логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Акатист на Св. Јован Кронштатски


sv.Jovan.Kronstatski.jpgКондак 1
          Избран и верен меѓу јереите Божји, те фалиме богоносен оче Јоване! Чекорејќи по евангелската Вистина, Ти со Христа  се сораспна и на сите верни исцеленија им изливаш, кон спасение упатувајќи ги. Ние пак, по твоите молитви во верата, надежта  и љубовта закрепнати, благодарно Ти воскликнуваме: 

Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвенику!
      
Икос 1
            Како ангел на молитвата и проповедник на покајанието те познавме блажен оче; н# застапуваш нас пред Престолот Божји, да дојдеме до познавање на вистината и животот свој да го насочиме кон патот  на покајанието, воскликнувајќи ти:
Радувај се, избран саду на благодатта Божја!
 Радувај се, Премудроста Божја како мајчино млеко слатко си ја пиел!
 Радувај се, својот Ангел чувар, како некогаш Товит, со сета своја душа си го следел!
Радувај се, на богољубивите родители целомудрен и беспрекорен плоду на чистота!
 Радувај се, во покорност на своите родители благослов Божји си стекнал!
 Радувај се, од младини на раководството на Духот Свети си се предал!
Радувај се, со сето срце Бога си го возљубил!
 Радувај се, по мера на растот Христов Богомудро си растел!

Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвенику!

Кондак 2
           Предвидувајќи дека многу соблазни и неволји доаѓаат на Црквата Православна и дека чедата Божји ќе бидат возмутени, како пастир добар, готов да ја положи душата своја за овците свои, си зборувал на луѓето: “Бегајте од соблазните, стојте во верата Православна, бодрете се, јакнете и славете го Господа, воскликнувајќи Му: Алилуја!
   
Икос 2
  Со разумот Божји просветен, животечни струи на богословието изли, себлажен оче Јоване, во пост и молитва зборови Божји со солзи во срцата на верните посеа, кон светлината на вистинското богопознавање чедата на нашата земја ги повика. Тие пак, утврдувајќи се во љубовта Божја, воспеваа:
 Радувај се, на Евангелската Вистина огнен ревнителу!
 Радувај се, на Словото за вечен живот незамолчив благовеснику!
 Радувај се, со рамноангелниот живот свој достојно украсен!
 Радувај се, застапнику на верните луѓе пред престолот Божји!
 Радувај се, од младини кон Црквата Божја со сето срце прилепен!
 Радувај се, со сета душа си се разгорел да се распнеш со Христа!
 Радувај се, со Христовата љубов своето срце како доброплодна нива  го обработи!
 Радувај се, на луѓето кои од тага и неволја изнемоштуваат, со сочувство и молитва олеснување си им дарувал!

Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвенику!

Кондак 3
Со силата на Божествената благодат, како пламен јаглен покрај жртвеникот Божји вжарен, светилник светол во градот Кронштад засветли, оче Јоване, на отците наши пофалбо. Затоа оние, во темнината на гревовите од бура завеани и од мракот на богоборството поколебани, со светлината на Божествениот разум ги просветли и ги научи да пеат: Алилуја!
 
Икос 3
 Имајќи љубов голема кон луѓето, со Крвта на Синот Божји искупени, си поитал кон оние без побожност, трезвеноумие и страв Божји и од бурата на очајанието развеани, пастиру Божји Јоване. Покорувајќи Му се на Христа со кротост и смиреномудрие, ги научи благодарствено да воскликнуваат:
  Радувај се, на оние во темнината и сенката смртна премудар просветителу!
 Радувај се, за спасение на луѓето од бурата на гревот завеани, благ покровителу!
 Радувај се, оние кои не знаат за Бога и со камено срце на покајание ги разбудуваш!
 Радувај се, со Божествена Премудрост во своите списи н# осветлуваш!
 Радувај се, на злите и сурови срца благо омекнување!
 Радувај се, на мрзливите и дремливите со совест сочувствителен разобличителу!
  Радувај се, на Словото Божјо и Неговата правда нестрашлив проповеднику!
 Радувај се, со добродетелниот свој живот замките на поднебесните духови на злобата ги уништи!
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвенику!
         
Кондак 4
       Бурата на расипаност која беснее против нашата света Црква ја препозна,  оче Јоване, како верен чувар на домот Господов, си ги учел овците Христови да бдеат и да одат право во  вистинската вера и во заповедите Негови непорочно да пребиваат, за со чисто срце непрестајно да воспеваат победничка песна: Алилуја!

Икос 4
Слушајќи за тебе дека си избран сад преполн благодатни дарови, на подвигот на милосрдност и љубов кон сиромаштвото ревнител, на вдовиците и сирачињата, страдалниците и обременетите утешител и за непокајаните грешници со солзи молитвеник, луѓето Божји не само од Кронштат, туку и од сите страни на земјата поитаа и исцелување од Тебе добија. Со нив, и ние каејќи се за гревовите свои како на наш топол застапник пред Бога, со умиление Ти воскликнуваме:
 Радувај се, сејачу на правдата, кој со солзите свои земјата Руска ја освети!
 Радувај се, разобличителу на неправдата, душите на верните од прелеста гревовна ги ослободи!
 Радувај се, на кротките срца и на разумните со светлина патот кон Бога им го покажа!
 Радувај се, со учењата свои, како кротка хранителка си н# греел и хранел!
 Радувај се, на сите тажни и преоптоварени вистинска надеж!
 Радувај се, на болните и од зли духови страдалниците благодатно излекување!
 Радувај се, сад избран, даровите на Светиот Дух на верните бесплатно им ги точиш!
 Радувај се, милосрден не само кон луѓето, туку и кон животните!

Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвенику!

Кондак 5
 Како небесносветла ѕвезда со свештенокрасниот живот свој засветли, пастиру Христов, Јоване!
Од Бога даруваното наследство, од душегубните волци со словото Божјо си го штител, пастирски повикувајќи: “Земете го Крстот Господов, на кој Христос, Царот на Славата, ракописот на нашите гревови го уништи, во Кого е вечното воскресение на светот.” А ние, осенувајќи се со него, со тебе Му пееме на Бога победничка песна: Алилуја!

Икос 5
 Рускиот народ гледајќи те како прекрасно блескаш на свеќникот на Црквата, Правдата Божја барајќи ја, кон тебе прибегнуваше и како на пријател Христов ги исповедуваа своите гревови. Ние пак, од многуте гревови обременети, кон тебе, Јоване блажен прибегнуваме и зборуваме:
 Радувај се, со силата на благодатта, која е во тебе, слабите по дух во љубовта Божја се утврдуваат!
 Радувај се, со твојата молитва покајниците од гревовното ропство се ослободуваат!
 Радувај се, со трудовите твои, гладните и жедните за Христова правда се наситуваат!
 Радувај се, со твоето благовештение непријателите Христови се посрамуваат!
 Радувај се, од твоите молитви сите сили на адот треперат и се тресат!   
 Радувај се, со подигнување на рацете твои, небесните двери на верните им се отвараат!
 Радувај се, за умилостивување на народот православен, молитва, како темјан благоухан, херувимски на Бога си Му принел!
 Радувај се, н# поттикна нас да се молиме за оние кои не ја познаваат Божјата љубов и правда!
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвенику!
 
Кондак 6
Како проповедници на чудесни дела Божји, Јоване блажен, многумина се јавија: сиромаси и богати, стари и млади. На сите љубовта своја си им ја изливал. Затоа не само православните туку и иноверците, со силата на твоите молитви, милоста Божја ја наоѓаа, пеејќи му на Бога: Алилуја! 

Икос 6
      Животот твој во Црквата Православна од поларната светлина заблеска посилно, со светлината на Евангелието Христово земјата наша ја просвети и од замките ѓаволски чедата нејзини ги огради. Затоа и сега го молиме Господ на силите Неговата света љубов да се утврди во срцата наши; ни неволја, ни тегобност, ни смрт да не можат да н# разделат од љубовта Божја. И достигнувајќи го ова, да ти воскликнуваме:
 Радувај се, со Божјо внимание го прорече она кое на нас доаѓа!
 Радувај се, си н# научил нас да одиме по тесниот пат на заповедите Божји!
   Радувај се, на оние кои се во тага и неволји изворот на радоста во Бога им го покажа!
 Радувај се, во десницата и левицата оружјето на Божјата правда си го држел!
 Радувај се, со зборови на вистина и љубов нелицемерна, на Синот на Громот се вподоби!
 Радувај се, во порфира на покајание сите ги облече!
 Радувај се, со дијадема на благодат славно си овенчан!

Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвенику!

Кондак 7
 Сакајќи Себлагиот Господ да ги спаси луѓето на земјата Руска, и да ги очисти како злато во огнена топилница, стави во устата твоја, блажени, дух на премудрост и ти даде разум предвидувачки, низ срдечно покајание и скрушеност со солзи, во непоколеблива вера, да ги подготвиш на пожртвувано служење, за со сите светии кои во Руската земја засветлеа, ангелски да повикаат кон Бога: Алилуја!

Икос 7
               Гледајќи те како нов Божји избраник, себлажен Јоване, како во олтарот со солзна молитва за сите со Христа се сораспнуваш, богољубивите луѓе со вера кон тебе приоѓаа и душевно и телесно се исцелуваа. Затоа и ние слабите усрдно те молиме: подигни ги рацете свои и застапи са за нас пред Господа, како таткото за своите деца, да ја умножи Господ Својата милост кон нас, кои ова ти го принесуваме:
 Радувај се, ти кој за нас пред Престолот Божји  плачеш и усрдно се застапуваш! Радувај се, на покајание со солзи сесрден посреднику!   
Радувај се, примеру за непрестајно подвизување, кој н# упатуваш нас на Христа Бога усрдно да Му служиме!
Радувај се, н# утврдуваш во божествена стража на верата апостолска!
Радувај се, образец на целомудреност и воздржливост прекрасно си покажал!
Радувај се, празноверието, ересите и хулите од своето стадо си ги отсекол!
Радувај се, славен просветителу на оние кои се во темнината на незнаењето!
Радувај се, мудар чистачу на душите човечки од секојдневната суета!

Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвенику!

Кондак 8
           Големо чудо остварено врз Тебе гледаме, прекрасен пастиру Христов Јоване! Бидејќи самата Пречиста Мајка Божја блажен те нарече тебе и твоите следбеници и на сите со радост ви го објави  Божјото благоволение: ,,О, најмили деца на Отецот Небесен!” Така радост на Црквата Небесна поради подвигот на земните им наговести. Па и ние, загреани со надежта во застапништвото на Мајката на Господа на Силите за нас, Му повикуваме на Царот на сите векови: Алилуја!

Икос 8
Целиот со Божествен копнеж разгорен, како носител на љубовта Христова се јави, пастиру добар. Во неа милоста и вистината се сретнаа, правдата и мирот се целиваа, секоја лага беше победена, еретичкото зломислие како трулеж запалено, неволјите човечки со елејот на милосрдието Твое ублажени. Ние пак, мрзливците, не ги стекнавме овие ризници и по праведниот суд Божји на многу неволји и јадови достојни станавме. Но, знаејќи те како неуспивлив помошник, со умиление те повикуваме:
Радувај се, на љубовта Христова неуморен носителу!
Радувај се,ревносен сејачу на мирот и правдата! 
Радувај се, непоколеблив чувару на верата православна!
Радувај се, сејачу на побожноста и верата православна!
Радувај се, за сиот свет се грижиш и со солзи се молиш!
Радувај се, на отците наши пофалба, а нам надеж и тврдина!
Радувај се, од Бога избран пастиру, на Русија Света благодатен украсу!

Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвенику!

Кондак 9
На радост на сите кои се во неволји и животни грижи, Господ им го подигна прекрасниот пастир и чудотворец Јован, хромите и раслабените, слепите и од зли духови мачените да ги исцели,  оние заробени во погубно пијанство и брачно неверство на целомудрен живот да ги повика и оптоварените од грижи кон Бога да ги приведе и така во душите на верните Царството на Божјата правда да го засади, за сите да запееме спасоносна песна на Бога: Алилуја!

Икос 9
Многуглаголивите говорници не можат да ја објаснат силата на твоите молитви, прекрасен Јоване, кога тројцата момчиња кои се осмелија тебе и молитвата твоја да ја исмеат, ги казни за нивно спасение. Гледајќи ги како се каат и со солзи се молат, за хулителот од Бога исцеление испроси. Тие пак, познавајќи ја чудотворната сила на твојата молитва  и љубовта на твоето најтопло милосрдие, како Божји  прозорливец, блажен те нарекоа и те фалеа:
Радувај се, добар домострој на својот чин богомудро си сочувал!
Радувај се, дадениот залог, Телото Христово, до последниот здив цел и недопрен го сочува!
Радувај се, Богонапишаните табли на двата Завета достојно ги проповедаше!
Радувај се, Црквата Христова  ја просвети со побожноста на добар пастир!
Радувај се, на грешниците кои се каат, на сираците и бедните милостив покровителу!
Радувај се, на вистинска просвета и христијанска побожност ревносен градинару!
Радувај се, на грешниците кои се каат, сиротите и бедните милостив покровителу!
 Радувај се, мудар патеводителу, патеката на правдата на младите им ја покажуваш!
 Радувај се, нелицемерен судијо, оние кои зло мислат со љубов  ги прекоруваш!

Радувај се, Јоване, на Православието  прекрасен молитвенику!

Кондак 10
 Сакајќи да ги спасиш душите на своите ближни,  изложени на олуи од ереси и маловерие, се вооружи со воздржание и смирение против ѓаволските сплетки, оче  Јоване, апостолското и светоотечкото исповедање на верата цврсто си го сочувал. Со љубов пожртвувана сораспнувајќи се со Христа, својата душа за спасение на народот Божји ја положи и Царство Небесно достигна, каде со ангелите и хоровите на светиите непрестајно го славиш Бога. Спомни си и за нас, кои го празнуваме славниот твој спомен и на Бога пееме: Алилуја!

Икос 10
 Цврста ограда беше љубовта твоја кон Господа, во која срцето твое се утврди, богоносен оче Јоване. Поради тоа на сите кои со вера ти приоѓаат им се откри како прибежиште и утврдување, сите кон Христа да ги приведеш. Затоа и нам, кои ти припаѓаме, биди ни силна ограда и неодолива заштита, да н# ни се смеат оние кои зло ни посакуваат. Во мир и љубов Христова да пребиваме и овие пофалби да  ги принесуваме:
 Радувај се, неизгаслив светилнику со Огнот на Духот Свет вжарен!
 Радувај се, крин кој секогаш благоуханиш, со росата на благодатта Божја напоен!
 Радувај се, богоплодна росо, која со благодатни дарови на верата оживуваш!
 Радувај се, сол на земјата, која н# штитиш од трулежот гревовен!
 Радувај се, тивко пристаниште на оние кои ги виори бурата на житејското море!
 Радувај се, помош Божја измолуваш за душевно и телесно изнемоштените!
 Радувај се, прекрасен познавачу на срцата човечки кој верните од лажните мудрувања ги оградуваш!
 Радувај се, со својата чиста молитва сојузот на сопружничката верност го зацврстуваш!

Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвенику!

Кондак 11
 Достојна пофална песна ти принесуваме, себлажен оче Јоване, кој со целиот свој живот Бога го прослави. Како што те видовме долу на земјата пред Престолот Господов како за сите и за с# го молиш Владиката на сите, така и сега горе на Небесата вознеси ја молитвата своја, Црквата наша непоколеблива да биде и од поколение во поколение во нашата татковина благочестиво да се слави Името на Триединиот  Бог меѓу оние кои воспеваат: Алилуја!

Икос 11
     Како светлозарна свеќа на оние кои се во темнината на животот те гледаме, Богоизбран оче Јоване, бидејќи на Небесата пред Престолот Божји и во соборот на светиите и Силите Небесни секогаш н# застапуваш. Погледај на нас, чедата свои, олесни ни ги неволјите и исцели ги болестите наши, за да ти воскликнуваме:
 Радувај се, во подвигот твој, Името на Пресвета Троица прекрасно се прослави!
 Радувај се, со побожноста на твојата вера Црквата Христова се украси!
 Радувај се, со состраданието твое кон ближните, нивните неволји, болести и секакви болки се ублажуваат!
 Радувај се, по твоите молитви покајаните грешници за Царството Небесно се подготвуваат!
 Радувај се, на спасоносни, небесни и земни блага штедар дарителу!
 Радувај се, од видливи и невидливи непријатели сигурен избавителу!
 Радувај се, во земниот Едем, Црквата Христова, со добар подвиг засветли!
 Радувај се, рајските убавини, за праведните подготвени, ги доби!

Радувај се, Јоване, на Православието  прекрасен молитвенику!

Кондак 12
     Како кладенец преполн со благодатни дарови на Светиот Дух, те јави Господ, оче наш Јоване, и ние да бидеме нивни причесници преку тебе, и така да ја спознаеме Божјата милост кон нас, да н# отстапи Господ од нас ниту да н# посрами, кога со благодарни усни и чисти срца надевајќи се на милоста на Неговата добрина, ќе запееме: Алилуја!

Икос 12
        Воспевајќи пофалби за достојниот твој живот на земјата и за славата која си ја добил на Небесата, те молиме, Јоване блажен, вознеси за нас кон Бога молитви, да бидеме помилувани во денот на Судот и спасени со твоите молитви и да ти воскликнуваме:
 Радувај се, Богоизбран и Богопрославен пастиру на руската земја!
 Радувај се, го запеа Божјото име како милозвучна свиралка!
 Радувај се, си ревнувал слично на апостолите и пророците!
 Радувај се, за нашиот народ и Татковина топол молитвенику!
 Радувај се, на верата православна вистински исповеднику!
 Радувај се, пресветол зрак кој патот кон вечниот живот го осветлуваш!
 Радувај се, ти кој нам Божјата благост н&  ја откриваш!
 Радувај се, сеобилна трпезо, од која монасите и мирјаните се хранат!
 Радувај се, учителу на Правдата Божја, со кој и старите и младите се украсуваат! 
 Радувај се, оние кои Бог Ти ги подари на радоста Божја ги изгради!
 Радувај се, од небесните жители целив во Господа прими!

Радувај се, Јоване, на Православието  прекрасен молитвенику!

Кондак 13
          О, себлажен оче Јоване, блескав руски светилнику и прекрасен чудотворче! Прими ја оваа пофална песна и моли Го Христа Бога во мир и побожност да ја утврди Црквата Своја, а нас од сите несреќи да н# избави и во едномислие на верата и сојузот на љубовта Христова да н# сочува, за со едни усни и едно срце да Му запееме со тебе на Бога: Алилуја!

(Овој кондак се чита трипати)
Потоа се чита Икос 1 и  Кондак 1.

Молитва кон светиот и праведен Јован Кронштатски
О, голем Христов угоднику, свети праведни оче Јоване Кронштатски прекрасен пастиру, брз помошнику и милостив застапнику!
Вознесувајќи славословие на Троединиот Бог, молитвено си повикувал:
“Името Ти е - љубов: не отфрлувај ме заблудениот!
Името Ти е - Сила: закрепни ме, бидејќи изнемоштувам и паѓам!
 Името Ти е - Светлина: просветли ја душата моја помрачена од житејски страсти!
 Името Ти е - Милост: не престанувај да ме милуваш!”
 Христоимен и праведен угоднику Божји!

Озари н# со својата љубов нас, грешните и слабите, удостој н# да принесеме плодови на покајание и неосудено да се причестуваме со Христовите Тајни. Со силата своја зацврсти ја верата во нас, во молитвата поддржувај н#, слабостите и болестите исцели ги, од искушенијата на видливите и невидливи непријатели избави н#. Со светлината на ликот свој, поттикни ги служителите на Олтарот Христов на подвизи свети на пастирското служење, дарувај им воспитание на децата, младоста упати ја, староста поддржи ја, светињите на храмовите и светите обители засветли ги!

 Смири ги, чудотворче и прозорливче, народите на нашата земја, со благодатта и дарот на Духот Свети избави ги од меѓусебни борби, расејаните собери ги, заблудените обрати ги и приведи ги кон Светата Соборна и Апостолска Црква.

 Со милоста своја браковите во мир и еднодушност сочувај ги, на монасите во добрите дела напредок и благослов дарувај им, малодушните утеши ги, оние кои страдат од нечисти духови ослободи ги, оние кои изискуваат помош и кои се во тешки околности помилувај ги и сите нас насочи н# на патот на спасението.

Жив во Христа, оче наш Јоване, приведи н# во Невечерната Светлина на Вечниот  Живот, да се удостоиме со тебе на вечно блаженство, фалејќи го и превознесувајќи го Бога во сите векови. Амин.

Молитва втора
 О, голем чудотворче и прекрасен Божји угоднику, богоносен оче, Јоване! Погледни на нас и добродушно чуј го нашето молење, бидејќи со големи дарови те удостои Господ,  застапник и  секогашен молитвеник да н&  бидеш. Погледни, од страстите гревовни завејани и од злото подгризени, заповедите Божји ги занемаривме, покајание со солзи од срцето не принесуваме и достојни за неволји се јавивме.

Ти, праведен оче, имајќи голема смелост пред Господа и сострадание за ближните, моли го штедриот Владетел на светот да ја пројави големата милост Своја кон нас и да ги покрие нашите неправди, да не н# погуби поради нашите беззаконија, туку милостиво да ни даде време за покајание.

О, светецу Божји, помогни ни верата православна непорочна да ја сочуваме и Божјите заповеди побожно да ги исполниме, да не завладее со нас некое беззаконие, да не се посрами Правдата Божја во неправдите наши, туку да се удостоиме да достигнеме христијански крај, без болка, непосрамен, мирен и да се причестиме со Светите Божји Тајни.

Уште те молиме оче праведен, да биде нашата Света Црква утврдена до крајот на вековите, за Татковината наша мир и опстанок испроси, и сочувај ја од сите зла, за така народите наши, штитени од Бога, во едномислие во верата и секоја побожност и чистота, во убавината на духовно братство и согласност да сведочат дека со нас е Бог! Преку Него се движиме, и живееме, и сме, и ќе бидеме засекогаш. Амин.

 Издавач: манастир св. Атанасиј Велики - Акатисти

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная