логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TViTer685

За недостатокот на трпение - од Адам до нашето поколение


TViTer684
 
Манастирот посветен на Сите келтски светители на островот Мул (западниот брег на Шкотска)


Јеромонах Серафим (Алдеа)

Ние немаме трпение и гладуваме  за брз и лесен „рецепт“ за спасение.


„Ние немаме трпение. Нашата генерација нема трпение. Генерацијата на нашите родители немаше трпение. Од падот на Адам до последниот човек на Земјата, сите ја правиме истата духовна грешка - не сакаме да го слушаме Бога и веруваме во секакви чудесни рецепти за спасение. Но, не постои брз и лесен пат до спасението, нема моментално спасение, а на последиците од нашата нетрпеливост им требаат години или децении за да се излечат.
Трпението е воздухот на духовниот живот - ништо од Царството не расте без него. Адам го научил тоа на потешкиот начин - посегнал да ја зграпчи својата целосна човечност пред да биде готова, верувал во „инстант чудо“ на лукавиот и го изгубил она што би било негово во определеното време“.
Христос воскресна!   
            Неодамна, неколкумина од вас напишавте дека на сите нас ни се исцрпи трпението - дека не можеме да го поднесеме тоа да сме затворени (за време на пандемијата), ограничувањата  да се видиме со нашите пријатели и едноставно да го живееме нашиот живот нормално. И оваа мисла за трпение и недостаток на трпение, „Трпението ми се исцрпи, немам повеќе трпение“, е толку вообичаена што мислев дека можеби вреди да напишам нешто за трпението.
           Работата со трпението е навистина исто како и работата со сите други добродетелии – сите работи  кои заслужуваат и за кои вреди да се бориш. На почетокот се чувствуваме добро некое време затоа што нè задоволуваат, прават да чувствуваме дека правиме нешто добро за промена. На почетокот е лесно да се биде трпелив, лесно е да се прости, да се сака. Но, по извесно време и трпението, и љубовта, и простувањето, и се што е добро; сè за што Христос нè учи да се држиме, станува неподносливо тешко, работите стануваат мрачни, темни. И претпоставувам дека тоа е местото каде што сме сега - ние сме во мрачниот темен период на трпението.
          Трпението само по себе е суштинско за секаков вид на растеж или еволуција во духовниот живот, бидејќи на почетокот навистина немаме никакви добродетели, ништо не е реално во нас самите. Можеме да се преправаме дека сакаме, можеме да се преправаме дека сме трпеливи, можеме да се преправаме дека простуваме, но тоа не се вистински животворни добродетели. Тие се привидни, имагинарни добродетели. Единственото нешто што го имаме во овие рани години или рани децении од нашиот духовен живот е нашата волја и способност, нашиот избор да ја искористиме волјата за да покажеме трпение во практикувањето на сите други добродетели, дури и кога тие ни изгледаат мртви, дури и кога ги чувствуваме лажни или мислиме дека нивниот извор не постои во нас.
Постои директна врска помеѓу нашето трпение и нашиот почеток (нашето потекло) - за двата лични почетоци - за секој еден од нас, за мене и за вас. За нашите почетоци како човечки суштества создадени по образот на Личноста Христова. Исто така, постои врска помеѓу трпението и нашата еволуција, преустројството на нашата вистинска природа како човештво, создадено според Божјиот лик во Света Троица.
         Оваа врска помеѓу нашиот почеток и оваа ужасно тешка добродетел на трпението датира од самиот почеток на нашето постоење како луѓе. Трпението е почеток на духовниот живот а нетрпеливоста е почеток на духовната смрт. Преку нетрпеливоста смртта влезе во светот. И имено преку трпението животот се враќа во светот. Сетете се на нашиот прататко Адам. Единствената мисла (помисла) на Адам беше дека тој нема трпение полека да стане онаков каков што Бог сака да биде. Единствената грешка на Адам беше што се обиде да „грабне“ - пред вистинското време, пред да биде подготвен да го прими – тоа, кое би било негово, само ако почекал на вистинското време познато само на Бога. Ѓаволот и онака му го предложил само тоа што инаку и било негово. Ѓаволот му сугерирал дека може да стане како Бог. Но, Бог веќе го беше создал, за да биде тој, за да бидеме сите ние како Бога. Сите ние сме создадени по образ и подобие Божјо. Единственото нешто што ѓаволот го додал на Божјото ветување беше друго ветување за брзо и лесно „направи си сам“ наместо бавната, болна, но спасителна верзија на едноставното потчинување на Божјата волја и следење на Бога преку оваа етапа на самопреобразување.
           Ете зашто е толку важно трпението, зашто е толку важно да се практикува трпение во нормална секојдневна ситуација како онаа што ја поминуваме низ овие месеци (се има во предвид пандемијата), затоа што ги вежба „мускулите“ на нашето духовно јас. Ако можеме да бидеме трпеливи овде и сега, по Божја милост можеме да бидеме трпеливи и кога ќе дојде време да го следиме Христа. Запомнете дека трпението е поврзано со потчинување (послушност) на ист начин како што нетрпеливоста е поврзана со непослушноста. Нетрпеливоста на Адам, непослушноста на Адам не доведоа до тука, каде што сме денес. А за да ги исправиме и излечиме сите погубни последици од овој пад, мора да ја употребиме токму „спротивната“ добродетел. Мора да имаме трпение за да ја излечиме нетрпеливоста на Адам. Мораме да практикуваме послушност за да ја излечиме непослушноста на Адам кон Бога.
           Тешко е да се биде трпелив и јас го разбирам тоа. Го сметам за многу тешко, сè ми е тешко. Не ме сфаќајте погрешно, апсолутно сè ми е тешко, но свесен сум дека нема друг пат напред, нема друг пат до Царството, освен преку крстот. Трпението е тешко, но нè заштитува во процесот на нашата трансформација, нè заштитува во овој процес на ослободување од старото јас и прифаќање на нашето ново, вистинско јас кое е Христово. Не можеме да го разликуваме гласот на лукавиот од гласот на сопствената совест, од гласот на нашата вистинска природа. Толку често го мешаме гласот на лукавиот со нашиот вистински внатрешен глас, гласот на нашите срца.
           И, повторно, ова е стара вест, ништо ново за човештвото. Сетете се уште еднаш на почетокот - како Адам го примил советот (гласот на лукавиот) за совет (гласот) од својот Создател. Како тој не можел да направи разлика помеѓу ова семе на злото засадено во него и она кое тој требаше да го смета во тој момент за добра спасителна мисла.
           Истото што му се случи на него и нам ни се случува. Ние слушаме толку многу гласови, толку многу воплотувања на лукавиот, што не можеме да го разликуваме неговиот глас од гласот на Христос кој зборува во нашите срца. Трпението ќе нè води низ овој процес. Трпението ќе нѐ зачува додека не научиме да распознаваме, или, подобро, додека Христос не ни  ја даде благодатта за да распознаваме.
Размислете каков би бил животот на Адам и каков ќе изгледаше животот во светот на човештвото ако Адам имаше трпение едноставно да чека Христос, Бог да го води низ неговиот процес на преобразување. Поради недостатокот на трпение, поради неговата непослушност, тој се роди предвреме како зародиш во светот, наместо како христоподобен човек, каков што Бог  сакаше тој  да биде.
Трпението е единствениот начин бидејќи тоа нè менува. Трпението го започнува од почеток овој процес на „трансформација“. Трпението нè топи - како и секој убав накит, ние мора да бидеме  растопени за да се ослободиме од старото јас и тогаш Христос повторно може, поради нашата слободна волја и нашето учество, да нè преобрази, да почне да нè пресоздава за да можеме да го финализираме процесот кој Адам набрзина го прекинал со својата непослушност и нетрпеливост, кои едноставно го фрлиле во светот како зародиш наместо  како човек.

https://www.youtube.com/watch?v=tC44njyfjrc&t=120s

TViTer683
Јеромонах Серафим Алдеа служи и се подвизува во манастирот „Сите келтски светители“, кој се наоѓа на островот Мул (западниот брег на Шкотска) и е првиот православен манастир по повеќе од илјада години на Шкотските острови. Тој јурисдикциски функционира со благослов на Неговото Високопреосвештенство Јосиф, Митрополитот за Јужна и Западна Европа на Романската Патријаршија. Административно е поддржан од две непрофитни организации - American Friends of the Celtic Saints (во САД) и Kilninian Trust (во ОК).
Јеромонахот Серафим кратко студирал во Москва (1999-2001) и за време на престојот таму се „враќа“ во Црквата, на што му помогнало поклонувањето на Владимирската икона на Богородица. Во 2003 година добива стипендија во Велика Британија за магистерски студии на Универзитетот во Ворвик, на Катедрата за англиски јазик. Замонашен е во Рашкиот манастир во Буковина – еден од најубавите манастири во Северна Молдавија, на 25 март 2005 година, а на празникот Воздвижение на чесниот крст (14 септември) е ракоположен за свештеник.
Во 2009 година му беше доделена стипендија за докторат на Универзитетот Дурам, па се враќа во ОК и почнува да работи на докторатот под надзор на проф. Ендрју Лаут. Неговото истражување се фокусира на православното христијанство во почетокот на дваесеттиот век, за кое вели дека е „највозбудливо време за оваа древна христијанска црква“, во најмалку две гледишта:
„Прво, Православието беше брутално прогонувано од комунизмот во неговиот традиционален дом, што резултираше со милиони мажи и жени убиени, мачени, социјално и економски дискриминирани или (за најсреќните) прогонети од татковината. Од друга страна, овој страшен масакр значеше дека Православието ги стекна некои од своите духовно најсилни и најљубовни светители од оваа болно долга низа новомаченици и го преживеа комунизмот по речиси едновековно прогонство. Второ, тоа беше време кога комунистичкото прогонство ги истера некои од најдобрите претставници на православната црква во западниот свет. Овие теолози беа соочени со нови предизвици и мораа да одговорат на нови прашања кои беа специфични за условите на западното општество. Поради ова, нивната теологија е свежа, многу оригинална и има огромно влијание врз современиот читател“.
По одбраната на својата теза во март 2014 година, о. Серафим доби постдокторантска стипендија на Универзитетот во Оксфорд, на Катедрата за теологија и религија, за периодот од јануари 2015 година до крајот на 2017 година.

Извор: Блог Mullmonastery / hristianstvo.bg


За Преминпортал: Симеон Стефковски

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3125
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная