логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


RASPETIE.jpg 

На Велик Петок се слави светото спасоносно и страшно Страдање на нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос. Заради нас Он доброволно претрпе плукање, бичување, исмевање, пурпурна облека и трска, сунгер, оцет, клинци, копје и над сè крст и смрт.
 Исто така, се слави и спасоносното исповедање на крстот и  на покајаниот разбојник, кој беше распнат со Него.
Синаксар

 Господи, Боже мој, ќе Ти пејам погребна песна, песна на Твоето погребение, зашто Ти, со Своето погребение ја отвори за мене вратата на животот и со Својата смрт ги погуби смртта и пеколот.
Утрена, Велик петок

 Тебе, Кој се облекуваш со светлина како со облека, од Дрвото Те симна Јосиф со Никодим и гледајќи Те мртов, гол и непогребен, од срце заплака и, ридајќи, говореше: „Тешко мене, најсладок мој Исусе, од Кого сонцето, гледајќи Те на крстот, во мрак се облече и земјата од страв се тресеше и се раздра црковната завеса; но, ете, сега Те гледам Тебе, Кој заради мене прими смрт: како да Те погребам, Боже мој, или до каква плаштаница да Те завиткам? Со кои раце да се допрам до твоето нетлено тело? Или која песна да запеам на Твоето заминување, Милостиве? Ги величам страдањата Твои, го воспевам и Твоето погребение со воскресението, извикувајќи: Господи, слава Ти.
 Вечерна, Велик петок

 Hristos.raspnat.jpgБоже и Господару на силите и Создателу на сите твари, Кој, поради милосрдието на Твојата неизмерна милост си Го испратил Твојот Единороден Син, Господа, нашиот Исус Христос за спасение на нашиот род и преку Неговиот чесен Крст си го скинал списокот на нашите гревови и со него си ги победил началствата и властите на темнината! Сам, Владико, Човекољубецу, прими ги и овие благодарствени и умилни молитви од нас грешните и избави нè од секакво погубно и мрачно прегрешение и од сите видливи и невидливи непријатели, кои сакаат да ни направат зло.

 

 Прибери ги нашите тела со страв пред Тебе и не дозволувај нашите срца да се оддалечат кон лукави зборови и мисли, но со својата љубов исполни ги нашите души та, гледајќи секогаш кон Тебе и упатувани од Твојата светлина, да Те гледаме Тебе, непристапната, секадеприсутна светлина, да Ти вознесеме непрестајно исповедание и благодарност Тебе, беспочетниот Отец, со Твојот Единороден Син и Сесветиот и Благиот и Животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин.

 

Подготви: А.Л.



 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2725
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7168
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7011
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

26/07/2024 - петок

+Св. Архангел Гавриил; Св. Јулијан, епископ Кеномански во Галија; Преп. Стефан Саваит; Преподобна Сара Мисирска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Жив е Господ и жива си ти света Ефимио,која не го остави стадото Христово,не само што за гревот на ближниот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная