логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Датум: 12.02.2011

 

 

Борис Вишински беше македонски раскажувач, романсиер, драмски писател, чии дела се преведени на триесетина светски јазици. Ги уредувал списанијата „Културен живот“ и „Македонска ревија“.

Автор е на романите „Сенки и жед“, „Виножито“, „Лавина“, „Клисура“, „Тесно море“ (1986), „Круна од песок“, „Кожа од облаци“, „Крстот на Богомил“, збирките раскази „Древни брегови“ и „Барбара“ и драмите „Девојка“ и „Рацин“. Добитник е на наградите „Кочо Рацин“, „4 Јули“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Петрозино“, „Михаил Еминеску“, „Марио Рестиво“, „Јозефин“ и „Данте Алигери“ за литературен опус на странски автор во Италија.

Постхумно, неговата последна книга раскази под наслов „Средба во Каракас“ годинава ќе излезе од печат во издание на „Матица македонска“.

Матеја Матевски:

Tворец и аналитичен интелектуалец

Смртта на Борис Вишински, вчудоневидувачка, ненадејна и болна, претставува за сите нас ненадоместлива загуба на човек и творец што длабоко и трајно ги задолжи македонската литература и култура со своето творештво и со својата културна и национална дејност. Тажната вест, задоцнета и речиси незабележана, ја доживеав и ја боледувам како разделба со драг врсник, со кого, од децениите на гимназиските клупи, од првите пројави на неговата книжевна дарба и од разгранувањето на неговото творештво, го живеевме нашето пријателство, другарување и почит. Вдахновувајќи го своето плодно творештво на раскажувач и романсиер, со длабоко белетристричко чувствување на нашата современост и на човековите премрежиња, тревоги и надежи и со богата имагинација на творец и аналитичен интелектуалец, Борис остава зад себе опус што го исполнува со длабоки вредности и значења раскошниот мозаик на нашата книжевност. Со својот книжевен опус тој се потврди во светот афирмирајќи ја својата дарба, а преку својата неуморна акција како вистински човек на оваа земја во афирмацијата на литературата, културата и вистината на Македонија. Преведуван на сите континенти, високо наградуван и ценет вон границите на нашиот јазик, тој спокојно и стоички и со блага иронија и префинета насмевка што зрачеше од неговата скромност и издржаност го поднесуваше проклетството на една култура што уште не созреала да ги создава, прифати и признава многуте свои вистински вредности. Неправедно, најчесто одминувано од активната критика и од многуте современици, творештвото на Борис Вишински стрпливо и со право ги чека идните свои критичари и проучувачи. Тоа е творештво што веќе го има своето заслужено место во македонскиот книжевен пантеон.

Ристо Лазаров:

Подвиг од висок маштаб

Борис Вишински беше значаен подвижник на нашиот литературен живот, посебно кога станува за меѓународната афирмација на нашата книжевност. Беше ценет автор, но и ценет културен деец. Со децении беше на чело на списанието „Културен живот“, кое ќе остане запаметено по својата огромна библиотека од светската и домашната драмска литература. Беше уредник и на „Македонска ревија“ која излегуваше на англиски јазик и која одигра незаменлива улога во првите позначајни пробиви на нашата литература во светот. Еден од неговите најзначајни проекти, за кои со право може да се говори како за подвиг од висок маштаб, секако е објавувањето на Рациновите „Бели мугри“ на петнаесетина јазици во светот. Останува да веруваме дека ќе дојде ден кога нашиот културно-политички естаблишмент ќе знае да ги вреднува и цени таквите влогови во развојот на културата и во зацврстувањето на нашата сеопшта самодоверба и самосвест.

Раде Силјан:

Трагач по вечноста

Вишински во литературата настапуваше тивко, без нагласена помпезност, но самоуверено. Творештвото го сфаќаше како исклучително субјективен чин, со препознатлив и строг тематски одбир. Таа своја посветеност ја оствари и преку презентирањето на делата на други јазици. Податок што укажува на богатата и слоевита проза, која беше предмет на толкувања и критички опсудувања, главно од странски писатели, литературни критичари и афирматори на неговиот книжевен опус.

Заеднички именител за литературата на Борис Вишински беше обликувањето на сликата на човекот што трага по вечноста, по таа посакувана смисла за сопственото очовечување. Во неговите раскази импонира вербата во сопственото јас и во возвишената цел за целосно реализирање во општествената средина. Судбината на малите луѓе е во фокусот на наследените историски беспаќа, носени од природниот тек на смртта, која доаѓа како последица на природните болести на човечката душа. Хероите на Борис Вишински страдаат од својата ученост, но и од времето минато во осама.Тие трагаат по суштината на својот животен идеал, фантазираат. Духовната немаштија ги прогонува, па затоа нивните растројства ги прифаќаме како природен епилог на секојдневните трауми на денешново време.

 

Извор:

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BE7317628D3D614C8A2B23DE9C518B3F

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2494
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2633
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1249
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1456
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (риба)

Светиот маченик Теодот Анкирски; Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија; Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски; Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски; Преподобен Даниил Скитски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная