логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Кониковското евангелие потекнува од период кога првпат во писмена форма се појавува она што денес е стандарден македонски јазик

Невена Поповска

 

Охрид - Кониковското евангелие кое вчера беше претставено пред славистите на 14. Меѓународен славистички конгрес е најстариот запис на македонски јазик, постар и од Лексикон тетраглосон на Данаил од Москополе, кој датира од 1802 година. Текстот е напишан на егејски дијалект, поточно на воденско-ениџевардарскиот народен говор, со грчко писмо и е прв обид за популаризација на македонскиот народен јазик и отфрлање на црковнословенскиот јазик.

„Изданието го објави Финската академија на науки и уметности во Хелсинки со помош на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ под мое водство“, вели професор Људмил Спасов, кој притоа додаде дека македонското министерство не пројавило интерес за финансирање на ова капитално дело. „Евангелието го пронајде истражувачки тим од Финска во Александриската библиотека и тоа претставува најстарото евангелие на народен македонски јазик печатено во 1852 година во Солун“, продолжи Спасов. Славистите велат дека Кониковското евангелие е напишано на народен македонски јазик и е најстар запис на долновардарскиот или егејскиот дијалект на Македонците кои живееле и живеат во Грција.

Според Виктор Фридман, кој го претстави делото „Знаењето за развојот на македонскиот јазик и идентитет во доцниот 18 и раниот 19 век“, Кониковското евангелие потекнува од период кога прв пат се појавува во писмена форма она што денеска е стандарден македонски јазик. „Дијалектот на Кониковското евангелие е од извонредно значење зашто доаѓа од регион кој по балканските војни и' припаднал на Грција и каде што потоа се населуваат бегалци кои зборуваат грчки или турски јазик. Истовремено, во овој регион се воделе најжестоките војни што резултираа со заминување на илјадници Македонци по 1948 година, така што на овој дијалект денеска зборуваат многу мал број луѓе“, вели професор Фридман.

Значењето на ова дело е огромно, бидејќи евангелието напишано на македонски јазик претставува очигледен отпор спрема грчката политика. „Кониковското евангелие е најраниот текст во кој се употребува колоквијалниот македонски јазик како пишан јазик. И додека авторот прв пат пишува на македонски јазик, Павел Бозигропски во своите исправки се обидува да го нормира тој јазик. Грчкото противење на Македонците во Грција продолжува од тоа време до денеска и покрај печатењето на Абецедарот во 1925 година во Солун, наменет како буквар за Македонците од Северна Грција“, продолжува Фридман.

Во рамките на конгресната програма, вчера се одржаа неколку секции за лингвистика, за литература, за култура, за фолклор, а беа одржани и тркалезни маси на тема: „Словенскиот свет и Европа“, „Местото на словенските јазици и состојбата на славистиката во светот“ и „Универзитетите и иднината на славистиката“. Покрај промоцијата на Кониковското евангелие, беа претставени и „Зборникот на Третиот меѓународен конгрес на славистите“, „Тајните на гробот на св. Методиј“ и „Црковнословенски превод на беседите на Гргур Велики“.

17.09.2008 г.

Конгресот во Охрид ја реафирмира славистиката

Големиот број учесници на конгресот - потврда за интересот, значењето и местото на славистичката наука

Невена Поповска

Славистичкиот конгрес во Охрид, кој завчера свечено беше затворен со огномет и настап на етногрупата „Баклава“ и културно-уметничко друштво од Охрид, кое се претстави со традиционални ора и песни, остави големи и значајни впечатоци и кај учесниците кои веќе престојувале во Македонија, но секако многу повеќе кај оние што првпат се сретнаа со Охрид и Македонија. Тој секако ќе остане запаметен по втемелувањето на основните идеи на словенството и создавање на новиот идентитет на славистичката наука.

Рускиот славист Александр Молдован вели дека за него претставува голем предизвик што е учесник на славистичкиот конгрес во Охрид, особено затоа што Охрид, вели, е избран за домаќин на конгресот, затоа што тој е лулката на словенството“. „Сметам, дека овој конгрес е многу важен за унапредување на славистиката како наука, наспроти тенденциите, кои беа се' посилни во изминатиов период, за нејзино згаснување како наука“, вели Молдован.

Виктор Фридман смета дека „овој светски конгрес на славистиката има големо значење за Македонија и македонистиката, затоа што се одржува првпат во Република Македонија како независна држава и пред се' словенска земја. „Јас го гледам тоа како голем поттик за македонистиката и славистиката“, истакна Фридман и ја потенцира големината на Кониковското евангелие кое беше претставено на Конгресот: „Во него има текст на грчки и на македонски јазик. И не само тоа, туку јасно се гледа дека било употребувано, на неговите страници се' уште има восок од црковни свеќи“.

Според Трајко Стаматоски, „секој конгрес донесува нешто ново, па така и овој во Охрид. Секои пет години се појавуваат новини во славистиката и славистичката наука, но има и такви прашања кои постојано се тема на славистите. На пример, на секој конгрес се поставува прашањето што се' спаѓа во славистиката. Уште на првиот конгрес беше поставено тоа прашање и до денеска таа е многу проширена. Конгресот ја реафирмираше славистиката“.

Одржувањето на конгресот беше можност и голем број слависти кои никогаш не ја посетиле Македонија поблиску да се запознаат со нејзината култура и историја. Токму Рина Усикова од Русија потврди дека голем број слависти никогаш не биле во Македонија и сега имаат можност да се запознаат и со Охрид и со македонскиот јазик. „Македонистиката е напредната во светот и драго ми е што овие научници кои дојдоа во Охрид уште повеќе ќе придонесат за нејзиниот развој“.

Големиот број учесници на конгресот беше уште една потврда за интересот, значењето и местото на славистичката наука. Иван Доровски, македонист во Чешка, оцени: „Овој конгрес за македонската литература, наука и култура, според мене е значаен од повеќе аспекти и тоа: прв пат се одржува во самостојна Република Македонија и македонските специјалисти ќе имаат можност да се запознаат со најголемите достигнувања од светската славистичка наука“.

Дека славистиката и македонистиката се интересни на секоја точка од земјината топка потврди и присуството на Кристина Крамер од Канада, која течно зборува македонски јазик. За неа „македонистиката има многу интересна улога во контекст на славистиката. Македонскиот јазик има не само долга историја туку и нова и свежа историја, така што дава простор за изучување на средновековни текстови, но и за понова литература“. Уште еден интересен пример е Јуми Накаџима, која како припадник на источната култура вели дека „е мошне заинтересирана за изучување на славистиката, особено македонскиот јазик, бидејќи преку него не само што се учи литература, туку и историја. За мене, вели Накаџима, е посебно доживување што токму на овој конгрес со сите присутни можам да комуницирам директно на македонски јазик.

За Кшиштоф Вроцлавски од Полска, „одржувањето на Конгресот во Охрид е голем настан за славистите, особено за македонистите, бидејќи тоа е иднината за сите нас. Ова ме врати на почетокот на мојата кариера, кога работев како лектор на Универзитетот ’Св. Кирил и Методиј‘ и собирав народни приказни од Пештани од околината на Охрид“.

Претседателот на Организацискиот одбор на Славистичкиот конгрес, Милан Ѓурчинов, на крајот од неговото 14. издание, со свој заклучок за придобивките од овој значаен настан: „Напредокот на славистичката наука, враќањето на довербата во славистите, па и во словенството и во нивната култура, тоа се се придобивките од Конгресот. Треба да градиме нова доверба кон славистите. Сакам да остваруваме една нова славистика, славистика на 21 век. Секако, темелејќи се на старите, но промислувајќи го современиот миг“.
 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2148
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2663
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

26/01/2025 - недела

Св. маченици Ермил и Стратоник; Св. Јаков, епископ Нисибиски; Преп. Максим Капсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная