логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Литургија на предходно осветени дарови

 

И порано зборувавме за Литургијата и кажавме дека Литургијата , од една страна, реална животна средина, а друга страна, извор од кој ние се храниме со непропадлива храна. И заради тоа нас ни е потребно да живееме во таа атмосфера и да се храниме со таа храна. Затоа и Господ пред да биде распнат, пред да умре на Крстот, да воскресне и се вознесе, ни ја покажа и даде вистинската храна – Телото и Крвта Негова. Пред да се вознесе на небесата Тој им вети на своите апостоли дека ќе им го испрати Утешителот, Духот на Вистината, и Тој тоа го исполни на Педесетница со што и ја оформи Црквата, и затоа Црквата е нашето вистинско место во кое живееме и св Причест е нашата вистинска храна и пиење со кои се храниме и надвор од тоа нема  живот.
Литургијата е радосно битие. Кога Го прашале Христа зошто апостолите не постат, Тој им одговорил дека, додека е Младоженецот со нив тие не можат да постат, туку да се радуваат бидејќи Младоженецот е со нив. Тоа таговно време е сегашното време, а посебно деновите на строг пост. Во тие денови светите отци определиле дека не треба да се служи света Литургија. Затоа за време на Велигденските пости не се служи Литургија од Понеделник до Петок.
Св Причест, како што рековме е нашето вистинско јадење и пиење од кои примаме живот вечен, и затоа требало да се најде начин верните да можат да се причестуваат и за време на тие таговни денови.
Во првите векови кога христијаните биле гонети, Литургијата се служела во Недела и на сите верни свештеникот, поточно Епископот, им давал причест од масата (тогаш немало олтар, се било откриено) и си го носеле дома и се причестувале секој ден. Кога се дозволила слобода за христијанската вероисповест, немало повеќе потреба да се зема дома, зашто секој ден можело да се служи Литургија. Подоцна само монасите кои живееле во пустина, а не мирјаните, се причестувале со причест која ја земале со себе а пред да се причестат си кажувале некои молитви.
Кога се официјализирала Христијанската вера, кога била универзално објавена во Византија како државна религија со слобода на вероисповед, тогаш и Богослужбите добиваат раскош и  великолепие, но светите отци, покрај се, сакале да ги задржат двете правила – да не се служи Литургија поради жалењето, но и да се причестат. Затоа светите отци од источната Црква го измислиле овој начин на причест, кој во суштина е вечерна служба со Причестување и заради причестниот карактер го добила и името Литургија на предходно осветени дарови.

Се мисли дека св Григориј Двоеслов папа Римски го измислил овој начин на служење но не е така, туку тој само го актуализирал и прославил (фаворизирал). Кога дошол во Византија (Источното Римско царство) видел дека таму така служат и му се допаднало, па кога се вратил во Рим го вовел тој начин на молитва, затоа што до тоа време во Рим сеуште за Велигденските пости се служила свечена Литургија. Заради тоа на предходната Литургија, во Недела, се вадат и се осветуваат толку агнеци, колку што сакаме да имаме такви Лигургији преку текот на седмицата и заради таквиот начин на осветување на агнецот тие Литургии го добиле називот Литургија на предходно осветените дарови. Кога се служи пак таква Литургија на предходно осветени дарови, не кажуваме никакви молитви за осветување, туку само молитвите за Причест, зашто се е направено во Неделната Воскресна Литургија, која заради нагласениот аскетизам за време на постите, светите Отци предвиделе да се служи Василиевата Литургија како пообемна.
Литургијата на предходно осветените дарови се смета како продолжена Литургија на предходната, затоа и почнува со Благословено е царството на Отецот… но нема призив на Св Дух како вообичаено. Кога свештеникот пред вообичаената Литугија се облекува тој има да кажува молитви, но тука ти нема. Кога се завршува чинот се вели По молитвите на св отци наши.. Во триодот пишува дека Среда и Петок се служи Литургија, но тоа не е апсолутно правило кое забранува да се служи Литургија секој ден затоа ште се вели… и ако падне во некој од тие денови спомен на некој светител. Само на Благовештение може да се служи свечена Литургија во постите.
Св отци определиле пост евхаристиски-на нејадење односно  подготовка пред причеста, и аскетски пост – кој го практикуваме секогаш за да бидеме поблиску до Бога и да се чистиме од страстите, а доминацијата на телото да ја намалиме во однос на духот. За евхаристискиот пост нема канон за колку да се гладува пред причест, туку има само правила кои ги дале локалните Цркви, а тие се од 5 до 8 часа гладување, па затоа духовниот отец, односно Епископт, го огредува правилото, а најпрактично би било да се извлечи некоја средина.  Додека пак од аскетскиот никој неможе и не треба да не лиши.
Самото причестување навечер има поубава суштина – нашиот животен стремеж и копнеж го полагаме кон богосоединувањето, кој е и нашиот позив за кој и сме создадени. Се стремиме да на крајот од денот, како на крајот од животот, да се соединиме со Бога. Цел ден сме постеле и воздржувале за на крајот на денот подготвени се причестиме со Телото и Крвта Христови.
Во денешно време, често е застапена праксата оваа Литургија да се служи во утринските часови откако че се прочитат сите можни Богослужби до самата вечерна коа и би требало да почне Литургијата.
Според мене, оваа пракса е уведена заради слабоста и урбаноста на денешното време и опшество, а со цел само за да можат верниците повторно да се причестуваат, кои пак за жал не го користат ова нивно право. Како и да е важно е да се стремиме кон богосоединување, но убаво е кога го почнуваме денот и со причест, со Христос.

Литургијата почнува како секоја вечерна Богослужба со возгласот Благословено е царството…што покажува, како што предходно нагласивме, дека ја продолжуваме таа Литургија од Неделата. Во почеток се е исто како на секоја празнична вечерна Богослужба, се чита 103 псалм, кој е псалм во спомен на изгонувањето на Адам од рајот, затоа свештеникот ги чита молитвите надвор од олтар пред Царските двери. Се кажува една катизма од псламите кога свештеникот ги подготвува даровите на трпезата каде го носи и дискосот, се става Агнецот, се кади, се носи на проскомидијата, се полива вино и вода во причестта, се кади и се е без молитви за осветување. Потоа ја пееме Господи Повикав и почнува пеењето на стихирите на денот и светителот и вход со кадилница, а кога е предвидено да се чита Евангелие, тогаш се прави вход со Евангелието.
Потоа се читаат паримиите – дел од Стариот Завет од Првата книга битие, мудростите Соломонови или од книгата за Јов, тогаш свештеникот зема свеќник и го става врз Евангелието со што се покажува дека она што пророците од Стариот Завет го навестувале, во Новиот Завет се исполнило. Затоа свештеникот потоа вели Простум, да застанеме, како некогаш архангел Михаил кога застанал пред ѓаволот и неговата војска и рекол Премудрост, Да внимаваме, но со подготвеност дека тоа што ќе се прочита треба да го просветли нашиот живот и да го исполниме. Светлината Христова ги просветлува сите – и се клекнува. И почнува со Да се исправи молитвата моја…
Нешто ново што се среќава на ова Богослужба се пеењето на стиховите Да се исправи молитвата моја со читање на одредени стихови од псалмите. Свештеникот чита стихови, па потоа народот пее да се исправи. Ова се прави од две певници и додека едните пеат другите клечат, и обратно. Тоа е една убавина. И ако не може подруго, тогаш главата благо се наведнува од почит. Сите клекнуваат на крајот, па сите стануваат. Потоа се кажува молитвата на огласените, останато од времето кога околу Велигден масовно се крштевале за тие кои што се крштевале да можат на Велигден да се причестат. Молитвите пак, за подготовка за причест и благодарствените после причест на ова  Богослужба не се исти како од Златоустовата.
Кога треба да се објави светињата е за светиите, сега нагласуваме претходно осветените светињи се за светиите и не го подигаме повторно Агнецот туку затскирен со покривките од дискосот го допираме со прстот посочувајќи за која светиња се работи, а верниот народ благо ги приклонуваат своите глави покажувајќи знак на благоговение (побожност). Во Недела, кога се благословуваат не велиме благослови ги овие лебови туку овој леб, кој всушност е само еден, зашто само еден е Христос Кој се раздробува и не се разделува секогаш јаден и никогаш недојаден, а тоа е Лебот кој и го дал лично Господ Исус Христос на апостолите на Тајната вечера и Он е Тој Кој Го дава на нас или поточно Самиот Себе се раздава. Тоа се случува таинствено и ние необјасниво но реално учествуваме на истата Литургија со Исус Христос и апостолите.
За време на херувимската песна, даровите се принесуваат на Господ, и тоа не е симболично туку таинствено и реално. Тогаш сите дарови, сета вселена, сета твар се принесува на Господ. Архиерејот кој е икона Божја ги прима и ги принесува овие дарови на Бога и ги полага на престолот Божији а заедно со нив и сите нас и сета креација Божја. Тие дарови веќе се принесени и осветени на предходната Литургија, и сега јас го држам Господ цел во моите раце и заради мојата недостојност воздухот (покривката) е над мојата глава. Затоа ја нема херувимската песна туку песната: Сега сите небесни сили со нас невидливо служат; затоа што, ете, влегува Царот на славата, ете тајната жртва е извршена и свечено се принесува.
И на крајот откако ќе ги испееме сите песни и ги прочитаме молитвите и Оче наш кои во ова Литургија се како молитви пред причест на крајот од денот ние го примаме Христа и се причестуваме и затоа ја пееме песната: Лебот небесен и чашата животна примите ги, вкусете и ќе видите колку е благ Господ; алилуја, алилуја, алилуја.
А по причестувањето се молиме: Ти благодариме Спасителу и Боже на сите, што си ни ги дал Твоите блага, и си не причестил со светото Тело и Крв на Твојот Христос, и Ти се молиме, човекољубив Владико: запази не под покровот на Твоите крилја, и дај ни до последното наше издихание, достојно да се причестуваме со Твоите светињи, за осветување на душите и телата, и за наследство на небесното царство.
Зашто Ти си осветување наше, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Многу е убава и задамвоната молитва што свештеникот откако ќе го повика причестениот и, со Светите Тајни, обожен, верен народ, со мир и просветлен со светлината Божја, повторно да излезе во светот и да ја сведочи таа дарувана светлина од Бога, да го слави и прославува Него.
Свештеникот се моли: Владико седржителе, Кој сите творби премудро си ги створил и со Твојата неискажлива промисла и голема добрина си не вовел во овие пречесни дни, за очистување на душите и телата, за воздржување на страстите, за надеж за воскресение; Кој по 40 дни му ги даде богонацртаните таблици на Твојот угодник Мојсеј, подари ни и нам, со добар подвиг да се подвизуваме, текот на постот да го завршиме, верата неразделена да ја зачуваме, уништувајќи главата на невидливата змија, да се покажеме победици над гревот и неосудно да можеме да му се поклониме на Твоето Свето Воскресение. И потоа тивко во олтарто вели: Господи Боже наш, воведувајќи не во овие пречесни денови и присоединувајќи не со Твоите страшни тајни, собери не нас, Твоето словесно стадо и покажи не наследници на Твоето Царство, постојано сега секогаш и во сите векови. Амин.
Литургијата на претходно осветените дарови е утврдена и се служат само за верните да се причестат со неа, а денес, за жал никој не се причестува. Малкумина се тие што ја служат ова Литургија, уште помалку се тие што доаѓат на неа, а пак скоро и да ги нема оние што се причестуваат. Каде е нашата вера, нашата ревност, нашата љувоб…? За да се причестиме треба да имаме претходна подготовка, но ние денес неа ја немаме, а тоа значи дека ние не го сакаме Бога. Ние не правиме ништо за Бога, сме станале бесчувствителни за Бога, но и за нашето спасение. Време на пости е. Да се покаеме и да принесиме искрени покајни солзи пред престолот на Бога за да си ги измиеме нашите срца од страстите и да можеме достојно да се причестиме и учествуваме во славното и спасително Христово Воскресение. Амин.

Извор: манастир на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија

 

 11 април. лето Господово 2013

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3109
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7567
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

05/11/2024 - вторник

Св.ап.Јаков брат Господов; Игнатиј Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

 Чудо се јави како сведоштво, со дела на Божјите добродетели си засветлил,си ги пасел монашките заедници,исчистил архиерејските тронови,не поколебувајќи се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная