логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 9 октомври (МИА) - Петре М. Андреевски ќе биде запишан во историјата на овој народ како еден од неговите најголеми духовни архитекти. Една година од неговото физичко заминување, сведоци сме дека ниту една буква од неговото восхитувачко книжевно наследство не изгуби од својот сјај и од својата актулност и почитуваност. Напротив, истите зборови во неговите дела стануваат уште посилни и попрочитани.

Тоа денеска го истакна претседателот Бранко Црвенковски кој го одликуваше постхумно академик Петре М. Андреевски - творецот кој остави врвни остварувања во поезијата, романот, расказот и драмата. Орденот за заслуги за Македонија Црвенковски и го врачи на сопругата на писателот, Загорка, која во име на семејството се заблагодари за високото признание.

- Петре М. Андреевски беше волшебник со зборовите. Неговата верба во историските корени на македонскиот јазик беа оние одгласи од минатото кои денес ги имаме во неговата поезија и проза. Тие се израз на неговата воодушевеност од големината на јазикот. Неговите се дела се вистински јазични мозаици, во кои авторовата вештина на редоследот на зборовите се неговото волшепство, кое не минува покрај нас како ѕвезда во залез, туку како светлина-патоказ која станува се посилна. Можеби затоа неговите зборови секогаш звучат толку познато, но сепак секогаш кажуваат нешто ново, рече претседателот на државата.

Според академик Героги Старделов, Андреевски во својата литература ја создал најсеопфатната метафора за Македонија и за нејзиниот народ. - Таа метафора се вика Пиреј, тревата што колку и да ја корнеш, никогаш не ќе ја докорнеш и уништиш, зашто ништо не ја ништи таа трева. Со тоа, таа метафора, го преобрази и преосмисли трагизмот на овој народ во негов херојски чин... Неговите романи и неговите песни како да бдееја над Македонија и над сонот за неа. Брзаше да ја досони во својата литература, свесен, како што ќе станеме свесни сите еден ден, дека неа, во нејзиниот историски сеопфат, ја има само во литературата, толку историски неодминливо е сочуван во неа нејзиниот национален и естетски легитимитет, рече Старделов.

Свечената церемонија на врачување на Орденот беше збогатена со извадоци од творештвото на Петре М. Андреевски, прочитани од актерот Никола Ристановски.

Андреевски почина лани на 25 септември, на 72 години. Роден е во 1934 година во демирхисарското село Слоештица. Работел како уредник во Македонската телевизија и во списанието „Разгледи". Членуваше во Македонската академија на науките и уметностите, во Македонскиот ПЕН-центар и во Друштвото на писателите на Македонија.

Во неговиот обемен поетски опус се стихозбирките „Јазли" (1960), „И на небо и на земја" (1962), „Дениција" (1968), „Дални наковални" (1971), „Пофалби и поплаки" (1975), „Вечна куќа" (1987) и „Лакримариј" (1999). Автор е на книгите раскази „Седмиот ден“ (1964), „Неверни години" (1974) и „Сите лица на смртта" (1994), на романите „Пиреј" (1980), „Скакулци" (1983), „Небеска Тимјановна" (1988), „Последните селани" (1987) и „Тунел" (2003), книгата „Драми" (1984), во која влегуваат „Време за пеење" и „Богунемили". Напишал и две збирки стихови за деца „Шарам барам" и „Касни порасни". Остана недовршен неговиот роман „Бежанци“.

Објавени се повеќе избори од неговиот книжевен опус, а во 1984 година му беа објавени избрани дела во пет тома. За романот „Последните селани“ беше македонски кандидат за книжевната награда „Балканика“. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавувани кај нас и во светот. Добитник е на наградите „11 Октомври", „Браќа Миладиновци" (двапати), „Рациново признание", „Стале Попов" (двапати) и на наградата „Книжевно жезло" на Друштвото на писателите на Македонија.

Претседателот Бранко Црвенковски досега со ордени ги одликуваше претседателите на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски (постхумно), Македонската православна црква, Филозофскиот факултет во Скопје, две бригади во составот на Армијата на Република Македонија, Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а им додели и медали на шестмина членови на странски академии на науки и уметности за афирмација на македонскиот јазик и култура во нивните земји. хс/дма/14:47

Посети: {moshits} 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1253
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1576
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная