логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


sv.efrem.sirin1a.jpg

 за секој час во денот и ноќта

 Bogorodica.soHristos.jpg5 час

Дево Владетлке, Мајко на мојот Господ Исус Христос, знам дека сум нечист, осквернет, недостоен, затоа што беззаконијата ја надминаа мерата, станаа понеизбројни и од морскиот песок. Кон тебе прибегнувам принесувајќи покајание и исповедајќи ги своите гревови. Прости ми, Владетелке; помилувај ме Ти Која сите ги милуваш човекољубиво; не одвраќај го лицето свое од мене, за да не бидам јас ништожниот отфрлен од Тебе! Нека не се израдуваат на тоа моите непријатели. Поттикни ја мојата мисла кон покајание и раководи ме на патот на спасението. Чекорејки по него, дај ми Тебе да те имам за сопатничка, за да се спасам преку Твојата помош.
Владетелке, Мајко на човекољубивиот Бог, смири го моето срце и исполни го со скрушеност; дарувај им солзи на очите мои и просвети ги со светлината на молитвите Твои. Пороси ме и очисти ме со исопот на Твоето милосрдие; по благодатта Твоја изми ме со солзите мои. О, Мајко на Господа мојот Исуса Христа, прими ја мојава смирена исповест и молбата моја; во времето на исходот на мојата душа од телото милостиво на мене погледни, ослободи ме од бездушните мачители, биди ми заштитничка и уништи ја обврзницата на моите гревови. Приведи ме спасен кон престолот на Синот Твој и беспочетниот Отец Негов и Сесветиот Дух, светлозарната и единосуштната Троица, Кому Му доликува секоја чест и поклонување низ сите векови. Амин.

6 час

   Дево Владетелке, Пречиста Богородице, сеславна Госпоѓо моја, Ти повозвишена од небото, почиста од сончевата светлина, почесна од херувимите, пославна од војските небесни; Ти си пофалба на апостолите, проповед на мачениците, радост на преподобните, светлење на подвижниците, златна кадилница, светлозарен светилник, вистински кивот, божествен закон, несогорлива капина, процветан жезол Аронов! Ти навистина си станала жезол, а Синот Твој Христос, Богот и Творецот мој, е вистински Цвет. Ти по тело си го родила Бога Словото, и пред раѓањето и по раѓањето си останала Дева. Преку Тебе ние се помиривме со Бога Отецот преку Христа, Синот Твој. Ти си помошничка на грешните и беспомошните, утеха на светот, заштита на сирачињата, откуп од ропството, потпора на монасите, надеж на мирјаните, Ти си трпение, заштита, и заклон на вдовиците, пофалба, радост и венец на девојките. Славна Владетелке и Госпоѓо, сокриј ме и сочувај ме, за да не ме поруга лукавиот враг.
 Себеспрекорна, Ти си помош моја, и јас не знам друга закрила освен Тебе. Со солзи Те преколнувам, Владетелке, да не ме осуди Синот Твој и Творецот мој на вечни маки поради мноштвото мои гревови кои ги сторив. Те молам заземи се за мене, за да можам и јас да влезам во живеалиштето на светите, каде што нема ниту солза, ниту тага, ни смрт, ни мака, туку е непрекратлива радост, уживање на праведните, бесконечен живот, утеха и слава. Исполни ја мојата уста со Твојата благодат; побуди го мојот јазик со радосна душа и пламено срце да Те славослови; дај ми сила да го произнесам оној ангелски славопој, кој Тебе Ти го изговори Гавриил Архистртигот.
 Удостој го Дево, Твојот смирен слуга да се избави од страстите и гревовите; развеј ги мислите кои доаѓаат од ѓаволот и кои тој затоа ги праќа за да ја урниса мојата душа во крајна темнина. Дарувај ми, Дево, страв Божји и љубов; даруј ми живот беспрекорен; љубов кон Бога и ближните, трпение, воздржание, солзи, помислување на вечните маки и одврќање од злите дела, за да се удостојам да влезам во дворовите на Синот Твој и Бог, и таму со сите светии да го славам величенственото име на Пресвета Троица, низ сите  векови. Амин.

7 час

Дево Владетелке Богородице, општо спасение на родот христијански! Како Мајка, Ти непрестајно се грижиш за нас; жалостива, Ти нé опкружуваш со своите доброчинства, спасувајќи, чувајќи, избавувајќи од опасности, штитејќи од искушенија, ослободувајќи од гревови. Ние Ти благодариме за тоа, и не таејќи ги Твоите доброчинства ги опеваме Твоите чудни дела, ја прославуваме сомилоста, го величаме промислувањето, го славословиме посредувањето и спомнувајќи си од какви опасности си не избавила со своите заложби ние Ти принесуваме благодарна песна, која сепак е недостојна на Твоите големи доброчинства. Бидејќи што може да им биде ним достојно? Сепак Те преколнуваме: сожали се на Твоите служители и принеси за нас молба пред родениот од Тебе Бог наш, за Он да не избави од вечните маки.
Ти гледаш, Сесвета Владетелке Богородице, со какви беди нé опколува лукавиот демон. Тој ни ја дошепнува желбата да се оддаваме на страстите. Поради што Ти го одвраќаш лицето свое? Скини ги замките на лукавиот, истреби ги нашите непријатели,  со своето застaпништво сопри го гневот Божји. На своите доброчинства додади го уште ова на наша молба, и ние ќе го прославиме сесветото име на Синот Твој и Бога нашиот заедно со беспочетниот Негов Отец и животворниот Дух, сега, секогаш и низ сите векови. Амин.

8 час

Владетелке, Ти си ми од Бога дарувна утеха, божествно оросување на мојата внатрешна жега, нов вруток во пресушениот извор на солзите мои, светлозарен оган на мојата помрачена душа, раководство на мојот пат, покривање на мојата голотија, сопирање на моите лелекања, олеснување на невољите, уништување на оковите. Слушни ги молбите мои, и допрена од мојот плач, сожали се на мене. Пресретлива биди кон мојата молитва, исполни ја мојaта незаситна желба, ослободи ме од силовитата страст кој и ден и ноќ војува против мене и ја убива мојата душа; избави ме од стрелите на Велијар и од непријателите видливи и невидливи; со Твоето завземање удостој ме да се вбројам помеѓу преведните и преподобните и приброј ме кон слугите и служителите Твои во небесното обиталиште, во земјата на живите. Те преколнувам, општа заштито на сите, општа радост на сите, удостој ме да се израдувам со неизразливата радост на Синот Твој и Цар во Неговото безгранично царство. Дарувај ми да влезам во Неговите дворови и таму да го прославам Оној Кому Му доликува секоја чест и поклонување, сега, секогаш и низ сите векови. Амин

9 час

Дево Владетелке, Богородице, Мајко на Христа Бога нашиот, биди им сопатничка на оние кои патуваат и закрилувај ги; спаси ги заробениците од тешкото ропство; утеши ги ојадените; олесни секакво телесно страдање, и ослободи нé од  душевните немоќи и страсти со Твоите невидливи молитви, за да можеме откако ќе го завршиме патот на овој времен живот, преку Тебе да ги добиеме вечните блага во Царствово Небесно.
Правоверните власти* наши кои, Пресвета Владетелке, се надеваат во Твојата милост и посредување, укрепи ги против нивните непријатели; растури го облакот на тагата кој ги покрил нивните души; избави ги од зачмаеност и малодушност, и подај им светло и радосно расположение на духот, подарувајќи мир  и спокојство на државата нивна.
Со молитвите Твои, Владетелкe, спаси ја Твојата посветена паства, сиот град и земјата - од глад, земјотрес, поплава, пожар, колеж, наезда на туѓинци, меѓусебни војни; и праведниот гнев Божји одврати го од нас со благоволението и благодатта на Единородниот Син и Бог Твој, Кому Му доликува, секоја слава, чест и поклонување, со беспочетниот Отец Негов, и со Пресветиот и животоврорниот Дух, сега, и секогаш и низ сите векови. Амин.

*цареви (во оригиналот)

10 час

Дево Владетелке, благодатна Богородителко преблагословена, Богоблагодатна, сместиште на Божеството: на Единородниот Син Бесмртен и невидливиот Отец, приклони го увото Твое и слушни ги зборовите кои ги изговара поганата и нечиста уста моја. Со скрушено срце и смирени мисли прибегнувам јас кон милосрдието Твое. Не ме оставај презрен мене јадниот; не допуштај да пропаднам јас, недостојниот слуга Твој; исцели ја мојата бедна душа, обземена од лукави страсти: врагот ја сотре, рушејќи ја со гревовите на сластољубието..... Горко ми е и срамно, и јас не смеам од човекољубивиот Бог мој да искам простување за мноштвото мои гревови и исцелување на моите неицеливи рани. Го осквернив телесниот храм, со непристојни желби го осквернив, и со недопустливи постапки ги повредив сите мои чувства. Затоа не се осмелувам да ги подигнам рацете кон Него, извалкани со зли дела. И јас на молитва уста сум отворил, опоганета со напаѓање и клеветање на ближниот. Затоа и јас јадниот и заблудениот се фрлам себеси во прашина пред милосрдието Твое. Мене ми нема друга надеж, ми нема друго прибежиште освен Тебе, единствена утехо моја, избавување од тагата, откупување од ропството, обожение на смртните, препород на паднатите, обновување на мојата душа и тело, светлозарен светилнику на помрачената душа моја, покривање на голотијата моја, прекину на моите ридања, промено на мојата судбина. Во Тебе е сета надеж: не нé лишувај од Твоето посредување, туку помагај и закрилувај не! Твоите молби се пријатни на Твојот Син, бидејќи Оној Кој благоизволел да земе на себе обличје на слуга, изобилува со милоста Своја кон Тебе која Му послужи на неискажлив начин. Он се радува на посредувањата Твои, и сметајќи ја славата Твоја за Своја сопствена, Он радо им излегува во пресрет.
Пресвета Богородице, не ме оставај презрен мене оскрбениот, и грдоста на моите постапки нека не послужи за сопирање на Твојата милост. Помош посилна од Твојата неикаде не гледам, и крив за многу согрешенија јас со покајание прибегнувам кон Тебе, брзата помошничка во невољите, и од длабочините на срцето извикувам: смилувај се на мене мрзливиот и немарниот, прими ја мојата ништожна молба и со Твоите молитви одброволи Го кон мене Синот Твој и Бог, и удостој ме со удел во Небесното Царство мене кој го славословам Едниот во Троица Бога, сега, секогаш и во сите векови. Амин.

Подготви : Маја Белева

 

bogorodica.ikonostas.jpgСвети Ефрем Сирин - Молитви кон Пресвета Богородица

 

 

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3128
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7602
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная