логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Betoven


ДАЛИ БЕТОВЕН БИЛ ВЕРНИК?


             Неволно си го поставуваме прашањето: дали личност како големиот композитор Бетовен имала однос кон верата во Бог или не? Дали овој музички титан кој живеел во ерата на просветителството; во време во кое разумот бил на пиедестал, го негирал постоењето на Бог?
              Роден на 16 декември во градот Бон во далечната 1770 година, Бетовен потекнувал од семејство на музичари, а неговиот прв учител по музика бил неговиот татко.
А кога зборуваме за неговиот роденден - дали знаете од каде го црпиме сведоштвото за тоа? Од зачувана белешка во регистарот на бонската црква „Св. Ремигиј“, во која се забележува дека Лудвиг Бетовен бил крстен на 17 декември 1770 година. Се верува дека детето се родило еден ден претходно, бидејќи смртноста на доенчињата во тоа време била висока и децата веднаш биле крштевани.
Не случајно наречен виенски класик (заедно со Хајдн и Моцарт), овој надарен човек поминал децении во музичкиот центар на Европа - Виена, каде што уживал во покровителство на голем број аристократи. Забележуваме дека тој секогаш стоел пред нив во позиција бидејќи композиторот бил свесен за своите можности.
И покрај неговиот музички гениј, тој не успеал да создаде сопствено семејство и да има деца - ако, се разбира, не ги броиме неговите десетици вдахновени дела.
             Сепак, најголемата драма на композиторот е тоа што на почетокот на 19 век започнува да го губи слухот. Поради тоа, во подоцнежните години тој станува избувлив и мрачен. Во 1819 година неговата комуникација се одвивала само во писмена форма – преку т.н „тетратки за разговор“.
Со текот на времето, слухот на Бетовен ослабува во таа мера што на крајот од премиерата на неговата величествена Деветта симфонија, тој не можел да го слушне аплаузот на публиката, туку се свртел за да го види громогласниот аплауз на присутните.
               Последните месеци од животот Бетовен ги поминува во постела. Починал на 26 март 1827 година на 56-годишна возраст. За време на неговата погребна поворка, толпа од повеќе илјади луѓе се собрале на улиците на Виена. Неговиот погреб бил извршен во црква и бил погребан со голем католички обред, вклучувајќи и реквием.
Како што споменавме, без записите зачувани во црковниот регистар, веројатно долго ќе талкавме во потрага по датумот на раѓање на генијот.
                Да не заборавиме дека и таткото на композиторот и самиот Лудвиг служеле на архиепископскиот двор, а еден од првите учители по оргуљи на Бетовен бил извесен добродушен францискански монах.
Во својот тестамент од Хајлигенштад, напишан на почетокот на 19 век, Бетовен забележал: „Господи, гледаш до дното на мојата душа, знаеш дека во неа има љубов кон човештвото и желба да бидам добар човек“. Од истиот документ разбираме и каков бил односот на композиторот кон своите ближни – им напишал на своите браќа: „Всадете во вашите деца добродетели – само тие можат да го усреќат човекот, а не парите“. Зборувам од искуство“.
Единствениот ораториум, дело на виенскиот класика, се вика „Христос на Маслиновата Гора“ (1803) и е посветен на настаните околу фаќањето на Спасителот во Гетсиманската градина пред Неговата смрт на крстот.
                Верата на Бетовен во познавањето на Бога преку уметноста е важна тема во неговите „тетратки за разговор“, а композиторот смета дека неговата „Свечена миса“ (1819–1823) е врв во неговото творештво.
Покрај ораториумот и свечената миса, духовните дела на Бетовен ја вклучуваат и неговата миса во С-Dur (1807), како и циклус од шест песни базирани на стихови на германскиот поет Гелерт (1803).
Мора да напоменеме дека благодарение на уметноста, Бетовен ја почувствувал близината на Бога до себеси. „Господ е поблиску до мене и мојата уметност“, тврдел композиторот, „отколку до другите луѓе“. Музиката е повисоко откровение од секоја мудрост и философија“.

Betoven1
              Во пролетта 1825 година, Бетовен се разболел многу тешко и два месеци бил блиску до смртта. Кога оздравел, како благодарност во третиот дел од неговиот Гудачки квартет бр. 15 напишал: „Песна за благодарност до Бога за моето исцелување, во лидиска скала “.
Бетовен имал изглед на мрачен и тежок човек. Не би можеле да кажеме дека бил понизен и смирен, бидејќи во неговите писма има дури и незадоволство од Бога. Но, само кога би размислиле за неговиот тежок живот - детството поминато со татко кој пиел, кој го терал постојано да свири; губење на мајка си кога бил млад; губењето на слухот и неговата глувост, осаменоста – тогаш би можеле да разбереме како околностите на животот го одбележале ликот на овој гениј.
                Веројатно не еднаш во душата на Бетовен се вовлекло болното прашање зошто Бог, кој го обдарил со толку огромен музички талент, допуштил да го изгуби слухот.
Пред смртта Бетовен се причестил. Се разбира, мора да имаме на ум дека Бетовен бил крстен во католичка црква. Овде е добро да се потсетиме на зборовите на митрополитот Иларион (Алфеев) за музиката на длабоко религиозниот Бах (кого Бетовен многу го ценел), дека таа се заснова на религиозно искуство кое ги надминува конфесионалните граници и е заедничка човечка сопственост.
               Рускиот пијанист Алексеј Володин смета дека композиторите како Шуман, Бетовен или Моцарт се издигнале над себе во моментот на креативноста, секој од нив го победил човечкото во себе, станал творец, во секој од нив се појавило нешто божествено.
               Бетовен имал кривулест пат на верата - на моменти чувствувал занес и поклонение пред Бога, понекогаш гнев и сомнеж. Но, дарот Божји, кој композиторот го развил и го запечатил во своите дела, ги надминува неговите слабости и сведочи за бескрајната моќ и слава Господова. Мора да признаеме дека музиката на виенската класика, како онаа на сите големи композитори, е проповед во звуци. Беседа дека хармонијата во целиот универзум и животот на секој од нас не е воден од случајност, туку од врвен божествен разум.


Автор: свешт. Ивајло Борисов /bogonosci.bg/
За Преминпортал подготвил: Симеон Стефковски

 16.12.2023 g.

  СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЛУДВИГ ВАН БЕТОВЕН🎼🎵🎶🎹♥️
https://youtu.be/5ZKWcn7bqsQ?si=ES5HhB7gsLiYw8ho

 

Друго:

http://www.youtube.com/watch?v=_4IRMYuE1hI

http://www.youtube.com/watch?v=_GS0MKH0TDA

http://www.youtube.com/watch?v=YAOTCtW9v0M

http://www.youtube.com/watch?v=Wod-MudLNPA

TViTer594.Betoven

Душан Хр. Константинов


Лудвиг Ван Бетовен (1770 – 1827), апсолутно и без сомнение е најгенијалниот музички творец и композитор во досегашната уметничка историја. Поради своето фламанско потекло, тој често претставувал вистинска духовна загатка за своите современици – Германците, коишто не можеле да ги сфатат многуте црти на неговиот оригинален карактер. Неговиот најдобар животописец Ромен Ролан, сосема точно забележал, дека многу од цртите на Бетовеновиот карактер не се чисто германски.

Овој голем човек, кој од Светиот Дух бил даруван со огромен музички дар, имал тажно детство. Младоста му била тажна поради материјални грижи. Во 1878 год., Бетовен ја загубил својата многу сакана мајка, така што во својата седумнаесеттата год., тој веќе бил глава на семејството. Некои основни познавања од ангелоподобната уметност – музиката, добил од Хајдн, Албрехтсбергер и Салиери. Во 1792 год., тој се населува во раскошно убавата Виена, која е позната како престолнина на германската музика. Но, „од 1796 – 1800 год., наглувоста почнува да запустува“.

Можеби е Божја промисла, тоа најгенијалните луѓе најмногу да страдаат, за на тој начин уште повеќе да се возвеличат и да станат богообразни. Музичкото творештво на Бетовен продолжило и покрај секојдневните неволји, страдања, озборувања и нечесни постапки од околината. Бетовен, иако бил болен, беден, несреќен, иако не чувствувал љубов од неговите пријатели и од љубената, сепак не подлегнал, бидејќи знаел дека вистинскиот христијанин и благородник, се челичи во страдањата, слично како што се кали челикот во огнот. Тој велел:

„Сакам да ѝ се спротивставам на својата несреќа, ако тоа воопшто е можно. Но, во животот мој, има мигови кога се чувствувам како најбедното Божјо создание!“

Ромен Ролал напишал: „Сите тие внатрешни трагедии, ќе ги пронајдеме во неговите дела од 1802 год… тоа се шест херојски и трогателни религиозни мелодии на Гелертовите зборови… Нè заразува со храброста и среќата, која ја чувствува во својата борба и со опиената свест, која Го чувствува Бога во себеси.“ Бетовен Го носел Бога во своето кристално чисто срце, зашто носел „нешто пуританско во духот: распуштените разговори и мисли го ужаснувале; Тој имал непоколебливи погледи за светоста на љубовта.“ За ова сведочи и неговиот близок пријател Шиндлер, кој вели дека Бетовен, „низ животот одел со девствен срам, немајќи никаков повод да се укори себеси заради некаква слабост.“
“The Incident at Teplitz”: Carl Rohling (circa 1887) Beethoven, Goethe and the imperial family

Бетовен, најдоследно ја почитувал Божјата заповед за одмаздата. Во едно писмо до госпоѓата Штрајхер, тој напишал: „Јас никогаш не се одмаздувам“. Кога треба да работам против другите луѓе, јас тоа го правам само толку, колку да можам да се одбранам и да го спречам исполнувањето на злото.“ Тој го мразел секое насилство и верувал дека „добрината е единствениот знак на надмоќност.“ За него парите не претставувале ништо и не можеле да се споредат со среќата:

„Учете ги своите деца на добродетелта, зашто само таа може да ги направи среќни, а не парите. Зборувам од искуство. Добродетелта ме научи да издржам во бедата.“

Овој врвен музичар, многу го љубел својот внук Карл, кому му бил старател. Кога се обиделе да му го одземат тоа старателство, Бетовен во молитвено расположение Му се обратил на Бога: „О, Боже! Единствена моја одбрано и прибежиште! Ти проникнуваш до дното на мојата душа и ги знаеш болките кои ме мачат. Затоа, праведно е да страдаат оние што сакаат да ми го одземат моето богатство – Карл. Послушај ме, Ти, најсовршено Битие, чие име не го знам, сослушај ја топлата молитва на најнесреќниот од сите Твои созданија… Господи, помогни ми! Гледаш дека целото човештво ме остави, затоа и не сакав да се помирам со неправдата. Услиши ја молитвата моја, та барем во иднина да живеам за својот Карл!“ Но, морално расипаниот внук, не бил достоен за Бетовеновата љубов, која постојано го повикувала: „Мој драг сине!… Дојди, дојди при верното срце на татка си!“
Carl Schweninger, “Portrait of Beethoven in a stormy landscape”

          Бетовен немал некое особено образование, но сепак во својот дом имал мала книжевна ризница. Многу често и со голема радост тој ја читал книгата од теологот Тома Кемписки „Следи Го Христа!“ Ги читал и Кант, Боде, Зојме, Коцебу, Шекспир и Феслер. Многу сакал да разговара за философијата и верата. Размислувал за компонирање на музички дела на религиозни теми, како што биле: „Тој купува планови за иднината… библиски ораториум за Саул и Давид“. Во 1827 год., предлага концепт за нова симфонија: „Адаџо I кантика“- религиозна песна во вид на симфонија, на постар начин (Господи Боже, ние Те фалиме! Алилуја).

И покрај сите свои лични трагедии, според тврдењето на Ромен Ролан, Бетовен останал „победник – победник над човечката просечност, победник над сопствената судбина, победник над сопствените страдања“.Тој велел: „Жртвувај ги животните ништожности, секогаш принесувај ги нив на жртва на својата уметност! О, Бог над сè!“ Христос, секогаш му бил најголем образец, од Кого тој барал сила, не за да ги победи своите непријатели, туку за сопствената макотрпна борба: „Боже, дај ми сила, за да се победам себеси!“ Бил голем човек, искрен верник и речиси совршен христијанин.
Beethoven at the piano.

Бетовен копнеел по Божјото присуство. Тој велел: „Ништо не е поубаво од тоа, да Му се приближиш на божеството и со Божјите зраци да го осветлиш човечкиот род.“ Бога најнепосредно Го среќавал во природата: „Семоќен! Среќен сум во горите, кадешто секое дрво зборува за Тебе, Боже! Какви прекрасни убавини! Во овие гори, на овие брегови постои мир, кој ублажува!“ За Бетовеновата љубов кон природата, Ромен Ролан заклучил: „Закопан сам во себеси, одвоен од другите луѓе, тој наоѓаше утеха само во природата.“ Но, уште повеќе во Бога – најчистиот извор на секоја утеха: „Божество! Ти проникнуваш од висините среде моето срце, го познаваш, знаеш дека е исполнето со љубов кон луѓето и дека сака да прави добро!“

Обраќајќи им се на своите пријатели, Бетовен не заборавал да Го моли Бога за нивна заштита. Така, во писмото до д-р Веглер тој напишал: „И те молам во мое име, нежно да ги бакнеш Лорен и децата, и да мислиш на мене. Бог нека ве заштитува!“

На крајот од животот, по извршената четврта операција во Виена, во февруари 1827 год., Бетовен му напишал на Можелес:

„Јас ѝ се предавам на судбината и само Бога Го молам, да ме заштити од скудност со Својата божествена волја, сè дури е потребно да го поднесувам ова постепено разделување од животот. Тоа ќе ми даде сила да ѝ се потчинам на Божјата волја и трпеливо да ја поднесувам својата судбина, па, колку и да е таа тешка и страшна.“

Неколку години претходно, во едно од писмата до д-р Веглер, за Вистината во Која секогаш верувал, тој напишал: „Што ќе биде на крајот на краиштата, тоа само Бог го знае!“

Бетовен, чијашто музика кај луѓето предизвикува радост, мир и чувство на божествена совршеност во поглед на таа прекрасна уметност, речиси ниту еднаш во животот не доживеал вистинска радост (освен во неговите молитвени обраќања кон Бога, како и во своето блескаво творештво). Повикувајќи кон Бога, тоа и го признал: „О, Провидение! Дај ми само еден ден, еден ден на вистинска радост!“ Сепак, Бетовеновата вера во Бога, била дијамантски цврста, искрена, скоро света, чиста, трајна и непоколеблива. Затоа, во едно писмо до својот морално сиромашен внук, тој подвлекол: „Бог никогаш не ме напушти!“

„Бог над сè! Боже ние Те фалиме! Алилуја!“

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/betoven-bog-nad-se/?fbclid=IwAR1jG7jDhxihGNUUbDzC-n0DP2CpTW0xjMvOKsmgRE10zp2zoEcEGft5STY

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1862
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 2183
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 2054
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная