логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

ЗА СРЕДБАТА СО ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

За својата средба со Божјата Мајка, Свети Дионисиј Ареопагит му пишува писмо на својот учител апостол Павле, специјално доаѓајќи од Атина за да ја види Нејзе:

Сведочам пред Бога, дека покрај Бог, нема ништо толку исполнето со божествена сила и благодат. Никој од луѓето не може потполно да го разбере со својот ум, она што го видов. Исповедам пред Бога: кога бев со Јован (Богослов), кој светеше меѓу апостолите како Сонцето на небото, (и) кога бев однесен пред лицето на Пресветата Дева, искусив неописливо чувство.

Пред мене сјаеше некој Боженствен блесок. Тој го просветли мојот дух. Јас почувствував благоухание од неописливи мириси и се исполнив со таков восхит, што телото ми ослабна, а духот не можеше да ги издржи тие знаменија и знаци на вечно величие и небесна сила. Од нејзината благодат ми се исполни срцето и ми се потресе духот. Да не ми имаше кажано, ќе си помислев дека Бог е пред мене. Не можеме да си замислиме поголемо блаженство, од она, кое тогаш јас го почувствував.

 

Избор од фб профил на

МАНАСТИР СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2669
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1826
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…