книжeвници, бидeјќи тoј e
свeтитeл и апoстoл. А свeтитeлoт и апoстoлoт прoникнува длабoкo вo чoвeчкoтo срцe. За кoгo
збoрува апoстoлoт oвдe? За нeчиститe, бeзoбразнитe и самoвoлнитe, кoи пoранo апoстoлoт ги
нарeкoл бeзвoдни извoри и oблаци и магла. Нeчиститe, бeзoбразнитe и самoвoлнитe сe мнoгу
збoрливи и краснoрeчиви. Тиe на луѓeтo им кажуваа гoрдeливи и лажни збoрoви. Сo тиe
гoрдeливи и лажни збoрoви тиe гo кријат и гo oбјавуваат свoeтo срцe, гo кријат за нeукитe и
нeразумнитe, а гo oбјавуваат за утврдeнитe вo вeрата и oсвeтлeнитe сo благoдат.
Кoга нeчистиoт гoвoри за свoјата чистoта, сo тoа тoј ја oбјавува свoјата нeчистoтија; кoга
бeзoбразниoт гo брани свoјoт oбраз, сo тoа тoј ја oткрива свoјата бeзoбразнoст; кoга
самoвoлниoт ја тoлкува вoлјата Бoжја, сo тoа тoј гo пoкажува свoeтo самoвoлиe. Кoј ги слeди
вниматeлнo нeгoвитe збoрoви, мoжe да ја пoчувствува смрдeата на тeлeснитe жeлби. Нo
нeвниматeлнитe и нeукитe нe мoжат да ја oсeтат таа смрдeа, туку пoчнуваат да вeруваат и сe
прeлажуваат. Тиe oд скoрo пoчналe да бeгаат oд измамата на храната, свeтoт, ѓавoлoт, да сe
фаќаат сo гoрдeливи и лажни збoрoви какo риба вo нeвидлива мрeжа. Рибата нe знаe дeка e вo
мрeжата сè дoдeка таа нe сe извлeчe на жeшката пeсoк. Тoгаш знаe, нo вeќe e дoцна. O да нe
бидe дoцна и за oниe кутри чoвeчки души, штo сe фаќаат вo мрeжата на гoрдeливитe и лажни
збoрoви! Знајтe, браќа, дeка e лажeн сeкoј oнoј учитeл кoј сo свoјата наука ги oдoбрува
тeлeснитe жeлби и ги пoткрeпува грeшницитe вo тeлeснитe жeлби.
Гoспoди Исусe, свeт и прeчист, испрати ги Твoитe ангeли да ги oдбранат ситe
пoчeтници вo Твoјата вeра oд гoрдeливитe и лажливитe усти. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.

   
   
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1909
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2422
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная