Доаѓаат тешки времиња, затоа што нема вера помеѓу луѓето, полека се губи. Поради сиромаштија - за храна и облека - луѓето ќе ги продаваат своите души.
Светот ќе постане зло, ќе исчезне милоста и љубовта кај луѓето.
Иако ќе веруваат, нема да можат да ги најдат пастирите, ниту патот кон спасението. Ќе царуват парите и ќе биде многу тешко да се живее - ќе се изживуват со луѓето. Никој нема да се грижи за душите на луѓето. Сè ќе биде само натпревар на стекнување материјални добра. Сите ќе бидат рамнодушни кон нивното спасение и вера. Нема да има страв од Бога. Чувството на должност и одговорност ќе стане неразбирливо. Сè ќе се врти околу парите.
Секој ќе тргува помеѓу себе. Злото ќе се прошири со неверојатна сила низ целиот свет. Ќе ги преживуваме последните денови. Ние, неможеме ни да замислиме колку ќе биде тешко. Не можеме ни да замислиме што ќе се случува со нас и со нашите деца.
Нашите деца ќе бидат целосно неподготвени за овие тешки времиња. За да се соочат со таквата состојба, ќе биде за нив многу тешко, бидејќи родителите денес не ги учат децата да имат страв од Бога и срам пред луѓето. Поради ова, тие ќе станат плен на многу зла.
Старец Иларион+
10ти февруари 2020 лето Господово
Извор од фб профил на