Сине мој, ако си згрешил, престани да грешиш; за направените гревови, моли се.
Од грев бегај како од змија; ако му се приближиш, тој ќе те касне.
Гревот има лавовски заби; тој ги убива човечките души.
Секое беззаконие е како меч со две острици, тој задава рани неизлечиви.
Собирот на беззакониците е како куп отпадоци од коноп; во пламенот огнен е нивниот крај.
Патот на грешниците добро е поплочен, но крајот негов е бездна пеколна.
(Книга мудрост Сирахова 21:1-4,10-11 )