логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Zvonko.sv.Vasa10

Кондак 1
Избрано и прекрасно избавување нам ни се дарува, со Твојата чесна икона, Владичице, бидејќи оние кои топло се молат пред неа ги избавуваш од вечна пропаст. Затоа благодарно пеење Ти принесуваат Твоите слуги, со умиление воскликнувајќи:
Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!


Икос 1
Ангелите и сите сили небесни Те фалат Богомајко. Како брза христијанска Застапничка, ги зарадува оние коишто пред Твојата икона пеат:
Радувај се, со Тебе сета вселена со светла радост се исполни!
Радувај се, со Твоето посредство неволјите се уништуваат!
Радувај се, неочекувано спасение на оние кои пропаѓаат!
Радувај се, Мајко и Покров со изобилна љубов за оние кои во Тебе се надеваат!
Радувај се, мрзоволието на паднатите во радост го претвораш!
Радувај се, со Тебе ни се дарува исправување на животот!

Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 2
Сите небесни сили се восхитуваат гледајќи како непрестано за христијаните се молиш на Синот Свој. И ние, грешните, осветлени со богодолично блескање на Твоите икони кое ни дарува брза помош, не знаејќи како достојно да Те прославиме, Ти повикуваме: Алилуја!


Икос 2
Усрдна Застапничке, подари ни разумност нам кои пропаѓаме во својата жалост. Ти, Која со Својата милост ги опфаќаш оние кои во својата неволја со умиление Ти воскликнуваат:
Радувај се, Ти што во моментот на двоумење поради жалостите, испраќаш корисни помисли!
Радувај се, на опфатените од страсти и оние коишто страдаат срцата со благодат им ги исцелуваш!
Радувај се, брзо совладување на грешните навики!
Радувај се, ги избавуваш оние кои Ти приоѓаат од страста - пијанство!
Радувај се, ги разбудуваш грешните за благодатен живот!
Радувај се, брза Утешителко во сите наши неволји!

Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 3
Те осени силата на Господ Исус Христос, Владичице, за да Те побараат сите кои пропаѓаат во неволјите и жалостите и да ја измолат Твојата помош. Тебе Ти се даде благодат да ги отфрлиш сите неволји кои нас нè
опколуваат, за да со Тебе спасени воскликнеме кон Бога: Алилуја!

Икос 3
Бидејќи Си многу милосрдна спрема човечкиот род, Ти Богоневесто со покровот на Твојата благост ги закрилуваш сите кои Те почитуваат и се молат за Твоето застапување. Подај им рака за помош ним и на нас кои со умиление воскликнуваме:
Радувај се, ги одбиваш навредите и клеветите!
Радувај се, неправедните намери ги рушиш!
Радувај се, од неправедни осуди спасуваш!
Радувај се, од окови во затвор избавуваш!
Радувај се, од прогонства враќаш!
Радувај се, помагаш на сите кои од Тебе милост бараат!

Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 4
Бура на земни неволји и жалости нè опфатија, Царице Небесна и со надеж во Твоето застапување се поклонуваме на Твојата чудотворна икона, верувајќи дека ќе нè подигнеш нас кои пропаѓаме и повикуваме: Алилуја!

Икос 4
Господ Кој го слуша Твоето посредство за нас, ги исполнува Твоите молби. Поради тоа и ние грешните кои поради своите неволји пропаѓаме гледајќи на Твојата света икона се охрабруваме да Ти зборуваме:
Радувај се, радосно разрешување на неплодните родители!
Радувај се, утехо на несреќните мајки!
Радувај се, невидливо одгледување на сирачињата!
Радувај се, поправање на паднатите момчиња и девојки!
Радувај се, мудроста на науката им ја откриваш на сомнителните!
Радувај се, светло сонце, што со светлината на милоста и милосрдието нè загреваш!
Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 5
Ја откри Твојата икона слична на од Бога испратена ѕвезда, Богородице, на оние кои залутале во животот со жалостите на овој свет. Со неа осени нè и нас кои сме во гревовната темнина, за да на нашиот Спасител Му воскликнеме: Алилуја!

Икос 5
Гледајќи ги Твоите топли молитви кон Бога за сите страдалници и невини, Те величаме благословена наша Исцелителко, и радосно Ти принесуваме пофалби:
Радувај се, се грижиш за оние кои лекарите ги оставиле!
Радувај се, ги исцелуваш неизлечивите болести на нашите тела!
Радувај се, од душевно помрачување бргу ослободуваш!
Радувај се, озлобените срца со покајание и солзи ги лечиш!
Радувај се, ни испраќаш привремени неволји поради наше поправање!
Радувај се, нè извлекуваш од гревовните длабочини!
Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 6
Те фалаат и слават Богородице Дево, пророците, апостолите и сите Светии, а нив ги поддржуваме и ние грешните, стоејќи пред Твојата света икона, и поради Тебе воскликнуваме на Бога: Алилуја!

Икос 6
Од незалезната светлина на Твојот Син и Бог заблеска со милостива благост спрема нас, Богородице и со Неговиот зрак ги загреваш сите трудољубиви и обременети, кои Ти повикуваат:
Радувај се, себлага Домостроителко, Ти што нашите животи добро ги устројуваш!
Радувај се, благослов на сите добри животни потфати!
Радувај се, добра Учителке на девојките!
Радувај се, блага Украсителке на невестите!
Радувај се, Дарителке на душевниот мир!
Радувај се, Застапничке на нашата вечна радост!

Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 7
Сакајќи да откриеш чуда од Твојата света икона "Спасителка на сите кои пропаѓаат", Ти заповеда Владичице, молебни пеења пред неа да се принесуваат, а оние кои ќе се исцелат да ја проповедаат милоста што ја добија од Тебе. Поради тоа и ние не ги криеме Твоите добрини, благодарно пеејќи: Алилуја!

Икос 7
Прекрасна и спасоносна благодат ни покажа Господ во јавувањето на Твојата чудотворна икона, Богородице. Поради тоа, удостојувајќи се на Твоите неброени добрини, благочестиво ја целиваме и благодарно Ти повикуваме:
Радувај се, чудесно залагање за изгубените!
Радувај се, прекрасно спасение на оние коишто страдат од мразот и студот!
Радувај се, по молитвите на мајките, децата им ги чуваш!
Радувај се, ги смируваш семејните раздори и кавги!
Радувај се, бргу оправдување на постраданите за вистината!
Радувај се, претстојуваш пред Бога и го спасуваш светот од несреќите!

Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 8
Патниците и придојдените, далечните и блиските, сите доаѓаат во Твојот храм, Пречиста Дево, и со солзи Те молат: биди милосрдна спрема сите грешници и заблудени да не пропаднеме во зло, туку од Тебе спасени на Творецот да воскликнеме: Алилуја!

Икос 8
Блага Застапничке, Ти што сите паднати благодатно ги подигаш, исполни ја и сега молбата на нас кои пропаѓаме и смирено ја вознесуваме,          воскликнувајќи Ти:
Радувај се, Радост наша, Ти Која со Твојата икона нè утеши!
Радувај се, Ти која не се гнасиш од оние кои сите ги презреле и отфрлиле!
Радувај се, Насладо на сите кои поради правда се гонети!
Радувај се, Застапничке на навредените!
Радувај се, вразумување на оние што брзо се навредуваат!
Радувај се, помирување на сите грешници со Бога!

Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 9
Прославувана од сите Небесни Сили, ни го откриваш Небесна Застапничке, Своето мајчинско милосрдие спрема сите кои приоѓаат кон Твоето посредништво. Така и нам кои сега се молиме за Твојата помош, биди ни радост и утеха за да благодатно воскликнуваме кон Бога: Алилуја!

Икос 9
Многуглаголивите мудреци не можат да ги искажат Твоите неброени чуда, Богородице, кои многуобразно се извршуваат пред Твојата света икона. Ние пак кои на тоа се восхитуваме, Ти зборуваме:
Радувај се, на оние што бараат разни дарови им даваш!
Радувај се, Хранителке на сиромасите, вдовиците и сирачињата!
Радувај се, закрепнување на немоќната старост!
Радувај се, единствена Надеж на очајните!
Радувај се, топла Молитвеничке за отпаднатите од православната вера!
Радувај се, тивко Пристаниште на изнемоштените од бурата на животното море!

Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 10
На оние кои се во пропаст секогаш им даруваш спасоносно исправување, Богородице Дево, и ги изведуваш на патот на спасението сите кои во умиление и скрушеност во срцата на нашиот Творец пеат: Алилуја!

Икос 10
О, изобилна со љубов Мајко на нашиот Господ, слушни ги воздишките и повиците од нас кои пропаѓаме, за да со Тебе избавени од несреќите и искушенијата благодарно Ти воскликнуваме:
Радувај се, живееш во нашето смирение!
Радувај се, ги смируваш брано- вите во нашите срца од грешните страсти!
Радувај се, поради сите паднати мајчински солзи проливаш!
Радувај се, во светот животот на верните го утврдуваш!
Радувај се, им даруваш благ христијански крај!
Радувај се, ја отвараш вратата на рајот!

Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 11
Со умиление принесувајќи Ти умилно пеење, Те молиме Дево Богородице, да не ги презреш гласовите на Твоите слуги, бидејќи и во пропаста и во жалостите кон Тебе приоѓаме и пред Тебе во нашата жалост солзи проливаме, пеејќи: Алилуја!

Икос 11
Те гледаме Пресвета Дево како свеќа која дава светлина на оние кои се во темнината на гревот и унинието, бидејќи целата вселена ја просветуваш со светлината на Твоите чуда. Од нив осветлени, Ти принесуваме благодарствени зборови:
Радувај се, цврста тврдино на православната вера!
Радувај се, Застапничке и Надеж на нашата татковина!
Радувај се, славо на нејзините православни владетели!
Радувај се, благослов на благочестивите епископи и пастири!
Радувај се, нè оградуваш со мир и љубов од неслогата!
Радувај се, нè штитиш од видливите и невидливи непријатели!

Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 12
Божествена благодат измоли кај Твојот Син и Бог и подај ни рака за помош, подигни нè нас кои пропаѓаме и насели нè во вечните живеалишта, Богородителке, та радувајќи се да пееме на Бога Кој со Тебе нè спасува: Алилуја!

Икос 12
Опевајќи ги Твоите чуда од совршената Твоја икона "Спасителка на оние кои пропаѓаат", веруваме дека ќе ни подариш радост и нам кои со срце и усна Ти принесуваме:
Радувај се, незасрамена надеж на христијаните!
Радувај се, спасоносно Прибежиште на верните!
Радувај се, Надеж на безнадежните!
Радувај се, брзо избавување од сите несреќи!
Радувај се, утехо во денот на смртта!
Радувај се, единствена Надеж и после смртта!

Радувај се, благодатна Богородице Дево, Спасителке на сите кои пропаѓаат!

Кондак 13
О, сеопеана Мајко, Ти што Вечната Радост на светот ја роди! Прими го ова наше молење и избави нè од секоја неволја и жалост, покажи ни ја Твојата брза помош и на очајните подари им утеха, исцеление на страдалниците, подигнување на паднатите, а на пропаднатите исправување, за да благодарно воскликнеме кон Бога: Алилуја!
(Овој кондак се чита трипати, потоа пак се читаат Икос 1 и Кондак 1).

*Молитва*
О, Пресвета и Преблагословена Дево, Владичице Богородице! Погледни со Твоето свето око на нас кои стоиме пред Твојата света икона и со умиление Ти се молиме. Подигни нè од гревовната длабочина, просвети го нашиот помрачен ум од страстите и исцели ги душевните и телесните рани. Ние немаме друга надеж и помош освен Тебе, Владичице, не нè лишувај од Твојата небесна помош, туку застани пред нас со Твојата неискажлива милост и милосрдие. Спаси и помилувај нè нас кои пропаѓаме, подари ни исправување на нашиот грешен живот. Избави нè од зло, несреќи, болести и изненадна смрт, од пеколот и вечните маки, бидејќи Ти Си Царице и Владичице, брза Помошничка и Застапничка на сите што Ти приоѓаат и сигурно прибежиште на покајаните грешници! Подари ни Себлага и Пренепорочна Дево, христијански крај на нашиот живот, мирен и непосрамен, и удостој нè со Твоето посредство да се населиме во небесните обители; каде немолчеливиот глас на оние кои празнуваат радосно ја прославуваат Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.*

Величание
Те величаме Пресвета Дево, и ја почитуваме Твојата света икона, бидејќи со неа ги исправуваш пропаднатите, а нам ни даруваш благодат и исцеление.


Тропар, глас 4
Пресвета Дево, исправи нè нас кои пропаѓаме и не нè казнувај спрема нашите гревови, туку помилувај нè по Твоето човекољубие: избави нè од пеколот, болестите, неволјите и спаси нè.

Тропар, глас 7
Радувај се, благодатна Богородице Дево, бидејќи Го носеше во Својата прегратка Младенецот и Бога. Замоли Го на светот да подари спокојство, а на нашите души спасение. Синот на Тебе, Богомајко Ти се јавува и сите Твои молби на добро ги исполнува. Поради тоа и ние се поклонуваме, Те молиме, се надеваме во Тебе и Твоето име го повикуваме за да нè пропаднеме, бидејќи Ти Си Владичице, подигнување на оние кои пропаѓаат.*

Светата Православна Црква ја празнува иконата на Божјата Мајка "Спасителка на оние кои пропаѓаат" на 18/5 фебруар.
Помага во тешките моменти на неволји.

Крај, слава и пофалба на Бога!*

 

Превод: сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/akatist-na-presveta-bogorodica-vo-cest-na-nejzinata-cudotvorna-ikona-narecena-spasitelka-na-onie-koi-propagzaat/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3219
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная