логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 9 јули (МИА) - Првиот Дигитален архив на македонски јазик е промовиран денеска во Македонската академија на науките и уметностите. Проектот е одобрен од Владата на Република Македонија во рамките на манифестацијата „Година на македонскиот јазик“.

- Многу е важно ако ние се грижиме за македонскиот јазик, за неговата чистота, правилна употреба и вистинско значење. Се надевам дека постепено овој Дигитален архив ќе се збогатува, ќе се зголемува неговата опфатност и ќе се подобрува неговиот технички квалитет, рече на денешната промоција потпретседателот на МАНУ академик Бојан Шоптрајанов.

Претседателот на Програмско-организацискиот одбор на манифестацијата „Година на македонскиот јазик“, Љиљана Поповска истакна дека значајно во овој проект е што на електронски начин ќе бидат претставени најзначајните текстови на македонски јазик.

- Секој ќе може да види да пребарува, да дознае, да цитира делови од македонскиот јазик, од македонските текстови. Значајно е и тоа што првпат во електронска верзија ќе бидат претставени говорите од Солунско од пред 80 години. Автентични говорители од Солунско од денешна северна Грција ќе бидат претставени на Интернет. Подобра аргументација за длабочината на македонските корени, за автентичноста на македонскиот идентитет мислам дека не можеме да пронајдеме, појасни Поповска.

Ова, рече таа, ќе биде вовед во многу идни истражувања на многу вљубеници во македонскиот јазик и негови почитувачи и на многу идни пријатели на Македонија кои ќе можат да научат повеќе за нас и за нашиот идентитет преку овој материјал.

- Мислам дека на Македонија ќе и биде потребна декада на македонскиот јазик за да можеме да ги заокружиме сите оние значајни работи кои една нација ја прават нација со свој столб, со свој стожер и нација која ќе биде вековита, додаде Поповска.

Координаторот на проектот проф. д-р Марјан Марковиќ рече дека со овој проект на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика и со манифестацијата ќе се придонесе овие книги во дигитална форма да бидат достапни до целиот свет.

Според него, сите оние кои сакаат да се занимаваат со македонскиот јазик и да дознаат повеќе за него и за работите кои се случувале на почетокот на 20 век ќе можат слободно да ги симнат од Интернет и да ги испечатат.

- Ова се најголемите аргументи не само за постоењето и самобитноста на македонскиот јазик, туку и за историјата на македонскиот јазик бидејќи се работи за странски научници кои пред 70,80 години имале неверојатно голем интерес за македонските говори од јужните делови - тоа се работи за Егејска Македонија, конкретно за Солунскиот регион и за регионот околу Корча во Албанија, рече Марковиќ.

Уште неколку книги, посочи тој, сметавме дека ќе придонесат за афирмација на македонскиот јазик, а тие се „Македонски студии“ на Ватрослав Облак од крајот на 19 век, „Абецедарот“ издаден 925 во Атина, а од периодот по Втората светска војна имаме „Првата македонска граматика“ од Круме Кепески од 1946 година, „Првиот македонски правопис“ од Блаже Конески и Крум Тошев од 1950 година и „Првата македонска граматика на англиски јазик“ од 1952 година.

- Овие книги кои ќе станат достапни не само до научниците туку до целиот свет ќе придонесат не само за зголемен интерес за проучување на македонскиот јазик, туку и за негова афирмација, додаде Марковиќ. рп/паг/13:05

 

Ваквиот потфат во годината на светските јазици во која е вклучен и македонскиот, е уште една потврда дека од овој момент па натаму светот ќе го има нашето писмо на дланка, рече на вчерашната промоција на Архивот, потпретседателот на МАНУ, Бојан Шоптрајанов


- Со "Дигиталниот архив на македонскиот јазик" се отвора нова страница на македонската историја, литература и култура кон светот. Ваквиот потфат во годината на светските јазици во која е вклучен и македонскиот, е уште една потврда дека од овој момент па натаму светот ќе го има нашето писмо на дланка. Ваквиот потфат е и чекор потаму во искоренувањето на нелогичностите и странцизмите во македонскиот јазик за кои имаме соодветни зборови, на пр. зошто дефинитивно, кога го имаме несомнено; зошто имплементација, кога имаме примена..., рече на промотивното отворање на проектот поддржан од МАНУ или поточно Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ), потпретседателот на нашата највисока институција, Бојан Шоптрајанов.

Лилјана Поповска, претседател на организацискиот одбор на манифестацијата "Година на македонскиот јазик", рече дека најважно од се е дека секој ќе може најдиректно и најдостапно да види се што го интересира.

Според Марјан Марковиќ, координатор на проектот, сите оние кои сакаат да се занимаваат со македонскиот јазик и да дознаат повеќе за него и за работите кои се случувале на почетокот на 20 век ќе можат слободно да ги симнат од интернет и да ги испечатат.
- Ова се најголемите аргументи не само за постоењето и самобитноста на македонскиот јазик, туку и за неговата историја, бидејќи се работи за странски научници кои пред 70 - 80 години имале неверојатно голем интерес за македонските говори од јужните делови... додаде Марковиќ.

Во Архивот засега се внесени книги како што се: "Македонски студии" на Ватрослав Облак од крајот на 19 век, "За Македонцките работи" на Крсте Петков Мисирков, "Абецедарот" издаден 1925 во Атина, а од периодот по Втората светска војна имаме "Првата македонска граматика" од Круме Кепески од 1946 година, "Првиот македонски правопис" од Блаже Конески и Крум Тошев од 1950 година и "Првата македонска граматика на англиски јазик" од 1952 година...

Веб страницата на Архивот е http://damj.manu.edu.mk.

Извор: Вечер

Посети:{moshits}



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци
Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 1415
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2929
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3057
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1800
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

« »

Најново од култура

Православен календар

 

09/08/2026 - недела

Пренос на моштите на св. Климент Охридски; Св. Климент, архиепископ Охридски; Светиот великомаченик Пантелејмон; Св. Седмочисленици; Блажениот Николај; Преп. Антуса; Сто педесет и тројца маченици, потопени во море во Тракија.;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная