СТРАВОТ ШТО ГО ПОБЕДИ МОЈОТ СТРАВ Автор: о. Спиридон Василакос
Стравот, мојот анонимен пријател. Тој страв што го чувствувам уште пред да го научам неговото име. Тој е со мене од моментот кога Бог ме благослови да го направам мојот прв чекор надвор од мајчината закрила, и оттогаш сме неразделни. Заедно сме насекаде - во лулката, во игрите, во неволјите. Кога се втурнувам во прегратката на мајка ми, тој стои во близина и чека да излезам од моите прегради - нејзините две раце.