логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

7.Vselenski.sobor


АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
пред иконата
«На сите тажни Радост»
(24 октомври / 6 ноември)


Кондак 1
Избрана Војвотко победоносна, ние, слугите Твои, од вечната смрт избавени со благодатта на од Тебе родениот Христос, нашиот Бог, и со Твоето Мајчинско застапништво пред Него, благодарствена песна Ти воспеваме: имајќи сила непобедлива, од секоја беда и тага ослободи нѐ, за да Ти повикуваме:
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Икос 1
Ангел претставител од Небесата беше испратен на Богородица да ѝ рече: „Радувај се!“, објавувајќи го божественото воплотување Христово и Радоста која што требаше да се роди од Неа за целиот свет, во тага пропаднат. Така и ние, кои обременети од гревови, надеж за спасение во Тебе добивме, умилно Ти воскликнуваме:
Радувај се, за грешниците Божја наклоност.
Радувај се, за покајниците пред Бога силно застапништво.
Радувај се, на паднатиот Адам призивање.
Радувај се, на Ева од солзите избавување.
Радувај се, гревовната нечистотија ја отстрануваш.
Радувај се, бањо, што совеста ја миеш.
Радувај се, Избавителот си Го родила, Кој нашите беззаконија ги очистува.
Радувај се, на сите со Бога чудесно помирување.
Радувај се, мосту, кој навистина од смртта кон животот нѐ преведуваш.
Радувај се, светот од потопот гревовен го спасуваш.
Радувај се, лествицо небесна, по Која Бог при нас слезе.
Радувај се, причино за обожувањето на сите.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 2
Гледајќи ги потоците од чуда, што се излеваат од светата икона Твоја, блага Богородителко, Ти која на оние што се молат си блага Помошничка, на навредените Застапничка, на безнадежните надеж, на нажалените утеха, на гладните Хранителка, на необлечените облекло, на девствените целомудрие, на патниците Учителка, на трудбениците помош, на слепите прогледување, на глувите добро слушање, на болните исцеление, благодарствено за Тебе Му воспеваме на Бога: Алилуја.
Икос 2
Сакајќи да го разбереме недостижното за разумот во лутите неволји што нѐ снаоѓаат, кон Тебе прибегнуваме, о Мајко Дево, утеха барајќи. Ти пак, како блага, научи нѐ во нив да ја препознаваме милосрдната промисла на благиот Твој Син, за спасение на душите наши и очистување на многуте согрешенија, радосно да Ти воскликнуваме:
Радувај се, на од бура носените тивко пристаниште.
Радувај се, на оние кои се сомневаат познато утврдување.
Радувај се, Единствена Мајко на милосрдието.
Радувај се, брза Помошничке на оние кои се во беди и напасти.
Радувај се, преку тагите нашите гревови ги очистуваш.
Радувај се, со жалостите нашите душевни немоќи ги исцелуваш.
Радувај се, суетните радости на овој свет да ги презираме нѐ учиш.
Радувај се, од овој свет кон вишниот свет нашиот ум го воздигнуваш.
Радувај се, од љубовта земна кон Небесната Божја љубов нѐ привлекуваш.
Радувај се, во самите наши страданија утеха и благодатен живот нѝ даваш.
Радувај се, ветување на вечните блага.
Радувај се, Подателке на вечната радост.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 3
Со силата од висините укрепи ме, блага Владичице, кој болувам со телото и душата, и со посета и промисла Твоја удостој ме, мракот на унинието и тагата, кој ме обвива изгони го, та спасен од Тебе, непрестајно да Му воспевам на Бога: Алилуја.
Икос 3
Имајќи богатство од милосрдие неизречено, на сите тажни рака на помош им подаваш, болести лекуваш, страсти исцелуваш. Не презирај ме и мене, блага Владичице, кој на одарот на немоќта моја лежам и Ти воспевам:
Радувај се, на милоста ризницо бесценета.
Радувај се, на очајните единствена надеж.
Радувај се, на телото мое исцеление.
Радувај се, на душата моја спасение.
Радувај се, силна крепост на немоќните.
Радувај се, на изнемоштените Застапничке и укрепување.
Радувај се, гневот Божји со Твоите молитви брзо го ублажуваш.
Радувај се, страстите наши со силата на Твоите молитви ги скротуваш.
Радувај се, на слепите гледање, на глувите слушање.
Радувај се, на хромите одење, на немите говорење.
Радувај се, на болните благонадежно посетување.
Радувај се, од Тебе, според мерката на верата, благодатни исцеленија на сите слаби им се даваат.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 4
Бура од многу беди и напасти ме обзема, и вознемирувања трпам: Ти пак, како милостива Мајка на мојот Спасител и Бог, воздигни ги рацете кон Синот Твој, молејќи Го, да погледне на лутата тага на срцето мое и да ме подигне од бездната на очајанието мене, кој Му воспевам: Алилуја.
Икос 4
Слушајќи го, Пресвета Дево и Мајко, пророкувањето на праведниот Симеон: „А и на Тебе Самата меч ќе Ти ја прободе душата“, си ги сокрила во срцето Твое сите овие зборови, разбирајќи, дека радоста на мајчинското срце за чедата со многу тага во овој свет е помешана. Затоа, како искусна и сострадална во секаква мајчинска тага, Ти повикуваме:
Радувај се, радоста на светот Христа Спасителот си Го родила.
Радувај се, светот од таги го избавуваш.
Радувај се, хулите и клеветите на Синот Твој ги трпиш.
Радувај се, во страданието Негово сострадална си била.
Радувај се, на тажните мајки утехо.
Радувај се, на чедата нивни благодатна заштито.
Радувај се, во бедите за нас брзо застапување.
Радувај се, на заблудените исправување.
Радувај се, на младенците хранителке.
Радувај се, на младите учителке.
Радувај се, Мајко на сираците.
Радувај се, на вдовиците застапничке.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 5
Боготочивата Крв на Синот Твој, гледајќи како на Крстот се излева за спасение наше, како Слугинка Господова, понизно на волјата на Отецот, Кој е на Небесата, покорувајќи се, нам пример на злострадание и трпение си ни покажала, та и ние, во огнот на искушенијата и бедите престојувајќи, да Му воспеваме понизно на Бога: Алилуја.
Икос 5
Видувајќи Те Синот Твој и Бог, при Крстот како стоиш со возљубениот ученик и со срцето Му се сораспнуваш, говореше: „Жено, ете ти син“, и на ученикот: „Ете ти Мајка“, давајќи Ти ги на посвојување сите кои веруваат во Него. Ние пак, како соучесници во тагите и страдањата на Синот Твој, имајќи во Тебе блага Мајка, на Тебе сета надеж во тагите полагајќи ја, ти воспеваме:
Радувај се, Мајко на родот христијански.
Радувај се, нѐ посвои при Крстот на Синот Твој.
Радувај се, Бога со луѓето Го соединуваш.
Радувај се, верните со Господа ги поврзуваш.
Радувај се, Агнице, си Го родила Јагнето, Кое ги зема гревовите на светот.
Радувај се, чашо, која нѝ црпиш радост од Изворот на бесмртноста.
Радувај се, Застапничке за спасението на грешните.
Радувај се, барателке на погибелните.
Радувај се, неочекувана радост на грешните.
Радувај се, на паднатите подигнување.
Радувај се, Исцелителке на сите немоќи.
Радувај се, ублажување на секоја тага.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 6
Ја проповедаат милоста Твоја, Богомајко, сите краишта на вселената, зашто со чесниот Покров Твој го покриваш сиот род христијански, за него непрестајно молејќи се на Христа Спасителот наш и избавувајќи ги од сите беди благочестивите и богобојазливите слуги, кои верно на Бога Му воспеваат: Алилуја.
Икос 6
Заблеска благодат светозарна од пречудната икона Твоја, Богомајко, пред неа со солзи припаѓајќи, Ти се молиме: одврати го облакот на искушенија надвиени над нас, да Ти воспеваме радосно:
Радувај се, кон Синот Твој и Бог молитвите на верните ги принесуваш.
Радувај се, и Самата пред Престолот на Синот Твој непрестајно за нас се молиш.
Радувај се, Претстателке пред Бога, од беди светот го спасуваш.
Радувај се, Застапничке на родот христијански, од Бога ни дарувана.
Радувај се, дрво сеновито, под коешто мнозина се засолнуваат.
Радувај се, дрво благоплодно, од коешто верните се хранат.
Радувај се, покрову на светот поширок од облаците.
Радувај се, земјо ветена, од која тече мед и млеко.
Радувај се, светол облаку, кој верните непрестајно ги осветлуваш.
Радувај се, столбу огнен, кој ги водиш избраните кон Небесното наследство.
Радувај се, ниво, која изобилство од штедрости раѓаш.
Радувај се, Дарителке на секое добро.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 7
Сакајќи да пројавиш потоци од чуда од Својата икона „На сите тажни Радост“, си ѝ заповедала, Владичице, на болната Ефимија молебни пред неа да пее, и добивајќи исцеление, на сите да ја проповеда милоста, поради таа икона пројавена, да не биде сокриен изворот на благодатни исцеленија за сите кои бараат. Затоа и ние, не ги таиме Твоите благодејанија, но благодарствено прославувајќи Го Бога, Му воспеваме: Алилуја.
Икос 7
Како нова бања Силоамска поголема од древната се јави, Пречиста Владичице, храмот Твој, во кој се поклонуваме на чудотворната икона Твоја: зашто не еднаш во годината и само на првиот кој влегува здравје на телото му даваш, туку секогаш секоја болест и секоја рана душевна и телесна ја исцелуваш на оние кои со вера и љубов кон Тебе прибегнуваат. Затоа Ти воспеваме:
Радувај се, бањо, во која сите наши таги потонуваат.
Радувај се, чашо, од Која радост и спасение примаме.
Радувај се, стено, која жедните со живот ги напојува.
Радувај се, дрво, кое солените води на житејското море ги засладува.
Радувај се, на животворна вода непресушен извору.
Радувај се, бањо, која гревовната нечистотија ја измива.
Радувај се, на тагите наши ублажување.
Радувај се, на жалостите наши смирување.
Радувај се, на болестите наши исцеление.
Радувај се, од бедите избавување.
Радувај се, на демоните понижување.
Радувај се, на непријателите посрамување.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 8
Патници и гости сме сите на оваа земја, по зборовите на апостолот: беди од непријателите, беди од роднините, беди од лажни браќа трпиме во многу лишувања и таги. Ти пак, Владичице, како Блага Одигитрија, упати нѐ кон тивкото пристаниште и моли Го Синот Твој, простување на прегрешенијата нам пред крајот да ни дарува, та непрестајно на Бога да Му воспеваме: Алилуја.
Икос 8
Сиот живот наш на земјата со болести и жалости исполнет, од клевети, навреди, укори и многу други беди и напасти: зашто немоќно е телото, и духот наш малакса. Затоа кон Тебе прибегнуваме, Богомајко, пред пречистата икона Твоја припаѓајќи, исполни ги со радост и веселба тажните срца наши, за да Ти воспеваме:
Радувај се, Патеводителке, кон Небесната татковина нѐ управуваш.
Радувај се, Царице на Небото и земјата, вратите рајски нѝ ги отвораш.
Радувај се, Милостива, сите нас нѐ милуваш.
Радувај се, Домостроителке, животот наш добро го устројуваш.
Радувај се, руно оросено, коешто Гедеон го предвиде.
Радувај се, блажена утробо, несместливиот Бог во себе го смести.
Радувај се, несогорлива капино.
Радувај се, неуништлива стено.
Радувај се, живоносен извору.
Радувај се, цвету неовенлив.
Радувај се, на злите срца омекнување.
Радувај се, на добрите умиление.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 9
Секоја животна сладост во овој свет со жалост е помешана: славата е безвредна, богатството пропаѓа, убавината и здравјето венеат, искрените пријатели смртта ги одзема. Затоа ублажи ги нашите таги, причино за секое добро, Твојата вечна радост нам давајќи нѝ ја, кои Му воспеваме на Бога: Алилуја.
Икос 9
Говорници благоглаголиви не знаат, со какви зборови тажните да ги утешат, туку Самата Ти, Владичице, возглаголи им на срцата наши утеха, со зраците на Твојата благодат облакот на тагите наши и мракот на унинието растерувајќи го, да Ти воспеваме:
Радувај се, со надежта во Тебе ги радуваш сите христијани.
Радувај се, радост и измирување на светот.
Радувај се, Дарителке на Божествени добрини.
Радувај се, надеж на вечните блага.
Радувај се, корабу на оние што сакаат да се спасат.
Радувај се, пристаниште на оние што по животот пловат.
Радувај се, верен Покрову на оние што, по Бога, на Тебе се надеваат.
Радувај се, непосрамно облекло на необлечените.
Радувај се, Покровителке на сите и утврдување.
Радувај се, на сите верни заштита и свето прибежиште.
Радувај се, помош на оние што верно Ти се молат.
Радувај се, на благодатта светло познание.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 10
Сакајќи родот човечки да го спаси од вечни маки и непрестајни таги, Човекољубецот Господ во секогашдевствената утроба Твоја се всели и Тебе, Мајката Своја, Те дарува на погибелните како помош, покров и заштита, да бидеш на нажалените утеха, на тажните радост, на очајните надеж, од вечните маки со Своето застапништво избавувајќи и кон Небесното веселие приведувајќи ги сите, кои верно Му воспеваат на Синот Твој и Бог наш: Алилуја.
Икос 10
Крепост си на девојките, Богородице Дево, и на сите што кон Твојот Покров прибегнуваат. Затоа Те молиме: застапи, покриј и сочувај ги сите сироти и беспомошни од искушенија, злоби и беди, кои со љубов Те призиваат:
Радувај се, столбу на девственоста.
Радувај се, избран саду на чистотата и целомудирето.
Радувај се, на оние што со плотта се борат достоен венец на целомудрието.
Радувај се, на блаженонатажените монаси Дарителке на вечна радост.
Радувај се, од пламенот на страстите избавуваш.
Радувај се, мракот на искушенијата го изгонуваш.
Радувај се, учителке на целомудрието.
Радувај се, заштито на чистотата.
Радувај се, на луѓето исправување.
Радувај се, преку Тебе од падот се подигнавме.
Радувај се, во верата крепко утврдување.
Радувај се, благопријатно молитвено кадило.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 11
Пеење сеумилно Ти принесуваме, ние слугите Твои, Богородице, како сесилна Застапничка на родот наш: ублажи ги болестите на многугрижливите души наши, скроти го гневот Божји, праведно кон нас насочен поради гревовите наши, избави нѐ од секоја лута тага и болест нас, кои за Тебе Му воспеваме на Бога: Алилуја.
Икос 11
Како светлоносна свеќа, со жарот на благодатта Божја пламната, нѝ се јави пречистата икона Твоја, Владичице, за осветување наше и утеха. Ние пак, кои со љубов ја почитуваме и со вера припаѓаме кон неа, Ти воспеваме:
Радувај се, со силното Твое застапништво од сите беди нѐ избавуваш.
Радувај се, од земјотреси и поплави нѐ заштитуваш.
Радувај се, од глад душевен и телесен нѐ обезбедуваш.
Радувај се, огнот со росата на молитвите Твои го изгаснуваш.
Радувај се, од смртна опасност нѐ спасуваш.
Радувај се, во војувањето крепка Помошничке.
Радувај се, од напади на туѓинци нѐ штитиш.
Радувај се, од меѓусебни војни нѐ чуваш.
Радувај се, на оние што по води пловат лесен премин.
Радувај се, на оние што патуваат добра Водителке.
Радувај се, на заробените ослободување.
Радувај се, од претстојната праведна Божја казна скоро избавување.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 12
Благодат како залог сакајќи да му дадеш на родот наш, целебната икона Твоја нѝ ја јави, Богомајко, од неа потоци од чуда врз оние што со вера приоѓаат се излеваат, болести се исцелуваат и таги се ублажуваат. Затоа радосно за Тебе на Бога Му воспеваме: Алилуја.
Икос 12
Пеејќи за Твоите милости и чудеса, Богородителке, Те фалиме сите, како силна Застапничка наша, и со умиление Ти се поклонуваме Тебе, Која за нас се молиш, и просиме: воздигни ги рацете кон Синот Твој, никогаш во овој живот и по смртта наша милосрдието Негово да не отстапи од нас, кои Ти повикуваме:
Радувај се, непосрамна надеж наша во животот и по преселувањето наше.
Радувај се, на оние кои се надеваат на Тебе мирен крај на овој живот им даруваш.
Радувај се, во Судниот Ден наша надеж и заштито.
Радувај се, на Судијата Праведен умоление.
Радувај се, од вечната геена избавување.
Радувај се, надеж на вечното спасение.
Радувај се, клучу од Царството Христово.
Радувај се, преку Тебе рајот се отвори.
Радувај се, мосту, кој водиш кон Небесата.
Радувај се, на сите покајани грешници прибежиште и блага Застапничке.
Радувај се, радост на Ангелите.
Радувај се, на сите праведни слава и утеха.
Радувај се, Благодатна Богородице Дево, на сите тажни Радост.
Кондак 13
О севоспеана Мајко, од Бога израдувана, Која за радост на Небото и земјата си го родила Царот Христос, нашиот Бог! Услиши го гласот на тажните слуги Твои, и примајќи го овие мали моленија наши, избави нѐ од секакви беди, таги и напасти, болестите наши исцели ги, празните клевети истреби ги, одврати од нас секаква злоба и непријателство и од идните маки искупи нѐ нас, кои за Тебе воспеваме: Алилуја.
(Овој кондак се чита трипати, потоа Икос 1 и Кондак 1).
Молитва
О Пресвета Владичице Богородице, повисока од Херувимите и почесна од Серафимите, Богоизбрана Девојко, на сите тажни Радост! Подај нѝ утеха и нам кои сме во тага: освен Тебе друго прибежиште и помош немаме. Ти си единствена на радоста наша Подателка, и како Мајка Божја и Мајка на милосрдието, стоејќи пред Престолот на Пресвета Троица, можеш да нѝ помогнеш: никој, кој притекнува кон Тебе, посрамен не заминува. Затоа услиши нѐ и нас, кои сега во ден на тага пред Твојата икона припаѓаме и со солзи Те молиме: оттргни ги налегнатите врз нас таги и жалости во овој привремен живот, не лишувај нѐ од Твоето сесилно застапништво и од вечната бескрајна радост во Царството на Синот Твој и Бог наш. Амин.
Тропар, глас 2
На сите тажни Радост, и на навредените Застапничка, и на гладните Хранителка, на патниците утеха, на носените од бура пристаниште, на болните посета, на немоќните покров и Застапничка, упориште во староста, Мајка на Бога Вишниот си Ти, Пречиста, поитај, Ти се молиме, да ги спасиш слугите Твои.
Кондак, глас 6
Немаме друга помош, немаме друга надеж, освен Тебе, Владичице, Ти помогни нѝ, на Тебе се надеваме и со Тебе се фалиме, зашто ние сме Твои слуги, да не се посрамиме.
Величание на Пресвета Богородица                                                                                                              пред иконата
«На сите тажни Радост»
Те величаме, Пресвета Дево, Богоизбрана Девојко, и Го почитуваме Твојот свет образ, зашто точи исцеленија на сите кои со вера кон него притекнуваат.

 

МАНАСТИР СВ.ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

Друго:

“На ситe тажни радoст”. Така сe викала eдна чудoтвoрна икoна на Прeсвeта Бoгoрoдица. Сe празнувала пoсeбнo пo пoвoд чуднoтo исцeлувањe на Eфимија, сeстрата на патријархoт Јoаким, вo 1688 гoдина вo Мoсква. Eфимија имала тeшка рана на кoлкoт, па какo лeкаритe бeзуспeшнo ја лeкувалe, таа сo плач паднала да сe мoли на Прeсвeта Бoгoрoдица. И слушнала глас: “Eфимијo, пoјди вo храмoт “Прeoбражeниe” на мoјoт Син; таму e икoната На ситe тажни радoст; свeштeникoт нeка сe пoмoли прeд таа икoна и ти ќe oздравиш”. Eфимија направила така и вeднаш пoтпoлнo oздравeла.

 Тропар во чест на Чудотворната Икона
на Пресвета Богородица
,, На сите жалосни радост “


22 октомври – 6 ноември

Глас 4
Кон Богородица усрдно да притекнеме,
ние грешните и смирените,
 и да припаднеме во покајание
повикувајќи од длабочината на душата:
Помогни ни Владичице, побрзај, смилувај се,
зашто погинуваме од мноштвото прегрешенија наши,
  да не се враќаат празни твоите слуги,
 зашто Тебе за единствена надеж те имаме.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ

 пп

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная