Пред да ги исправуваш другите, погледни се себеси

Во едно мало село живеел човек кој знаел многу.
Знаел што треба да прават другите, како треба да зборуваат, како да се однесуваат, како да се молат, па дури и како да ги исправат своите грешки.
Секој ден наоѓал нешто што треба да го забележи.
„Овој нема доволно вера.“„Онаа премногу зборува.“
„Другиот не знае да простува.“
„Овој треба да се промени.
“Еден ден отишол кај еден старец и му рекол:
„Старче, зошто луѓето не се поправаат?
Им зборувам, ги советувам, им објаснувам, но тие продолжуваат по старо.
“Старецот не му одговорил.
Му дал огледало и рекол:
„Оди во собата спроти нас и погледни малку во него
.“Човекот отишол.
По некое време се вратил.„Што виде?“ — го прашал старецот.„Себе.
“„А што треба да се поправи?
“Човекот непријатно се насмевнал.„Многу работи.“Тогаш старецот му рекол:„Ете, тогаш од таму почни.“Човекот замолчел.А старецот продолжил:
„Додека ги гледаш другите, секогаш ќе наоѓаш нешто што треба да се поправи. Но кога вистински ќе се погледнеш себеси, ќе разбереш колку и самиот имаш потреба од Божјата милост.
Не обидувај се да ги менуваш луѓето со своите зборови.
Прво промени го начинот на кој ги гледаш.
Зашто човекот кој во себе има мир, не бара недостатоци.
Бара начини да сака.
И многупати, најсилната поука не е онаа што се кажува.
Туку онаа што се живее.
“Човекот си заминал, држејќи го огледалото во рацете.
Од тој ден, секогаш кога ќе се подготвел да осуди некого, прво се погледнувал себеси.
И полека, без ни самиот да забележи, почнале да се менуваат и луѓето околу него.
Не затоа што тој ги исправил!
Туку затоа што престанал да ги гледа со строгост и почнал да ги гледа со љубов.
— Од редакцискиот тим на храмот „Свети Константин“ во Колонус, о. Атанасиј —
Подготви м-р Симеон Стфковски
10.10.2026