логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Продолжение)

AndrejKuraev.jpg

ѓакон Андреј Кураев- “Религија и наука” (1)


И воопшто не треба да се смета за случајност фактот, дека раѓањето на науката се случило во времето на процветот на инквизицијата...
 Јас знам, дека човек, којшто бил воспитан во советска школа, ќе одговори: “Да, толпата во тоа време била опседната со религиозен мрак. Но, оние светли гении, кои ја создале науката, го напреднале своето време и веќе ја прекинале врската со оковите на ортодоксијата”.
 Но, овде прашањата веќе нема да ги поставува толку логиката, колку историјата. Се работи за тоа, дека творците на новата слика на светот биле, имено, многу религиозни луѓе.
 Така, Никола Коперник бил каноник, кој управувал со економијата на Вармиската епархија, член на епархискиот совет.
 Јохан Кеплер три години учел на Богословскиот факултет на Тибингенскиот универзитет, но, него, и против негова волја, го избрале за професор по математика во Грац: “За Кеплер таквото решение значело распад на сите негови многугодишни надежи. Не можел да си претстави дека патот кон кариера на свештеник за него е затвора, но, сепак, бил принуден да се подчини. Но, длабоката религиозност и стремеж да ја 'усогласува' науката со сопствената истрадана и искрена претстава за Бога останале карактерни за целиот негов живот” . “Јас сакав да бидам служител на Бога и многу се трудев околу тоа да станам таков; и, еве, на крајот на краиштата, јас почнав да Го славам Бога со моите работи по астрономија... Јас им ја прикажав на луѓето, кои ќе ја читаат мојата книга, славата на Твоите дела; во секој случај, во таа мера, во која мојот ограничен ум можеше да постигне нешто од Твоето безгранично величие” (Јохан Кеплер) .
 Галилео Галилеј на 14 години станал послушник во редот на језуитите, “сепак, таткото на Галилеј воопшто не сакал да го види својот син како монах и го земал дома со оправдание, дека тој има потреба од лекување на очите” .
 Лајбниц (ако некој заборавил, тоа е создавачот на системот за диференцијално пресметување) својот главен труд го посветил на “теодицијата” - “на оправданието Божјо” .
 Њутн пишувал толкувања на библиските книги на пророкот Даниил и на апостолот Јован Богослов .
 Декарт (ако некој повторно заборавил, тоа е создавачот на т.н. “Декартов систем на координати”) добил образование “во језуитскиот колеџ, тврдината на антиокултизмот” . Во преписките со шведската кралица Христина  и бохемската принцеза Елизабета, тој го заштитувал католицизмот  и поучувал на благочестие: “Првото и најважно познание се состои во сфаќањето дека постои Бог, од Кого зависат сите твари: тоа ќе нé научи да восприемаме како добро сé што со нас се случува , зашто сето тоа откриено ни е пратено од Бога” . Ќе напомнам дека Декарт ова го пишува на тешко болна жена, и и' пишува, спомнувајќи го и својот опит на болести, и тие негови зборови не може, а да не се споредат со сведоштвото на светителот Јован Златоуст (кој, исто така, не се одликувал со крепко здравје): “Оној, кој се научил да Му благодари на Бога за своите болести, не е далеку од светоста”.
 И тие луѓе создаваат нова наука не во противоположност со христијанската Црква. Во тоа време, Црквата уште е доволно силна да го “преградува кислородот” на своите непријатели. И католиците, и протестантите не се смутувале од инквизициските клади. И научници не биле палени.
 Не, токму Џордано Бруно не е умесно овде да се спомене. Тој во науката не оставил ни трага. Никој не може да наброи ниту една “теорема на Бруно”, ниту еден експеримент, од него направен.
 “Тој чувствувал одвратност и кон двата нему познати методи - схоластичкиот и мамематичкиот, заменувајќи ги со поетско изразување на своите убедувања... Во неговите дијалози нема ни трага од философска јасност, никаков признак на внатрешна сосредоточеност... Ние, на пример, не сме во состојба да утврдиме, што Бруно подразбирал под супстанција или атом... Бруно попрво се трудел да ја заштити својата вера, отколку логично неа да ја сформулира. Затоа научните и дидактичките делови од неговите дијалози се толку ретки и толку нејасни. Тој ја презирал науката и чувствувал одвратност кон логиката, затоа што бил воодушевен од верата, која тој сакал да ја наметне, а не да ја докаже... Тој ги изгонувал силогистичката и математичката логика, некратко кажано, интелектуалната мисла, од областа на философијата и науката, за со поголема сила да се зафати со псевдонаучните фантоми... Тој сметал дека донел откровение и се однесувал како пророк... Сиот свој живот тој се борел со оружјето на насмевката против своите објавени непријатели - научниците, математичарите и лицата со духовно звање. Тој никогаш не можел да ги искаже своите погледи, без да ги спомне нив и без да ја пројави својата омраза кон нив... Бруно ги меша поимите перигеј и апогеј... Бруно сметал дека Меркур и Земјата се еднакво оддалечени од сонцето, но се наоѓаат на спротивни страни од него. Околу Земјата се движи месечината. Околу Меркур - Венера... Изложувањето на учењето на Коперник од страна на Бруно покажува, дека тој едвај бил запознат со најелементарните поими и проблеми на астромијата. Се вреднува признанието на Бруно дека “нему не му е многу до Коперник и неговите коментатори”... “Не била кладата таа што го уништила делото на Бруно, туку упорната работа на оние, кои се обидувале да ја одгатнат тајната на природата по пат на мерења, пресметки и измерувања и кои нашиот философ ги напаѓал со омраза и насмевка. Неговата погибел и нивното торжество го означуваат настапувањето на нова епоха во човечката историја” .
 Така што, фразата “инквизиторите го запалиле големиот научник Џордано Бруно” фактички не е вистинита. Историјата на науката не познава научник по име Бруно. Тоа го разбирал дури и Галилеј: “Признавајќи ги блескавите интелектуални способности на Бруно, Галилеј, сепак, никогаш не го сметал за научник, а уште повеќе за астроном” . И, во суштина, “Бруно немал научни резултати, а неговите аргументи во корист на системот на Коперник биле збир на бесмислици - хаотично натрупување на апсурни грешки и надмени сентенци, кои само го демонстрираат непознавањето на авторот” .
 “Во неговите раце, учењето на Коперник станало дел од традицијата на херметизмот. Математичката синтеза на Коперник, Бруно ја претворил во религиозно учење” . 
 “Дали Бруно може да се нарече научник, макар според критериумите од крајот на 16. век? Бруно не бил толку пропагатор на учењето на Коперник, колку што бил гласник на окултните тајни на херметизмот, кои тој во него ги открил. Бруно толку не го популаризирал учењето на Коперник, колку што го компромитирал, вовлекувајќи го во контекст на магиски суеверија, во споредба со кои, не само системот на Птоломеј, туку и схоластичкиот аристотелизам, во целост биле стандард на научен рационализам. И само што Галилеј го вратил Коперник на науката, откако го протолкувал неговото учење во термините на вистинската, експериментално-математичка наука за природата, без никакви 'зодијачки знаци' и кабалистичка ѓаволштина” .
 Не бивајќи астроном, туку обичен волшебник и шарлатан, како таков Бруно и бил осуден, пришто, хелиоцентричните убедувања не биле поставени нему за вина. Језуитот Каспар Шопе, кој присуствувал на судот, вака ги предава обвинувањата против Бруно: “Во тие книги тој учел дека световите се безбројни, дека душата се преселува од едно тело во друго и дури во друг свет, дека една душа може да се наоѓа во две тела, дека магијата е добро и дозволено нешто, дека Духот Свет не ништо друго, туку душата на светот. Мојсеј своите чудеса ги правел со помош на магија и напреднал во неа повеќе од останатите Египќани, дека Мојсеј ги измислил свои закони, дека Свештеното Писание е привидно, дека ѓаволот ќе биде спасен. Од Адам и Ева тој го изведува само родословот на Евреите. Останатите луѓе происходат од оние двајцата, кои Бог ги создал еден ден порано. Христос не е Бог, тој бил знаменит волшебник и за тоа по заслуга бил обесен, а не распнат. Пророците и апостолите биле неподобни луѓе, волшебници, и многу од нив биле обесени” .
 Исто така, треба да се спомне дека Бруно бил казнет во 1600 година, а осудата на учењето на Коперник, од страна на инквизицијата, се случило дури во 1613 година. Тоа значи дека кон времето на казната на Бруно, учењето на Коперник сеуште не се сметало за ерес и не можело да биде повод за толку сурова казна. Затоа, без магизмот на Бруно, неразбирлива е промената во односот на папството кон хелиоцентризмот, од наполно трпелив кон конфликтен.
 Врвовите на католичкото духовенство, на почетокот, кон новото учење за системот на светот се однесувале, во целост, трпеливо и дури со некој интерес. Специјалистите-астрономи и најблиските пријатели на Коперник биле запознати со неговото истражување уште пред да излезе на свет неговиот основен труд, од него составениот (можеби, околу 1515 година) коментар - “Коментариолус”. Бидејќи тоа добило некакво распространување во ракописен вид, затоа уште во 1533 година папата Климент ВИИ (внук на Лоренцо Медичи) ги собрал кардиналите и нему блиските лица во ватиканската градина, за да го ислуша извештајот на својот научен секретар кардиналот Видманштад за учењето на Коперник за движењето на Земјата. Тој извештај бил сослушан со многу добра волја, пришто, односот кон Коперник останал добар и при следниот папа, Павле ИИИ. Тоа се гледа од писмото (од 1536 година) кон Коперник од главата на доминиканскиот ред, кардиналот Шенберг. Во тоа писмо (коешто Коперник многу го ценел и потоа го ставил во својата книга), Шенберг желно барал “учен маж”, кој во никој случај “нема да го крие својот нов систем од пријателите на науката”, уверувајќи го Коперник дека тој “со сигурност сака да му оддаде признание за неговите големи заслуги” . И токму коперниковите пресметки биле поставени во основата на “григоријанската реформа” на календарот: “По објавувањето на календарската реформа од страна на папата Лав Џ на петтиот Латерански собор (1512-1517), Коперник бил вклучен во бројот на 'признати' астрономи, кои добиле официјална покана да земат учество во изработувањето на проектот на реформата” .
 И одеднаш - по речиси сто години трпеливост, следела осудата на коперниковото учење. Што се променило? - Едноставно Џордано Бруно покажал какви магиски заклучоци можат да се направат од математичката хипотеза и со тоа ги настроил богословите против самата таа хипотеза.
 Имено, Бруно ја искомпромитирал математичката хипотеза на Коперник, натоварувајќи ја со архаични окултни бајки. “Коперник е зората, која требаше да претходи на изгревот на сонцето на вистинската античка философија” (Бруно. Пир на пепел, 1).
 Бруно не е револуционер, туку банален реакционер, кој се обидувал да го отфрли двеилјадигодишниот развиток на културата и мислата, враќајќи се, не кон Платон и Аристотел, туку кон предсократовските натурфилософи. “Кутриот Аристотел” Бруно го жали за неговата неспособност да ја достигне “длабоката магија” .
 Коперник, пак, Бруно едноставно го презира (прашањето: а кого, пак, овој “гениј” не презирал?): “Ноланецот одговорил дека тој не гледа ниту со очите на Коперник, ни Птоломеј, туку со своите сопствени. Тие математичари, како посредници, ги преведуваат зборовите од еден на друг јазик; но, затоа, пак, другите проникнуваат во смислата, а не тие самите. Тие се слични на оние прости луѓе, кои на отсутниот полководец му соопштуваат за тоа, во каква форма бил текот на битката и каков бил нејзиниот резултат, но самите не ги разбираат делата, причините и умешностите, благодарение на кои едните победиле... Коперник не избегал далеку од слепотијата” (Бруно. Пир на пепел, 1).
 Во научната астрономија, во физиката, математиката, не останала трага од Бруно. Освен негативности - компромитациите на Коперник.
 Единствената “наука”, во која Бруно не бил профан, е магијата. Кога се обраќал на вице-канцеларот на Оксфордскиот универзитет, Бруно за себе говорел: “Доктор на најсовршената теологија, професор на најчистата и безопасна магија... На неговиот гениј ракоплескале најблагородните” .
 Јас немам намера да ја оправдам мрскоста од човечкото палење, а уште повеќе, палењето заради неговите мисли.
 Но, фактот е факт: не бил запален Бруно-астрономот; пресудата била донесена на Бруно-маѓепсникот. Тоа не било конфликт меѓу религијата и науката, туку на две религии: католицизмот и паганството. Неговото казнување со едно нешто и' помогнала на науката: станало јасно дека треба што поскоро да се ослободува од античкото окултно наследство.
 И дури осудувањето на коперниковата хипотеза од страна на инквизицијата во 1613 година, не треба да се гледа како акт на антинаучно непознавање и терор.
 Да претпоставиме дека мене ми предложуваат да се согласам со некоја екстравагантна хипотеза, која под себе нема никакви докази, а како додаток на тоа, противречи на низа директни и индиректни набљудувања. Освен тоа, мене ми е познато дека сите обиди за нејзино докажување завршувале без успех. И така, ако јас се воздржам од согласувањето со таа хипотеза, дали тоа ќе биде сведоштво за антинаучниот склад на мојата мисла?
 Но, имено, таква била ситуацијата во меѓусебните односи на коперниковото учење и Католичката црква. Пред да бидат обвинети богословите за антинаучност, треба да се зададе едноставно прашање: “Од која дата хелиоцентризмот станал научно објаснета теорија, којашто се основувала на факти?”.
 Дури во 1851 година, патешественикот Фуко го докажал движењето на Земјата. И само во 1838 година Бесел го открил ѕвездената паралакса (агловото поместување на ѕвездите, при нивно набљудување од различни краишта на земјината орбита) .
 За тоа, дека при годишното движење на Земјата треба да се менува картата на видливото ѕвездено небо, знаеле и во времињата на Коперник. Тихо Браге на крајот на 16. век се обидел да ја открие паралаксата и, не наоѓајќи го (нешто што било невозможно без развиена оптика), како чесен научник се откажал од поддржувањето на коперниковара хипотеза .
 Еве потполно типичен и научен чесен исказ на академски научник од 18. век: “Хујгенс предложил начин да се определи движењето на Земјата со набљудување на неподвижните ѕвезди, дали две ѕвезди се доволно блиски една до друга, дали ќе се покаже мала промена на видливото растојание во различни времиња од годината, од каде можеме да претпоставиме дека тоа се случува поради движењето на Земјата, благодарение на кое таа би се наоѓала, де поблиску, де подалеку од тие ѕвезди. Јас велам 'да претпоставиме', затоа што секогаш би требало да се претполага дека тоа не се случува поради некакво движење, коешто неподвижните ѕвезди би го имале во однос една на друга. Но, освен тоа, таквото набљудување апсолутно не го докажува движењето, не може ни да се види дека тоа набљудување било направено, или, по крајна мера, дека во совршенство успеало. Г-н Хигенс го предложил, но тој не говори дека би го спровел. Патер Ричоли во својата 'Реформирана астрономија' соопштува за набљудувањето на некој Пирон, кој велел дека пронашол варијација од неколку секунди во растојанието на две ѕвезди, многу блиски една на друга, кои се наоѓаат во главата на Скорпијата. Но, споредувајќи ги измерувањата со оние што ни ги дал нам г-нот Маралди за истите тие ѕвезди во 'Мемоарите на Париската академија на науки', станува очигледно дека нема никаква основа за спроведување на тоа набљудување од Пирон. Освен тоа, патер Ричоли покажал дека варијацијата, која ја пронашол Пирон во растојанието на тие две ѕвезди, не е соодветна со она, што го бара движењето на Земјата. Јас не знам за други набљудувања, кои може да се стават во паралела со овие, кои ги кажав. Еве зошто мене ништо не ме спречува да го заштитувам мојот првичен став, дека сеуште не е докажано движењето на Земјата со помош на набљудувања, но, дека дури не е ни возможно да се докаже тоа со помош само на астрономските набљудувања, без помош на хипотеза и др.” .
 Хелиоцентристите немале докази. Галилеј погрешно го видел бараниот доказ во океанските приливи и одливи (плима и осека), но Кеплер веќе докажал дека приливите се поврзани со гравитационите активности на месечината, а не со дневното движење на самата Земја.
 Воопшто, “пронаоѓањето, заштитата и делумното оправдување на коперниковата хипотеза, противречат речиси на секое методолошко правило, за чие зачувување се грижиме денес” .
 Инквизицијата барала докази и јасно разликување на математичката хипотеза и физичкиот модел од тврдењата за структурата на самата реалност. Галилеј само ја докжал својата вера во она, што тој го сметал за вистина - но, вистинитоста на неговата вера сеуште не била докажана. И не е за чудење тоа, дека светот не бил освоен со неговиот ентузијазам. Потрезвен бил кардиналот Белармин. Неговиот совет во потполност е соодветен на современите стандарди на научно докажување.
 Така што, дури и конфликтот со астрономите не толку го закочил развитокот на науката, колку што му помогнал нему со барањето на поголема строгост и докажаност. Како и во случајот со ловот на вештерки, инквизицијата не го гонела толку неверието, колку лесноверието.
 Повторно ќе кажам: Католичката црква ја примила теоријата на Коперник (објавена во 1542 година, но благонаклонето ислушана од папата уште во 1533 година) како математички модел (и на нејзина основа го изработила новиот календар во 1582 година). Но, притоа, во 1616 година таа, повикала на воздржание од нејзино прифаќање како физички модел до стекнувањето на докази (кои се појавиле дури во средината на 19. век) А во 1600 година, таа го осудила Бруно, кој од коперниковата теорија направил колку антинаучни заклучоци, толку и антихристијански, зашто го помешал Коперник со окултизмот.
 Конечно, верзијата на конфликт меѓу Црквата и науката не може да се објасни со самиот факт, што науката постанала социјален институт.
 Тоа, што научното општество се “институизирало”, т.е. постанало почитуван и финансиран институт, значи, дека општественото мислење - поточно, мислењето на елитите, кое во тоа време, без сомневање, било контролирано од Црквата - влијаело добро врз научниот начин на мислење.
 Механицизмот, кој лежел во основата на првата научна парадигма, бил симпатичен на христијанскиот стил на мислата, затоа што тој ги објаснувал природните процеси без сомнителни апелации кон желбите на едни или други духови.
 Механицизмот дал можност да се избега од аристотеловите објаснувања: “Природата не трпи празнина”. Зашто, ако природата нешто “трпи”, а нешто “не трпи”, тоа значи дека таа има душа. Но, тоа, всушност, е базичната теза на паганството и окултизмот.
 Како се разликувале меѓу себе архаичното и новоевропското, научно сфаќање за едни или други феномени, може да се појасни на примерот на школските лабораториски (поврзани меѓу себе) садови. Зошто во тие садови водата се прелива од пополна во попразна? Аристотеловото објаснување (природата се плаши од празнина) во сфаќањето на Бојл е многу антропоморфно. Во самата материја, возвраќа Бојл, нема ни разумност, ниту извор на движење.   Ако природата се бои од празнина, значи, таа има душа; значи, човекот не се разликува од природата. Но, ако човекот не се разликува од светот, тогаш зошто само тој на Судот одговара за себе? Едно од двете е - или водата треба да носи, не помала од човекот, одговорност за своите постапки, стравови и претпочитања; или човекот треба да биде исто неодговорен, како водата. Последното значи дека нема вознаградување (награда или казна), што значи, нема основа ниту за моралноста. Бидејќи Бојл е убеден во неопходноста од морална одговорност кај човекот - тој бара нетелеолошки и неантропоморфни, т.е. неаристотеловски објаснувања за поведението на водата. Заклучок: водата се крева не поради страв од празнина, туку поради разликата во притисоците. Таа алка од аргументите на Бојл накратко може да се изрази во силогизмот: водата во затворена цевка се крева поради разликата во притисоците, а не поради стравот од празнина, значи, еретиците не можат да тврдат дека душата не е смртна.  
 
Литература:
Олышки Л. История научной литературы на новых языках: В 3 т. Т. 3. М.-Л., 1933. 
Гурев Г.А. Коперниканская ересь в прошлом и настоящем. М., 1933.
Выгодский М.Я. Галилей и инквизиция. М.; Л., 1934.
Рожицын В.С. Джордано Бруно и инквизиция. М., 1955.
Вопросы истории религии и атеизма. Сб. Статей. Вып. 1. М., 1950.
Гайденко П.П. Эволюция понятия науки: В 2 т. Т. 1. М., 1980; Т. 2. М., 1987.
Гайденко П.П. История новоевропейской философии в ее связи с наукой. М., 2000.
Яки С. Спаситель науки. М., 1992.
Яки С. Бог и космологи. М., 1993.
Косарева Л. М. Коперниканская революция: социокультурные истоки. М., 1991.
Косарева Л.М. Генезис научной картины мира. М., 1985.
Косарева Л.М. Социокультурный генезис науки Нового времени. Философский аспект проблемы. М., 1989.
Современные зарубежные исследования по философии и генезису науки (позднее Средновековье и Возрождение). Сб. Обзоров. М., 1980.
Социокультурные факторы развития науки (по материалам историко-научных исследований). Сб. Обзоров М., 1987.
Кирсанов В.С. Научная революция ЏВИИ века. М., 1987.
Кимелев Ю.А., Полякова Н.Л. Наука и религия: историко-культурный очерк. М., 1988.
Йейтс Ф.А. Джордано Бруно и герметическая традиция. М., 2000.
Философско-религиозные истоки науки. М., 1997.
Фантоли А. Галилей. В защиту учения Коперника и достоинства Святой Церкви. М., 1999.
Лернер Л., Госселин Э. Галилей и призрак Джордано Бруно // В мире науки. 1987, Н 1. С. 80-88.
Шрейдер Ю.А. Галилео Галилей и Римско-Католическая Церковь // Вестник истории естествознания и техники. 1993, Н 1.
 
 Извор: диакон Андрей Кураев, Неамериканский миссионер, Саратов, 2006.

Превод : Георгиј Глигоров

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2537
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная