логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 10 јануари 2010 (МИА) - На македонските граѓани oд денеска на мајчин јазик им се достапни уште 75 дела и автори, добитници на Нобеловата награда за литература од 1901 до 2007 година. Тагоре, Јејтс, Хименес, Перс, Неруда, романите „Боговите се жедни“, „Смрт во Венеција“, „Синови“, драмите „Чекајќи го Годо“, „Кандид“, „Мистеријата Буфо“, филозофските размислувања на Расел за Принципите на математиката и согледувањата на Сартр за Патиштата на слободата, се само дел од владиниот капитален проект „Превод на добитници на Нобелова награда за литература“ што беше промовиран во НУБ „Св Климент Охридски“.

- Потврдувајќи дека сме зрела нација и култура која знае да ги почитува вистинските вредности, решивме на македонската читателска публика да и го доближиме највредното од светската литература, да и овозможиме извонредна културна интеракција на Македонија со другите земји. Со овој проект оставаме непроценливо книжевно богатство за сите идни генерации, одличен пример кој во иднина треба да се следи и доследно да се надгради, рече премиерот Никола Груевски на промоцијата.

vozdvizenie.jpg

Според него, Македонија во овие неколку години направи револуционерен исчекор во надградувањето на сопствената клултурна ризница. Владата директно, недвосмислено инвестира во културата и образованието.

- Република Македонија како источник на словенската писменост и земја во која книгата и пишаниот збор отсекогаш имале „тежина на еден живот“, има цивилизациска обврска да опстојува во семејството на народите кои со достојна почит ги потврдуваат светските книжевни вредности и нивниот придонес во општиот цивилизациски развој на човештвото, рече министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска.

Таа нагласи дека со едицијата „130 тома македонска книжевност“, 22-те стручни и научни книги испечатени на македонски јазик, а од денеска и со „Преводот на нобеловците“, Владата ги стимулира сегашните и идните генерации за создавање нови вредности што ќе бидат дел и сопственост на современа Европа.

Претседателот на Друштвото на пистели на Македонија Раде Силјан рече дека проектот „Нобеловци“ може да се означи како триумф на македонската преведувачка дејност и на македонскиот јазик.

- Оваа колекција книги, по проектот „130 тома македонска книжевност“, е исчекор во организираното афирмирање на високите литературни вредности и без сомнение е најзначеан преведувачки зафат по т.н. зелена библиотека реализирана во 70-тите години на минатиот век, кога здружените македонски издавачи приопштија на македонски јазик 320 дела од светската класика, посочи Силјан.

Претседателот на МАНУ Георги Старделов потенцира дека денеска не се промовираше едиција, туку библиотека на свтетската книжевност. Ова што го издаваме денес, рече, е инвестиција не само за денешните, туку и за идните поколенија.

- Објавувањето на оваа едиција не упатува на нешто што е од суштинско значење. На македонски јазик се приопштени дела од сите континенти, застапени се писатели од Азија, Јужна и Северна Америка, Австралија, Африка. Оваа едиција е всушност биографија на духот на 20-от век, истакна Старделов и порача дека треба да се инвестира во духот, културата, науката зашто единствено тоа е вечно.

Во март, лани, беа промовирани првите 10 тома од едицијата „Превод на добитници на Нобелова награда за литература“. До крајот на идната година е предвидено да бидат објавни и останатите 13. За сите, како што рече министерката Канческа - Милевска, се уредно регулирани авторските права.

Премиерот Груевски најави уште еден проект „Ѕвезди на светската книжевност“ во чии рамки ќе бидат преведени околу 500 книги. Јавниот оглас за превод и печатење на планираните пет тома ќе биде објавен најдоцна идниот месец.

- Заедно со овие 500 книги, 99-те преводи на нобеловците и 1.050-те стручни и научни книги и со англискиот превод на 130-те тома македонска книжевност, практично за четири години ќе имаме преведено и испечатено околу два милиона книги. Тоа е сериозен пристап кој случајно се совпаѓа со бројот на жителите во државата, истакна Груевски.

На денешната промоција во НУБ „Св Климент Охридски“ присуствуваа архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, академици, пратеници во македонското Собрание, амбасадори, ректори.

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

мч/ва/17:33

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1862
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 2183
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 2054
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

14/07/2024 - недела

Св. бесребреници Козма и Дамјан; Преп. патрициј Петар; Св. маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная